Коментирање на цена е сосема во ред - и тоа си е дел од дискусијата. Дискутирање за цена што твој познаник ја добил пред 3 години во споредба со оваа цена - е (извини вака) глупост. Попустот кој се добива е различен од човек до човек. Многу зависи колку те бива да се ценкаш, колку долго стоела колата пред да се продаде, дали имаш познати или не, итн. Твојот пријател можеби добил 2000 евра. Можеби некој друг ќе добие 4000 евра. Можеби некој ќе добие 1000 евра, може некој нема да добие ич.
Понатаму, што правиме со инфлација, зголемување или намалување на цени од една моделска година во друга, итн?
Разбираш сега зошто цената со попуст добиен у четири очи не е релевантна ниту во оваа, ниту во било која друга дискусија? Особено споредување на цени со кола купена пред 3 години?
Затоа - јас барем - секогаш дискутирам за цени кои се официјално објавени и достапни за сите. Така е колку-толку реална дискусијата.
Едит:
Дали вреди? Повторно, тоа зависи од човек до човек. Мене не ми вреди, каков Голф ќе земам за тие пари, боооооо... Ама ете, другаров не сакаше голф, сакаше „нешто џипчесто, како Голф, ама да не е Голф, ама да не Тигуан, преголем ми е.“ Него - очигледно - му вреди.