Неврзано со предзасилувачот, додека прегледував лагер за истиот по сајтовите, се потсетив на друго нешто.
Имено, пред неколку години излезе на пазар делукс бокс сет на Бијело Дугме, ремастериран во Abbey Road. Настрана музички вкусови, некому се допаѓа, некому не, комплетот е навистина импресивен:
1. Сите 9 студиски албуми;
2. Сингл;
3. Монографија со тврд повез, 150+ страни;
4. Папка со копии на документи од оригиналните снимки направени низ годините (студиски листи, фактури итн).
Го испуштив пред неколку години, и почнав да следам Дискогс. Има неколку на понуда (запечатени) но сите се 200+ евра + транспорт. Го има и во Алфа Аудио, таму е 245 евра. ОК, очекувано.
Но, го има (во неколку копии) и во Авалон Ticket/Record Store. По цена од 8,590.00 денари, на која може да одобрат 10% попуст деновиве мислам.
Ако некого интересира, дури и да не е фан на бендот, вредноста на боксот е навистина извонредна. По цената од Авалон, секако.