Автор Тема: Предлог за нова кола до 12-13.000 евра, Citroen C3, Renault Clio или нешто трето  (Прочитано 23153 пати)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Друшто да помогнеме на една моја пријателка околу избор на нова кола, во проектираниот буџет од 12-13.000 евра.
Да напоменам дека колата ќе се зима на кредит, преку потрошувачки кредит од банка (ако е битно за приказнава).
Колата да биде бензинец, која ќе се става на плин, значи мотор што ќе трпи плин.
Прв пик на пријателката е Citroen C3 Cactus Puretech so 82 ks (претпоставувам нема турбо), има промо акција и за 12.000 евра го добива со Feel ниво на опрема, плус некои додатоци (паркинг сензори и сл).
Денеска нешто погледав и и предложив да го види Клиото (1,2 16 v) што е на акција 9.999 евра (мислам деак е модел на залез затоа што има понуда за „новото Клио) и каде со доплата од 1.500 евра се добива доста добро опремен автомобил, слично на нивото на опрема на Цитроенот.
Што мислите помеѓу овие два модели и што би можело да биде трета, четврта итн опција?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Веројатно ова е најдобрата понуда во моментов за тие пари.

http://www.toyota.com.mk/promocija/kari-si-yaris/

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43707
  • Il Moderatore
Ѕирнете fiat tipo што има да понуди...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Аааеееее ......  :) боље отвори си го срцето до крај препорачај алфа мито на старо наместо типово.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Ако веќе се одлучува за таа класа тогаш треба да се погледне Фиеста и Јарис.

Понатаму, наместо да се става плин, јас би рекол дека е убаво да се види Јарис Хибрид кој се движи продажна околу 15000 евра. Што ако е за градско возило е многу голем благодет за возење, ем 6 години гаранција и 200.000км. Пришто ќе се избегне ставањето на плинови на нова кола, и слични егзибиции. И со тоа што хибридот оди со највисока опрема.

E сега C3 Cactus не постои, веројатно е C3 што е исто така добра опција.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43707
  • Il Moderatore
Ц3 еркрос или како и да се викаше тоа со облаци суспензија

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Ц3 еркрос или како и да се викаше тоа со облаци суспензија
Која иронија е што не е со таа суспензија. Само така се вика.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Свифт Хибрид.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1719
Ако не мора таа класа... И ако не мора 82 коња, пошо ова е со 140. И ако не мора со пластични раткапни, пошо ова е со 17 инчни алу фелни. 290 еу над буџет.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
@Bravo - Јас би се задржал на класата во која бараат автомобил. Одлично си е избрана големината, сигурно и со причина.

--

@Filip MK - Citroen C3 е едно од најкул колите во таа класа, плус супер-комотно е. Јас би го заобиколил Aircross-от и би отишол директ на обичниот C3. И субјективно, би избрал C3 пред C4 Cactus.

Нејсе, имаме тестови на сите тие возила:

- Citroen C3 - https://www.carclub.mk/2017/02/03/test-citroen-c3-1-6-bluehdi-75-shine-tres-chic/
- Citroen C3 Aircross - https://www.carclub.mk/2018/01/05/test-citroen-c3-aircross-1-6-bluehdi-100-feel-bidejki-zosto-da-ne/
- Citroen C4 Cactus - https://www.carclub.mk/2018/05/30/test-citroen-c4-cactus-1-2-puretech-110-feel-komforot-e-navistina-kul/

Новото Clio треба деновиве да пристигне и кај нас. За цената стварно немам информации. Евентуално да се види нешто што е од старото останато на лагер, па да се добие добра цена.

Јас би препорачал да се ѕирне и Fiesta (тест на основната Fiesta Trend имаме тука), сигурен сум дека на лице место во салон ќе се добие добра понуда. Ѕирнете и Yaris Hybrid, како што спомна Дени, ако влегува во буџет.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
Како што рече @Bravo , ако не е проблем големината на возилото, Астрата е далеку подобар избор од сите предложени до сега

Присутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3901
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Ја би Swift.

Sent from my Redmi Note 7


Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Ја би Фиат 500 ако не и пречи дека е малце помало од Клиото и Ц3.

Меѓу Клио и Ц3 би избрал Ц3.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
+1 за Свифт Хибрид 1.0. Презадоволен сум. Малку е над нејзиниот буџет, ама вреди за сите пари. Само да внимава со Миркат Скопје, да си бара све на писмено што ќе се исценка.

Ако сака, може и да ја повозам едно кругче :P

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Ако е добра пријателката сите ќе сакаат да ја провозат ;D

Да не бегаме од темата ве молам! :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.