Ако сакате поефтин Т-Рок, купете си Карок од Шкода.
Ако Карокот е скап, оооондак Дастер.
Не сакаме поевтино. Сакаме да развиеме критички пристап со цел да не не заебаваат производителите (и импортерите) со преценети возила.
Ако влезам со 25к у салон, да излезам со достоен производ.
Се согласувам со тебе. Верувам и сите останати, затоа што секој сака да добие најмногу за парите што треба да ги вложи во возилото.
Арно ама, во бизнисот постои нешто што се вика побарувачка и понуда. Во последниве неколку години, хајпот е да се поседува СУВ возило. На глобално ниво, луѓето сакаат СУВ. Тоа е факт.
Производителите го намирисаа моментот, и нормално штом има побарувачка, ќе има штанцање на нови модели, со маржа која е напумпана. Штом помине хајпот за СУВ, иситите ќе бидат масовно заменети со некој друг концепт на возила и веќе продадените СУВ ќе бидат се почести и поефтини на понудата на половни возила. Сличниот феномен се случува и со караван изведбите на седан возилата. Чинат 1000 евра поскапо кога ги нарачуваш, и вредат многу помалку од нормалниот седан модел кога се продаваат на старо.
Ние не можеме ништо да направиме во однос на цената. Ако ФВ одлучил Т-Рок да чини 25к, Киа ќе одлучи Спортаж да чини 20к, Дачија ќе продава Дастер за 18к. Пазарот ќе ги голтне овие возила и по тие цени затоа што реално има побарувачка.
Нормално дека има Пасат за 25к, Октавија РС, Фокус СТ, Мерцедес Б класа, Мерцедес А класа, БМВ 2, БМВ 1.... Ама не се барани, не се атрактивни за широка потрошувачка.
Токму од истите или слични причини нов Ајфон секоја година има се повисока цена. Има пациенти, ќе платат, ќе го купат.
Капитализам, слободен пазар, слобода на избор, профит, 21 век. Секој има право да ги троши парите како сака, и на што сака.
Западниот свет е базиран на конзумеризам, и на постојано купување на производи кои што "мора" да ги имаш.
Тоа е. И мене не ми е баш по ќеиф, ама таа е реалноста, колку и да не сакам јас или ти да ја прифатиме.