Автор Тема: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)  (Прочитано 16367 пати)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #45 на: 06 Јуни 2019, 12:04:46 pm »
Нова кола само се вози, пере и пои.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5046
  • The Spartan General
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #46 на: 06 Јуни 2019, 12:57:31 pm »
Другар, првите 200-300км со нови гуми се најчесто такви додека да падне најгорниот слој на гумите. После ќе се стиши. Со мерак да си го возиш опелот. Иако е поскромен со опрема, пак е убав.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1223
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #47 на: 06 Јуни 2019, 13:04:59 pm »
Со здравје да се вози

Јас само би доплатил 500еур за моторот со 165кс




Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #48 на: 06 Јуни 2019, 13:11:14 pm »
Со здравје да се вози

Јас само би доплатил 500еур за моторот со 165кс




Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Ова сакав да го прашам сопственикот на возилото, дали го тестираше возилото со 165кс или она со 140кс - дали има некоја поголема разлика, од она што гледав и читав, се осеќа на повлекување ама едно е на интернет кога ќе прочиташ - друго е од сопствено искуство.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3778
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #49 на: 06 Јуни 2019, 13:44:33 pm »
Eдино некако делува дека си троши троа повеќе

Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Barca

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 42
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #50 на: 06 Јуни 2019, 15:53:10 pm »
Со здравје да се вози

Јас само би доплатил 500еур за моторот со 165кс




Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Ова сакав да го прашам сопственикот на возилото, дали го тестираше возилото со 165кс или она со 140кс - дали има некоја поголема разлика, од она што гледав и читав, се осеќа на повлекување ама едно е на интернет кога ќе прочиташ - друго е од сопствено искуство.

Го тестирав дизелот 1.6 136 кс. Бензин немаа на тест. А за појакиот мотор од 165 кс, ми побараа да земам повисоко ниво на опрема и тоа ја креваше цената над буџет. Исто и продавачот ме убедуваше дека појакиот мотор бил појак само на крајна брзина, иако според фабрички податоци појакиот мотор е 0.6 сек побрз до 100-ка. Фабрички вели 9.9 секунди до 100-ка за послабиот мотор.
Моторот може и да е брз, ама мора да носи според сообраќајна 1441 кг тешка кола (ова веројатно е тежина што вклучува 75 кг возач). Така да, Astra со истиот мотор (добро сличен, 1.4) сигурно ќе биде побрза.
Сепак, јас не важам за некој агресивен, брз и офанзивен шофер. За сега ми е таман моторот. Кога ќе возам на магистрален пат, каде се бара претекнување, ќе пишам подетално.

Уште една работа да пофалам - локацијата каде е мултимедија екранот. Точно таман. Ем е во видик, да не треба да се одалечува видикот од патот, ем не е како насаден таблет. На некој тоа ништо не му значи, мене ми е битно. :)

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1223
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #51 на: 06 Јуни 2019, 16:03:09 pm »
Зa 21k eur дефинитивно најдобар избор на кола
И јас бирам за сличен буџет и ми мати ум само Кашкаи за 22900 1.3 160кс


Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #52 на: 06 Јуни 2019, 16:09:22 pm »
Со здравје да се вози

Јас само би доплатил 500еур за моторот со 165кс




Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Ова сакав да го прашам сопственикот на возилото, дали го тестираше возилото со 165кс или она со 140кс - дали има некоја поголема разлика, од она што гледав и читав, се осеќа на повлекување ама едно е на интернет кога ќе прочиташ - друго е од сопствено искуство.

Го тестирав дизелот 1.6 136 кс. Бензин немаа на тест. А за појакиот мотор од 165 кс, ми побараа да земам повисоко ниво на опрема и тоа ја креваше цената над буџет. Исто и продавачот ме убедуваше дека појакиот мотор бил појак само на крајна брзина, иако според фабрички податоци појакиот мотор е 0.6 сек побрз до 100-ка. Фабрички вели 9.9 секунди до 100-ка за послабиот мотор.
Моторот може и да е брз, ама мора да носи според сообраќајна 1441 кг тешка кола (ова веројатно е тежина што вклучува 75 кг возач). Така да, Astra со истиот мотор (добро сличен, 1.4) сигурно ќе биде побрза.
Сепак, јас не важам за некој агресивен, брз и офанзивен шофер. За сега ми е таман моторот. Кога ќе возам на магистрален пат, каде се бара претекнување, ќе пишам подетално.

