Здраво на сите,
На темава нема ништо постирано од поодамна, среќа успеав да најдам одлично инфо од членовите во врска со процедуриве, бидејќи ништо не се наоѓа он-лајн и по нашиве институции.
Сакам да ја земам својата кола во Франција, горе-долу истите правила се со Германија како што расчитав во информациите на веб (до 6 месеци може да се вози ако си без адреса и повремен престој, во мојот случај ќе имам адреса и ќе останам да работа повеќе од 1 год, па потребно е за 1 месец откако се воспостаува живеалиште да се префлат таблиците, а возачката да се замени до 12 месеци)
Она што ме интересира е дали е можеби подобро да се извози до таму со македонски таблици па потоа процедурата за француски таблици да се брка таму, а откако ќе се заврши да се пратат мкд таблиците преку дхл назад, и дали би имало некои давачки, царина, ДДВ - возилото го имам повеќе од 3 год. и е од 2016 година (увоз од Данска).
Дали некој случајно носел свое возило во скоро време во ЕУ земји од тука па да сподели инфо евентуално.
Фала и поздрав.