Модерните турбо бензинци имаат многу по еластично подрачје на експлоатација на моторот.
Турбото почнува да бутка воздух веќе од 1250 вртежи па се до 4500 (кај некои мотори со спринт мапа и подобро турбо полнач и до 5500).
Тоа значи дека возењето со 1800-2000 вртежи на темпомат е сосема нормално без никаков потрес за мотрот. Доколку има потреба од инстантно забрзување може дирекнто да се прешалта 2 степени подлу со менувчот, моторот ќе биде пак во турбо зона но со променет од на вентили, и ќе влече убер солидно. Ова е дури и препорачливо ако возилото има двомасен замаец.
Во западна Европа, постои генерално ограничување на автопатите од 130 километри на час, и најчесто пресметките на моторот и менувачот се направени, да при брзина од 130км/ч моторот да е во зона на 2300/2500 вртежи во највисокиот степен на пренос(плус минус, зависи од производител на возило, менувач...). Во тој опсег од 2500 вртежи моторот е спремен да испорача плус сила ако нагло се забрза без да се смени степен на пренос, за да може да се изведуваат претекнувања на возила на автопат.
Истовремено во највисокиот степен на пренос, може комотно да се круза со 100-120 километри на час (1900-2200) вртежи, затоа што турбото веќе одработува солидна работа и нема загуба на залет/брзина доколку одржуваш брзина на темпомат.
Ако преминуваш од турбо дизел мотор на турбо бензин мотор, потребно е да ја адаптираш техниката на возење, затоа што во опсегот каде што турбо дизелот е мртов, турбо бензинецот работи по вредно.
Кај тебе, на Инсигнијата на 4500 вртежи турбото веќе работи со "полна плуќа" и после тоа моторот влегува во режим на испорака на целосна сила се до 6000 вртежи, без да има некој бенефит од турбото. Тука веќе имаш "V-TEC" магија, која моторот ја ослободува со промена на одот и времето на отварање на вентили, и моторот работи во мод кој што е наменет за "газење".
Откако ќе ти помине периодот на разработување, слободно врти го моторот до пред црвена зона на обртометар пред да прешалташ во повисок степен. Тогаш ќе го осетиш турбо бензинецот како што треба и ќе видиш колку моторот влече.
Па пиши ги импресиите во темава.