Автор Тема: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)  (Прочитано 16355 пати)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #30 на: 06 Јуни 2019, 07:19:44 am »
Одлично возило, со здравје да се вози!

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #31 на: 06 Јуни 2019, 07:48:48 am »

Штета што се халогенки предните светла, неубаво личат белите дневни со жолтите халогенки :(

Се ставаат убави Nightbreaker, меѓутоа јас бев во Опел за истава Инсигнија само со нешто повеќе опрема па дури ни таму не следува Intellilux светлата - само по нарачка каде што коштаат тотал = 1800 EUR само светлата како опрема.

Ја стварно не ги разбирам некогаш Опел, значи никој не им бара state of the art светла, обичен квалитетен ксенон нека стават, ама не.

Не дека не се преживува без ксенон, особено ако не возиш навечер многу нема ни потреба за трошокот од 1800 еур.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #32 на: 06 Јуни 2019, 08:59:11 am »

Штета што се халогенки предните светла, неубаво личат белите дневни со жолтите халогенки :(

Се ставаат убави Nightbreaker, меѓутоа јас бев во Опел за истава Инсигнија само со нешто повеќе опрема па дури ни таму не следува Intellilux светлата - само по нарачка каде што коштаат тотал = 1800 EUR само светлата како опрема.

Ја стварно не ги разбирам некогаш Опел, значи никој не им бара state of the art светла, обичен квалитетен ксенон нека стават, ама не.

Не дека не се преживува без ксенон, особено ако не возиш навечер многу нема ни потреба за трошокот од 1800 еур.
Само проектор е доволно, потоа се става ксенон. А ако веќе се запнале за рефлектор, барем нека се ЛЕД светлата, и онака доплатата ќе е 300еур. Немора да се интелигентни и матрикс и ласер. Позиција, средни и долги. Толку.

Ама мора основните да ги направат најефтини можни, ем за да те натераат да ги земеш поскапите, ем за да можеш да бркаш цени.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #33 на: 06 Јуни 2019, 09:33:48 am »
Честитки за новата кола. Да се знае чисто онака, у случај на не дај боже, 2фара од тие што ти ги препорачуваат ќе бидат над 5000еур, без монтажа калибрација итн итн. Моите се 400000ден, не гледам зошто и твоите не би биле.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #34 на: 06 Јуни 2019, 09:43:00 am »
Во случај да те удрат/удриш - за такво не дај боже или ? :)
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #35 на: 06 Јуни 2019, 09:47:14 am »
Честитки, многу убава кола си земал.

За муабетот погоре за фаровите, баш поради лед или ксенон светла, кој страдаат и при најмал удар, каско осигурување треба да е задолжително за тие возила.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #36 на: 06 Јуни 2019, 10:16:36 am »
Честито нова кола.

Баш поради такви фарови и сензори многу коли на запад и при мал судар ги прогласуваат за тоталка.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #37 на: 06 Јуни 2019, 10:37:02 am »
Проекторот и сферното огледало во уред дизајниран да работи на халогена сијалица не е димензиониран да функционира на интензитетот на светлина и количината на емитиран светлосен сноп што ја дава ксенон сијалицата.

Најчесто светлосниот уред кој што е конвертиран од халоген на ксенон брзо се оштетува, сферното огледало се заматува и ја губи рефлектирачката способност, а леќата ја губи провидноста.

Снопот од ксенонска сијалица што на почетокот изгледа одлично и супер , после 3-4 години резултира со "матен" сноп на светлина кој што не се проектира прецизно на патот, преставува проблем за останатите учесници во сообраќајот.

Санирањето на таквиот дефект значи најчесто, менување на фаровите со нови, или демонтажа на сите елементи од фарот и санација на елементите еден по еден.

Добар број од возилата кои што се конвертирани од халогени на ксенон сијалички, имаат проблем со баластите кои што ги хранат ксенон сијалиците. Најчесто прегоруваат и можат да предизвикаат пожар, или ги прегоруваат ксенон сијалиците кои се скапи. Во случај ако пукне ксенон сијалицата во фарот заради лош напон или лоша монтажа и одржување, фарот е неупотреблив.

