Ги разбирам генерално термините, и знам да споредам со фабрички вредности и дозволени толеранции.
Како и да е, за твојата кола не можам да ти кажам, има коли што јадат гуми (ради тежина, ради поагресивна фабричка геометрија, амортизација итн итн), има коли што не јадат гуми дури и да се надвор од толеранции.
Кај тебе секако постои шанса таа задна гума да ти ја троши повеќе од внатрешна страна, па само памти да ги ротираш секоја сезона ако ептен нејќеш да погледнеш дали има некои омекнати чаури.
Едит: гледам и напред имаш негативен нагиб надвор од толеранции на лево тркало, претпоставувам делови менуваше на десното кое си е скоро на центар