Време беше и по некој дефект да се случи. Пред неколку недели светеше лампата за воздушното перниче си викам шо и е на колава од никаде почна да свети. Проверувам под седиште џекчето да не е откачено го вадам го ставам назад пак ништо. Пребарувам на интернет што може да е проблемот и ми искача демек може да е clockspring, појма неам како е на македонски. Тоа ти е како округло апаратче позади воланот кој што дава струја на команди на волан, свирката и исто така за воздушното перниче. Некогаш може да се заебе односно кабелот да се искине при вртење поради икс причини. Си викам ОК е ако е тоа ондак и свирката нема да работи и така испадна. Стискај стискај нема свиркаааа
Барајќи по интернет најдов доста половни и на крај земав од австрија на ибеј за 30тина евра со се испорака ме фати 40тина евра. Багатела шо се вика. Во официјален сервис, 6 пати поскап е делот.
После изгледани стотици видеа проблемот беше како да се извади воздушното перниче пошто позади воланот има два метални држачи кои што многу тешко се вадат. После саат време кинење живци конечно успеав да го извадам средишниот дел и после тоа внимателно го вадиме жолтото џекче од воздушното перниче.
После ова е многу лесно за работа само еден штраф го држи воланот.
Еве го заебаниот дел ака clockspring. Во меѓувреме ќе забележите пластиките мора да се извадат и тука се троши најмногу време, живци и пцуење све по список.
Жиците искинати лом
Стариот дел вс половниот, потполно идентични додуша овој половниов беше и понов 1 година
Многу е заебано да се вадат тоа пластиките позади воланот треба нерви, и полека натенане. За враќање на пластиките беше уште потешко али некако на крај успеав.
После дојде моментот на вистината. Го враќам назад централниот дел со воздушното перниче, давам контакт и си викам ако не работи свирката сега, ја палам колава со бензин. Многу нерви ми отидоа и пцуење поради ебаните пластики. Свирката проработе! Си викам фала курцу. Поврзувам со ОБД адаптерот грешката ја избришав и нормално не се врати.
Среќен крај, ебаната лампа не свети.