Автор Тема: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)  (Прочитано 16375 пати)

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #60 на: 06 Јуни 2019, 20:32:39 pm »
Одлична кола да те служи долго! 
Инаку како информација истава кола у америка се продава ко Buick Regal Sportback. И за околу 20-21,000 иде со 2.0т мотор. а веке за 35,000 се зема Regal GS .В6 мотор со 310 коњи и AWD. https://www.cars.com/vehicledetail/detail/766868652/overview/

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #61 на: 06 Јуни 2019, 20:34:04 pm »
Ново сие ново, создравје да се вози.  :) 8)


Отсутен Barca

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 42
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #62 на: 07 Јуни 2019, 09:16:00 am »
Зa 21k eur дефинитивно најдобар избор на кола
И јас бирам за сличен буџет и ми мати ум само Кашкаи за 22900 1.3 160кс


Sent from my SM-G935F using Tapatalk

Не сум фан на кросовери, ама моторот во кашкаито е лудница, моќен е и мала потрошувачка има. Јас гледав и мегане со истиот мотор (140 кс), ама не беше стигнат на тест.

Отсутен Barca

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 42
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #63 на: 07 Јуни 2019, 09:22:55 am »
Со здравје да се вози

Јас само би доплатил 500еур за моторот со 165кс




Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Ова сакав да го прашам сопственикот на возилото, дали го тестираше возилото со 165кс или она со 140кс - дали има некоја поголема разлика, од она што гледав и читав, се осеќа на повлекување ама едно е на интернет кога ќе прочиташ - друго е од сопствено искуство.

Го тестирав дизелот 1.6 136 кс. Бензин немаа на тест. А за појакиот мотор од 165 кс, ми побараа да земам повисоко ниво на опрема и тоа ја креваше цената над буџет. Исто и продавачот ме убедуваше дека појакиот мотор бил појак само на крајна брзина, иако според фабрички податоци појакиот мотор е 0.6 сек побрз до 100-ка. Фабрички вели 9.9 секунди до 100-ка за послабиот мотор.
Моторот може и да е брз, ама мора да носи според сообраќајна 1441 кг тешка кола (ова веројатно е тежина што вклучува 75 кг возач). Така да, Astra со истиот мотор (добро сличен, 1.4) сигурно ќе биде побрза.
Сепак, јас не важам за некој агресивен, брз и офанзивен шофер. За сега ми е таман моторот. Кога ќе возам на магистрален пат, каде се бара претекнување, ќе пишам подетално.

Уште една работа да пофалам - локацијата каде е мултимедија екранот. Точно таман. Ем е во видик, да не треба да се одалечува видикот од патот, ем не е како насаден таблет. На некој тоа ништо не му значи, мене ми е битно. :)
Верувам дека тоа ќе да е тежина без возач. Ама може и да грешам. А што се однесува на "крајна" и 0.9 секунди и тоа и тоа е "крајна" односно екстреми на колата кои не се користат често. По вртежниот момент Nm, и каде истиот се наоѓа можеш да видиш како се однесува возилото секојдневно. Односно колку Nm има на 2000-3000 вртежи каде нормално се користи огромен дел од времето.

Генерално, така е. Освен кога се престигнува и има потреба од повеќе моќ, па се гази до 4000, еве 4500 обртаи. И тоа во време од некои 5 до 7 секунди, што сигурно не е терет за моторот.
Инсигнијата има некој индикатор за брзини, и уште на 2000 обртаи сугерира за промена во поголема брзина, со идеја да се вози на некои 1600 до 1800 обртаи. Ова може да е за заштеда на потрошувачка. И за на рамно држи вода. Ама и мало угорниче да е, си бара да се нагази за да повлече накај 2500 до 3000 обртаи пред да се смени брзина. Индикаторот тука лаже :)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #64 на: 07 Јуни 2019, 10:11:11 am »
Модерните турбо бензинци имаат многу по еластично подрачје на експлоатација на моторот.

Турбото почнува да бутка воздух веќе од 1250 вртежи па се до 4500 (кај некои мотори со спринт мапа и подобро турбо полнач и до 5500).

Тоа значи дека возењето со 1800-2000 вртежи на темпомат е сосема нормално без никаков потрес за мотрот. Доколку има потреба од инстантно забрзување може дирекнто да се прешалта 2 степени подлу со менувчот, моторот ќе биде пак во турбо зона но со променет од на вентили, и ќе влече убер солидно. Ова е дури и препорачливо ако возилото има двомасен замаец.