Уште една работа да пофалам - локацијата каде е мултимедија екранот. Точно таман. Ем е во видик, да не треба да се одалечува видикот од патот, ем не е како насаден таблет. На некој тоа ништо не му значи, мене ми е битно. :)
Верувам дека тоа ќе да е тежина без возач. Ама може и да грешам. А што се однесува на "крајна" и 0.9 секунди и тоа и тоа е "крајна" односно екстреми на колата кои не се користат често. По вртежниот момент Nm, и каде истиот се наоѓа можеш да видиш како се однесува возилото секојдневно. Односно колку Nm има на 2000-3000 вртежи каде нормално се користи огромен дел од времето.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #53 на: 06 Јуни 2019, 16:57:26 pm »
Проекторот и сферното огледало во уред дизајниран да работи на халогена сијалица не е димензиониран да функционира на интензитетот на светлина и количината на емитиран светлосен сноп што ја дава ксенон сијалицата.

Најчесто светлосниот уред кој што е конвертиран од халоген на ксенон брзо се оштетува, сферното огледало се заматува и ја губи рефлектирачката способност, а леќата ја губи провидноста.

Снопот од ксенонска сијалица што на почетокот изгледа одлично и супер , после 3-4 години резултира со "матен" сноп на светлина кој што не се проектира прецизно на патот, преставува проблем за останатите учесници во сообраќајот.

Санирањето на таквиот дефект значи најчесто, менување на фаровите со нови, или демонтажа на сите елементи од фарот и санација на елементите еден по еден.

Добар број од возилата кои што се конвертирани од халогени на ксенон сијалички, имаат проблем со баластите кои што ги хранат ксенон сијалиците. Најчесто прегоруваат и можат да предизвикаат пожар, или ги прегоруваат ксенон сијалиците кои се скапи. Во случај ако пукне ксенон сијалицата во фарот заради лош напон или лоша монтажа и одржување, фарот е неупотреблив.

Возилата кои што имаат ксенон светла, од фабрика излегуваат со жироскопси сензор на задната оска кој што автоматски ги нивелира светлата во зависност од наклонот на возилото во однос на средна попречна оска. Автоматската нивелација на ксенон светлата е пропишано со посебни прописи заради тоа што возилата кои што имаат светлосни уреди кои што емитираат висок интензитет на светлина мораат да имаат прецизно позициониран светлосен сноп. Една од причините заради која што е донесен прописот за автоматска нивелација е токму заслепувањето на другите учесници во сообраќајот кои што имаат проблем со "кокошкино слепило". Откако некој ќе ги ослепи со непрописно нивелирани ксенон светла, особено во ноќен период во места каде што има слаба хоризонтална сигнализација, возачите возат до 30 секунди без целосен увид на патот пред себе.

Мојот совет е да се користи халогена сијалица во уред кој што е димензиониран да работи на халогена сијалица. Секоја конверзија на Ксенон или Лед светла е лошо за останатите учесници во сообраќајот, го намалува животниот циклус на светлосниот уред и предивикува трошоци кои што најчесто не се баш евтини.

Ако се слаби нормалните халогенки, може да користиш халогенки со појак светлосен сноп. Овие сијалички даваат подобро осветлување, но имаат значително помал животен век од обичната халогена сијалица.

Ако имате желба да возите "ксенон" на возилото конвертирајте го целосно со фарови наменети за ксенон светло, систем за нивелација на светлата, систем за миење на ксенон светлата. Тоа ќе ве чини значително повеќе отколку да монтирате "добро кинеско ксенонче" кај локалниот мајстор кој што шитка и монтира "ксенонче".

Постојат и добри китови за конверзија на халоген фар во ксенон (Моримото на пример) ама проблемот со "горење" на сферата позади рефлекторот е повторно присутен.

LED сијлици во фар наменет за халогена сијалица не се дозволени на ниво на ЕУ и ниту една ЛЕД сијалица произведена од Осрам, Филипс или било кој реномиран производител нема ECE сертификат и се забранети за користење во сообраќај.


Заклучок:
Ако сте купиле возило со халогени фарови, возете си го со добри халогени сијалици.


