Поттикнат од ова, мал rant.
За жал, оживувањето на винилот во последно време се гледа само како get rich quick момент, и се огласуваат плочи кои не би ги користел ни за потпала, обележани како Near Mint.
Најголем дел од тие плочи дремеле по подруми, со што мирисот на влага навлечен во картонските обвивки никогаш нема да се елиминира. Да не речам дека можат да предизвикаат здравствен проблем (во најмала рака алергиска реакција) поради вгнездените спори на мувла и во обвивките и во винилот.
Дополнително, таквите плочи никогаш немаат видено никаков оддржување на истите. Македонските "дилери" на плочи не се имуни од шалабајзерство, и ретко кој од нив (*) има инвестирано во машина и процес за чистење. Било кој дилер на плочи од странство назначува (1) по која скала оценува, (2) како и кога се исчистени плочите (задолжително пред продажба) и (3) која периферија ја испорачува (внатрешни/надворешни кеси).
(*) Знам само за еден, да бидам фер.
Кај нас? Ќе бидеш среќен ако не ти ја измеша плочата со омот од друга. Ретки се луѓето што се искрени и вистински ги вреднуваат (и најчесто ги подвреднуваат) плочите.
</rant>