Во западна Европа, постои генерално ограничување на автопатите од 130 километри на час, и најчесто пресметките на моторот и менувачот се направени, да при брзина од 130км/ч моторот да е во зона на 2300/2500 вртежи во највисокиот степен на пренос(плус минус, зависи од производител на возило, менувач...). Во тој опсег од 2500 вртежи моторот е спремен да испорача плус сила ако нагло се забрза без да се смени степен на пренос, за да може да се изведуваат претекнувања на возила на автопат.

Истовремено во највисокиот степен на пренос, може комотно да се круза со 100-120 километри на час (1900-2200) вртежи, затоа што турбото веќе одработува солидна работа и нема загуба на залет/брзина доколку одржуваш брзина на темпомат.

Ако преминуваш од турбо дизел мотор на турбо бензин мотор, потребно е да ја адаптираш техниката на возење, затоа што во опсегот каде што турбо дизелот е мртов, турбо бензинецот работи по вредно.

Кај тебе, на Инсигнијата на 4500 вртежи турбото веќе работи со "полна плуќа" и после тоа моторот влегува во режим на испорака на целосна сила се до 6000 вртежи, без да има некој бенефит од турбото. Тука веќе имаш "V-TEC" магија, која моторот ја ослободува со промена на одот и времето на отварање на вентили, и моторот работи во мод кој што е наменет за "газење".

Откако ќе ти помине периодот на разработување, слободно врти го моторот до пред црвена зона на обртометар пред да прешалташ во повисок степен. Тогаш ќе го осетиш турбо бензинецот како што треба и ќе видиш колку моторот влече.

Па пиши ги импресиите во темава.

:)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #65 на: 07 Јуни 2019, 12:10:23 pm »
Генерално, така е. Освен кога се престигнува и има потреба од повеќе моќ, па се гази до 4000, еве 4500 обртаи. И тоа во време од некои 5 до 7 секунди, што сигурно не е терет за моторот.
Инсигнијата има некој индикатор за брзини, и уште на 2000 обртаи сугерира за промена во поголема брзина, со идеја да се вози на некои 1600 до 1800 обртаи. Ова може да е за заштеда на потрошувачка. И за на рамно држи вода. Ама и мало угорниче да е, си бара да се нагази за да повлече накај 2500 до 3000 обртаи пред да се смени брзина. Индикаторот тука лаже :)

Би ти препорачал да не му веруваш секогаш на индикаторот, пошто алгоритмот на индикаторот никогаш не ги зема предвид реалните услови на патот, угорница/удолница, состојбата со сообраќајот итн... Јас одамна му се научив да не го есапам, а би сакал комплетно да го исклучам, ама чинам дека нема да ми дозволат :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Barca

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 42
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #66 на: 15 Јуни 2019, 21:35:05 pm »
Досега поминати 610 km, потрошувачка според борд компјутер 8.9
Возена е и низ град и на автопат. Сакам да го пофалам новиот автопат Миладиновци-Штип. Мазен асфалт, никакви вибрации, ниту дупки. Неоспоред факт дека е стварно европски автопат. И на него нема патарини, а кај Миладоновци плаќаш патарина и возиш према Скопје по автопат на кој средната лента е полоша од земјен пат. Како и да е.
Инсигнијата е многу тивка при брзини од околу 130  км/ч.
Се уште не ја газам повеќе од 3000 обртаи.
Имам да прашам две прашања:
1. Дали старт-стоп системот прави проблем на моторот?
2. Колку км да поминам, пред да почнам да ја газам посилно? Продавачот ми рече дека можам од старт да ја газам по повеќе, ама мене уште ми е страв да не оштетам нешто?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #67 на: 15 Јуни 2019, 21:54:39 pm »
Досега поминати 610 km, потрошувачка според борд компјутер 8.9
Возена е и низ град и на автопат. Сакам да го пофалам новиот автопат Миладиновци-Штип. Мазен асфалт, никакви вибрации, ниту дупки. Неоспоред факт дека е стварно европски автопат. И на него нема патарини, а кај Миладоновци плаќаш патарина и возиш према Скопје по автопат на кој средната лента е полоша од земјен пат. Како и да е.
Инсигнијата е многу тивка при брзини од околу 130  км/ч.
Се уште не ја газам повеќе од 3000 обртаи.
Имам да прашам две прашања:
1. Дали старт-стоп системот прави проблем на моторот?
2. Колку км да поминам, пред да почнам да ја газам посилно? Продавачот ми рече дека можам од старт да ја газам по повеќе, ама мене уште ми е страв да не оштетам нешто?

