Со здравје да се вози
Јас само би доплатил 500еур за моторот со 165кс
Sent from my SM-G935F using Tapatalk
Ова сакав да го прашам сопственикот на возилото, дали го тестираше возилото со 165кс или она со 140кс - дали има некоја поголема разлика, од она што гледав и читав, се осеќа на повлекување ама едно е на интернет кога ќе прочиташ - друго е од сопствено искуство.
Го тестирав дизелот 1.6 136 кс. Бензин немаа на тест. А за појакиот мотор од 165 кс, ми побараа да земам повисоко ниво на опрема и тоа ја креваше цената над буџет. Исто и продавачот ме убедуваше дека појакиот мотор бил појак само на крајна брзина, иако според фабрички податоци појакиот мотор е 0.6 сек побрз до 100-ка. Фабрички вели 9.9 секунди до 100-ка за послабиот мотор.
Моторот може и да е брз, ама мора да носи според сообраќајна 1441 кг тешка кола (ова веројатно е тежина што вклучува 75 кг возач). Така да, Astra со истиот мотор (добро сличен, 1.4) сигурно ќе биде побрза.
Сепак, јас не важам за некој агресивен, брз и офанзивен шофер. За сега ми е таман моторот. Кога ќе возам на магистрален пат, каде се бара претекнување, ќе пишам подетално.
Уште една работа да пофалам - локацијата каде е мултимедија екранот. Точно таман. Ем е во видик, да не треба да се одалечува видикот од патот, ем не е како насаден таблет. На некој тоа ништо не му значи, мене ми е битно.