Фала дечки, и јас прв пат кога видов на јутуб барајќи држачи за точакот се изненадив, дечкото го имаше монтирано на исто ваково купе, иста боја но C63ка.Тој држач е од Seasucker брендот што се доста скапи од $300+, а овој јас што го имам е доста поефтин,сигурно некоја кинеска копија RockBros но врши работа.
Значи држачот работи на принцип вакум, го ставаш на колата без разлика дали е стакло или метална површина и има мали вентили како копчиња и така се пумпа се додека не се прицврсти како што треба, потоа ставаш точакот ја осигураш предната вилушка со помош на металната осовина од точакот и позади се држи само на лепенка. Прв пат кога го користев бев доста уплашен да не испадне и да направи штета на некој друг, но е доста стабилен, највеќе сто имаам возено со него е на брзина од 160кмч, но е препорачливо некоја нормална брзина до 120кмч.
Добра ствар, одлично работи и доста лесна за употреба