Старт-стоп системот не прави проблем на моторот освен што го амортизира стартерот, ама пак тој е предвиден за тоа, колку е доверлив тоа тешко кој може да ти каже. Гледај само кога имаш тргни/застани ситуации, не му дозволувај да се гаси.
2. И тоа е дискутабилно, зависи во какви услови се вози. Кај мене на Ecoboost вели во првите 1600км да не се гази. Јас не планирам да го газам до првиот сервис. Прочитав некаде дена првото масло што го ставаат во фабрика е специјално масло, и навистина има некаква чудна боја, како дреџ зеленкаста наместо нормална боја на масло. Ова масло помагало моторот да се разработи подобро.

Отсутен velkov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 637
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #68 на: 16 Јуни 2019, 02:02:29 am »
Сакам да го пофалам новиот автопат Миладиновци-Штип. Мазен асфалт, никакви вибрации, ниту дупки. Неоспоред факт дека е стварно европски автопат.

Ова ти е за пофалба колата. Патот има вибрации (бразди) и е 2 класи подолу од демир капија - смоквица.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #69 на: 17 Јуни 2019, 00:20:18 am »
Сакам да го пофалам новиот автопат Миладиновци-Штип. Мазен асфалт, никакви вибрации, ниту дупки. Неоспоред факт дека е стварно европски автопат.

Ова ти е за пофалба колата. Патот има вибрации (бразди) и е 2 класи подолу од демир капија - смоквица.
Патот е полош од магистралниот штип - велес

Отсутен Barca

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 42
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #70 на: 08 Јули 2019, 21:31:41 pm »
Да напишам збор, два за потрошувачката. До сега поминати 1500 км, просечна потрошувачка е 8.9 л. Сите мерења се според борд компјутер. Немам измерено дали (за колку) лажи. Се погоди да првите 1200 км полнев бензин 95-ка од Макпетрол, после тоа е со бензин 95-ка од Лукоил. Климата цело време работи.
Во град, за релации дома-работа и обратно, по некои 8 км во правец, во период на гужва (8:15 сабајле, 17:00 поручек), потрошувачката еод 11 до 12 литри. Во недела попладне, истата релација кога нема гужва е околу 8.5 л.
На отворено, релација од Скопје до Црна Река, во услови на невреме, товарена со 3 возрасни патници, дете со седиште и целосно полн багажник, покажа 6.2 л. Релација Црна Река до Лукоил Прилеп, сув коловоз, исто товарена покажа нешто над 8 л. Од Лукоил Прилеп до Битола, сув коловоз, исто товарена покажа 5.3 л.
Релација Битола до Крани, товарена со 4 возрасни патници и целосно полн багажник покажа 7.6 л. Истата релација назад, товарена со 2 возрасни патници и празен багажник покажа 6.4 л.
Релација Битола до Скопје, товарена со 2 возрасни патници и дете со седиште и половина полн багажник покажа 6.1 л.
Стил на возење - нормален, ниту споро, ниту со многу стискање на гаста.

Отсутен Barca

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 42
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #71 на: 26 Септември 2019, 08:27:31 am »
Еве линк до блог кој го напишавме за одморот годинава:
https://firsttimeonkrk.wordpress.com
Има и збор, два за колата.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #72 на: 26 Септември 2019, 08:43:21 am »
Во блогот си напшал здраво педери! (hey Блокирано), веројатно си мислел guys :)

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1641
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #73 на: 26 Септември 2019, 08:53:06 am »
Еве линк до блог кој го напишавме за одморот годинава:
https://firsttimeonkrk.wordpress.com
Има и збор, два за колата.
Браво браво браво! Супер блог, супер рута!
Во блогот си напшал здраво педери! (hey Блокирано), веројатно си мислел guys :)
Може мислел на нас од форумот :)

Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Отсутен Barca

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 42
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #74 на: 26 Септември 2019, 08:56:24 am »
Еве линк до блог кој го напишавме за одморот годинава:
https://firsttimeonkrk.wordpress.com
Има и збор, два за колата.
Браво браво браво! Супер блог, супер рута!
Во блогот си напшал здраво педери! (hey Блокирано), веројатно си мислел guys :)
Може мислел на нас од форумот :)

Sent from my SM-G935F using Tapatalk

Модерни времиња дојдоа, треба да следиме трендови :)
Ненамерна грешка, фала на забелешка, ќе биде корегирано.