Возилата кои што имаат ксенон светла, од фабрика излегуваат со жироскопси сензор на задната оска кој што автоматски ги нивелира светлата во зависност од наклонот на возилото во однос на средна попречна оска. Автоматската нивелација на ксенон светлата е пропишано со посебни прописи заради тоа што возилата кои што имаат светлосни уреди кои што емитираат висок интензитет на светлина мораат да имаат прецизно позициониран светлосен сноп. Една од причините заради која што е донесен прописот за автоматска нивелација е токму заслепувањето на другите учесници во сообраќајот кои што имаат проблем со "кокошкино слепило". Откако некој ќе ги ослепи со непрописно нивелирани ксенон светла, особено во ноќен период во места каде што има слаба хоризонтална сигнализација, возачите возат до 30 секунди без целосен увид на патот пред себе.

Мојот совет е да се користи халогена сијалица во уред кој што е димензиониран да работи на халогена сијалица. Секоја конверзија на Ксенон или Лед светла е лошо за останатите учесници во сообраќајот, го намалува животниот циклус на светлосниот уред и предивикува трошоци кои што најчесто не се баш евтини.

Ако се слаби нормалните халогенки, може да користиш халогенки со појак светлосен сноп. Овие сијалички даваат подобро осветлување, но имаат значително помал животен век од обичната халогена сијалица.

Ако имате желба да возите "ксенон" на возилото конвертирајте го целосно со фарови наменети за ксенон светло, систем за нивелација на светлата, систем за миење на ксенон светлата. Тоа ќе ве чини значително повеќе отколку да монтирате "добро кинеско ксенонче" кај локалниот мајстор кој што шитка и монтира "ксенонче".

Постојат и добри китови за конверзија на халоген фар во ксенон (Моримото на пример) ама проблемот со "горење" на сферата позади рефлекторот е повторно присутен.

LED сијлици во фар наменет за халогена сијалица не се дозволени на ниво на ЕУ и ниту една ЛЕД сијалица произведена од Осрам, Филипс или било кој реномиран производител нема ECE сертификат и се забранети за користење во сообраќај.

Заклучок:
Ако сте купиле возило со халогени фарови, возете си го со добри халогени сијалици.

« Последно менување: 06 Јуни 2019, 10:47:07 am zlatkoa »

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #38 на: 06 Јуни 2019, 11:15:46 am »
Џабе си потрошил време да објаснуваш, некои луќе постојано истото ќе го трубат ксенонче, спуштање, бандавче на ново ауто од 2019 година. Очигледно некој нема контакт со реалноста, јебига.

А многу интересно е што и ксенон веќе станува минато, фул лед е новата мода. Голем ку* што инсигнијава имала халогенки, мислам да не му ја труеме темата на човекот. Нека каже моторот како се понаша :)

Отсутен Barca

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 42
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #39 на: 06 Јуни 2019, 11:22:50 am »
Се уште ја немам возено навечер на магистрален пат / автопат за да ги проверам предните светла колку осветлуваат. Се сложувам со муабетот на @Deni дека во основно ниво ставаат нешто колку да свети и индиректно те тераат да доплаќаш за повеќе и подобро. И не само за предните светла. Во ниво на опрема Edition, како што е оваа кола, имаш можност само за црн ентериер и само еден дизајн на штоф на седишта. Ако сакаш ентериерот да биде поличен, мора од старт да си доплатиш за Innovation ниво на опрема, па после има некои три или четири дизајни на штоф (еден кремаст, што ја прави колата по премиум), а кожа седишта дебело ги наплаќаат. 
@zlatkoa, секоја чест и благодарност за објаснувањето со светлата.
IntelliLux светлата сакав да ги земам, исто како и пакет за зима, повеќе безбедносни системи (особено blind-spot), исто и појак мотор сакав 1.6 200 кс, ама тоа испаѓаше далеку над максималниот буџет што го имав за ново возило.
Сепак, како што си е возилото, со овој мотор и оваа опрема си е супер. :)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #40 на: 06 Јуни 2019, 11:30:06 am »

Одлична е колата, ќе и се изнавозиш.

Халогените светла во модерните возила се прилично солидни, и далеку од тоа дека се суб стандардни.

Рефлекторот кој што ја рефлектира светлината од сијалицата е дизајниран да има повеќе "вдлабнатини" кои што превцизно го насочуваат снопот пред возилото. Старите халогени светла имаа идеално мазен рефлектор и рељефно стакло за да го распространат снопот. Модерните халогени рефлектори имаат рељефен рефлектор кој што има повеќе фокусни точки кои се рефлектираат на патот. Стаклото на фаровите е бистро за да може светлината прекрчена од рефлекторот да се насочи на патот без пречки, така како што ја проектира рефлекторот. Тоа значи дека снопот е добро распространет, и можеш да го подобриш со користење на сијалици кои што имаат поголем излезна светлина споредено со обичните халогенки кои што ги ставаат во фабрика за да траат отприлика 5 години.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #41 на: 06 Јуни 2019, 11:35:31 am »
Џабе си потрошил време да објаснуваш, некои луќе постојано истото ќе го трубат ксенонче, спуштање, бандавче на ново ауто од 2019 година. Очигледно некој нема контакт со реалноста, јебига.