Најчесто ногу убај работи пишиш, ама многу обемни, есеи, ко вилеров гоблен, не се дочитуваат. Абе не те слушаат веќе луѓето околу тебе, им здосаде најпаметен да си, па ај удри на форум ;D

Ништо лошо не мислам, ама не мојш да бидиш паметен со недозреани... ко мене ;D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #54 на: 06 Јуни 2019, 17:02:39 pm »
Ќути, барем има некој што нема да го мрзи убаво да објасни. Потребни се такви луѓе.
Друг е проблемот што се појавија такви што ги мрзи и да прочитаат  ;D

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #55 на: 06 Јуни 2019, 18:15:45 pm »
Со здравје да се вози

Јас само би доплатил 500еур за моторот со 165кс




Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Ова сакав да го прашам сопственикот на возилото, дали го тестираше возилото со 165кс или она со 140кс - дали има некоја поголема разлика, од она што гледав и читав, се осеќа на повлекување ама едно е на интернет кога ќе прочиташ - друго е од сопствено искуство.

Го тестирав дизелот 1.6 136 кс. Бензин немаа на тест. А за појакиот мотор од 165 кс, ми побараа да земам повисоко ниво на опрема и тоа ја креваше цената над буџет. Исто и продавачот ме убедуваше дека појакиот мотор бил појак само на крајна брзина, иако според фабрички податоци појакиот мотор е 0.6 сек побрз до 100-ка. Фабрички вели 9.9 секунди до 100-ка за послабиот мотор.
Моторот може и да е брз, ама мора да носи според сообраќајна 1441 кг тешка кола (ова веројатно е тежина што вклучува 75 кг возач). Така да, Astra со истиот мотор (добро сличен, 1.4) сигурно ќе биде побрза.
Сепак, јас не важам за некој агресивен, брз и офанзивен шофер. За сега ми е таман моторот. Кога ќе возам на магистрален пат, каде се бара претекнување, ќе пишам подетално.

Уште една работа да пофалам - локацијата каде е мултимедија екранот. Точно таман. Ем е во видик, да не треба да се одалечува видикот од патот, ем не е како насаден таблет. На некој тоа ништо не му значи, мене ми е битно. :)

Среќен си ти со само 1441 кг бе...

Јас го имам дизелот што си го возел, ама кај мене влече ~1700 кг :)

Многу е убаво седењето и доста добра ергономија има кокпитот на Инсигнијата. Мене лично не ми се свиѓаа ракетите за жмигавци и брисачи, пошо ептен како од најевтината Корса ми личеа, а пљус, таа јас што ја возев беше некоја со повисоко ниво на опрема (ја ли Innovation, ја ли Business, на кој да му текне што беше), а имаше тркалце за нагодување на наслонот... По мене, апсолутно бесмислено и идиотски, во кола што ко демек “кокетира” со премиум и дава толку убаво чувство во кабината и при возење.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #56 на: 06 Јуни 2019, 18:31:36 pm »
Ако ја направат „премиум“ чувство ќе биде 40,000 комада у основна варијанта. ;D
Али да, како што викаш, во секое ревју баш ракетата сите ја коментираат.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #57 на: 06 Јуни 2019, 18:53:46 pm »
Ако ја направат „премиум“ чувство ќе биде 40,000 комада у основна варијанта. ;D
Али да, како што викаш, во секое ревју баш ракетата сите ја коментираат.

Таа јас што ја возев да ти била некоја Dynamic изведба со дополнителна опрема, и чинела малку под 39000 евра.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #58 на: 06 Јуни 2019, 19:37:40 pm »
Другар, првите 200-300км со нови гуми се најчесто такви додека да падне најгорниот слој на гумите. После ќе се стиши. Со мерак да си го возиш опелот. Иако е поскромен со опрема, пак е убав.
Исто и со потрошувачката. Кај мене во првите 40км трошеше 9, после до 100км падн на 8, па до 500 падна на 7.5, па до 1000 падна на 7, па после 1500 падна на 6.

Дали некој осетил разлика на турбо бензин помеѓу 95-ка и 100-ка гориво?
Кај мене пишува минимум RON95, јас еден резервоар извозив на 95-ка, со сите други резервоари (до денес 3000км) возено е 100-ка, не осеќам никаква разлика.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Opel Insignia Grand Sport 1.5 (2019)
« Одговори #59 на: 06 Јуни 2019, 20:10:41 pm »
Апсолутно никаква разлика и кај мене. Ние не возиме автомобили со 500кс. Од она што сум гледал по јутуб 98 или 100 на модерен турбо мотор се добива 2-3кс повеќе но НМ остануваат исти.