Леси се врати дома ама не беше умна и си доби џумка. Не прашувајте како, не знам ни сам.
Побарав понуда во овластен сервис за фолксваген за да се санира оштеувањето, каде ми побараа ни повеќе ни помалку туку само 1257 евра, па така како вистински гастербајтер решив колата да си ја направам во родната грутка.
Еве како изгледа афтр:
Искрено бев скептик дека ќе може да се направи како “од фабрика” па дури и дека бојата дека ќе се погоди ама дечкото, секоја му чест, ја направи како што рече. Дупката т.е вдлабнатината е извлечена и е минимално искитирана, исфарбано, излакирано и исполирано. Останува само да нарачам нова лајсна и да си ја сменам пошто старава боде во очи. Целиот зафат плус покривање на 3-4 дупки од каменчиња на хауба со боја и една на задна лева врата ме чинеше 50 евра.
Дали е малку или многу не знам, јас сум презадоволен а мајсторот со здравје да си ги троши парите на убави нешта.
Препорака од мене за дечкото што ја правеше. Се вика Филип, бројче за контакт 077620975. Се наоѓа во Ченто. Ако некому му затреба слободно кажете му дека ве препорачал
@t0m1cA неговиот локален менаџер по чија препорака и јас отидов кај него. Воедно благодарност и до Томица.