А многу интересно е што и ксенон веќе станува минато, фул лед е новата мода. Голем ку* што инсигнијава имала халогенки, мислам да не му ја труеме темата на човекот. Нека каже моторот како се понаша :)

Ако читаш малку подобро никој никаде не спомна кинески ксенони да се става на колава, него каква опрема ставаат во новите коли и колку се доплаќа за некои дополнителни опреми како ксенон.
Ако уште малку се потрудиш да прочиташ zlatkoa спомна како паралела и компарација на премиум ксенон и кинески ксенон.

Олабави.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #42 на: 06 Јуни 2019, 11:41:38 am »
Солидно си осветлувале фаровите на сите коли што сум ги возел, се додека не се појави некој од спротива со раштелувани или модифицирани.

Нека ужива човекот во новата кола.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #43 на: 06 Јуни 2019, 11:44:38 am »
Солидно си осветлувале фаровите на сите коли што сум ги возел, се додека не се појави некој од спротива со раштелувани или модифицирани.

Нека ужива човекот во новата кола.

Се согласувам, со квалитетни халогени како Nightbreaker Laser одлично се гледа.

Може и некој да ги префрли постовите надвор од темава за да не се спамира со ад-хок постови.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Barca

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 42
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #44 на: 06 Јуни 2019, 12:03:27 pm »
Џабе си потрошил време да објаснуваш, некои луќе постојано истото ќе го трубат ксенонче, спуштање, бандавче на ново ауто од 2019 година. Очигледно некој нема контакт со реалноста, јебига.

А многу интересно е што и ксенон веќе станува минато, фул лед е новата мода. Голем ку* што инсигнијава имала халогенки, мислам да не му ја труеме темата на човекот. Нека каже моторот како се понаша :)

Многу малку километри имам поминато за да дадам некоја подетална анализа, ама можам да ги пренесам првите впечатоци за моторот и вожњата.

Прво, морам да си кажам дека коментарите кои ги пишуваат на review-а за овој модел на YouTube на интернет се неосновани. Има неверојатен хејт кон opel insignia/vauxall insignia/buick regal,  посебно кон holden. Величање на други брендови, оваа била ѓубре, и слично. Јас воопшто не се сложувам со тоа. Како и за секој производ наменет за широки народни маси, си важи правилото "колку пари, толку музика". А, бидејќи сме луѓе, нормално е еден автомобил по изглед, вожња, мотор, перформанси, динамика, потрошња на еден човек да му се бендисва, на друг не. И за истите пари, еден ќе купи лимузина, друг СУВ, трет hatch; еден ќе купи VW, друг Mazda, трет Opel, четврт Peugeot, итн. Ама тоа да премине во хејт, по мене е идиотско.

И затоа пишувам на овој форум, бидејќи има вистински вљубеници на автомобилите, кои даваат одлични совети и реален осврт.

Сметам дека Insignia има одличен однос на вложено/добиено. За секојдневна употреба, колата е супер. Филингот внатре на ентериерот не е премиум, мене ми е многу OK. Управувањето е одлично, менувањето на брзини е многу добро, дозирањето на педалите е одлично, кочењето е одлично.

Прегледноста е многу подобра отколку што очекував. Седењето е одлично. Во кривини е доста стабилна.

Кај мојата Insignia има подобар фидбег на воланот, каде се тркалата, во споредба со тест возилото кое го возев пред да се одлучам да ја капарам. Сепак, мојата кола има малку поизразен road-noise отколку тест возилото. Зборувам за брзини од околу 120 км/ч. Може да е поради различни гуми. И ова мислам дека и е единствена забелешка за колата, мислам дека конкуренцијата тука е подобра. Од друга страна, моторот и ветрот се одлично изолирани.

Тоа што посебно ме импресионира е каки ги пегла дупките и нерамнините. Се воодушевивме со сопругата кога возевме по коцката од Бутел до Мирковци. Капа долу за ова.

За моторот, далеку е од нешто тркачко и моќно, ама солидно си влече. Меѓузабрзувањата се OK.  Многу тивок мотор е. За секојдневна употреба е таман. Досега, со околу 120 поминати км, просечна потрошувачка е 9.7 литри, според борд компјутер.