Конечно, завршив работа, во време на корона
Да го објаснам и мојот случај. Сакав да си ја земам колата во Украина, каде имам траен престој. Може да се каже дека Украина има исто лоши бироктратски процедури како Македонија, така да тој што ќе успее да помине со ова, и тоа во време на корона кога границите се затворени, за мене се родил на ново во животот и има шанса да почне од 0
Како прво да се заблагодарам на авторот на темава
@Дибидус кој го погњавив за процедуриве.
Имено, испадна дека за МК / УА, не ми треба Т1, така да иако од старт се распрашував за тој начин, кој и со мој пријател од шпедиција не ми се нафати да ми среди, завршивме работа со обична извозна декларација. Колку што јас сфатив, Т1 не треба, него може со обична извозна, е сега земјата кај што се носи возилото може да бараат Т1. Германија може треба, па мора од МК да се средува, а за Украина не требаше. Но мислам дека имав само Т1 од влез во Украина до нивната царинарница во Киев каде што продолжи процедурата. Ќе објаснам за ова подолу, па да почнеме:
Прво, сакав да видам дали имам можност да ја однесам колата на моите табли, да не вадам Цол. Тоа не можеше поради фактот што во Украина ми бараа извозна декларација (не им е битно какви таблици), а во Македонија не ме пуштаа со извозната декларација на мои таблици, ми рекоа дека мора да ја транспортирам на камион или приколка, не може да ја возам во тој случај. 1 извозна декларација поништена, 1:0 за МК царина
Втор обид. Отидов во АМСМ Битола (на излез кон Грција) да барам Цол табла. Ми рече да му однесам извозна декларација. Пак се вратив кај другар ми шпедитер. Дај ми извозна декларација. Тука лежи проблем број 1 за цела работа од кај нас. За да отвори извозна декларација, мора да внеси број на таблица. Не можи да внеси старата таблица, мора бројот на Цол таблицата, пошто со неа се извезува. Што е постаро, јајцето или кокоштата? Го земав другар ми, одиме во АМСМ и му викаме на жими мајка, ќе му дадеме извозна декларација, дај ни број на таблица. Тој се јави во Скопје (Раде Кончар), кај што ги прават Цол таблите, им рече "имаме извозна, дајте ни бројот на таблица". Од Скопје дадоа бројчето, преку телефон, и сега можевме да креираме извозна декларација (без таблица). Морав да одам Скопје да си ја подигнам таблицата. На враќање, среќен дека имам Цол табли, можев да се спремам за тргнување. Но тоа не е се.
Трет обид. Корона, понеделник ги земам таблите, а веќе на вести објавија дека се затвараат границите. Фак. Јебига, се останува понатаму, цол таблите се во мене, извозната декларација отворена си стои, ама не можам ништо да направам. Ми се јави од АМСМ ми ги побара таблиците, ги оставив кај нив на чување до наредно. Поминува месец и нешто. Преку Украинска амбасада конечно не организираат да се вратиме во кордон, со други заглавени во Македонија. Имам рок 1 ден да досредам документи и да заминам.
Последен успешен обид. Сега знам дека имам Цол табли (на чување). Ми треба нова извозна декларација. Знам одма кај треба да одам. Одам и вадам нова декларација. (другар ми веќе има темплејт направено за мене, само File->Print треба да направи
). Одам во АМСМ. Таму правам одјава веќе, (од моментот на одјава, имам 15 дена траење на цол таблицата). Одјавувам, плаќам на ново технички преглед, патишта, сите процедури комплет. Плаќам на ново 15 дена осигурување за МК, зелен картон. Колата конечно е одјавена, и ставена на Цол табли. Одам до граница, да ми заверат. Заверив. Сега можам да излезам. (со мене имам нова сообраќајна на цол таблите, и старата / одјавена, заедно со обична извозна декларација).
По неколку дена, се собираме во Скопје, цел кордон коли, и одиме на граница. На МК граница чекавме 2/3 саати (за мене немаше никакви дополнителни процедури, со извозната декларација не требаше никаде да одам и да ми удираат печати или не знам што, секаде најнормално си поминав како со обично возило). Тоа со Т1 претпоставувам е дополнителното малтретирање. Низ Романија, дел од патот одевме со полициска придружба. Дојдовме Украина касно, во 2/3 саат сабајле. Делот документи за Украина:
- Увозна декларација (претпоставувам ова е тоа Т1) од Украинска граница (точно се наведува кај се прави влез) до Киевска царинска испостава. Тоа ни го среди шпедитер од Украина во претходен договор со него за каде и кога ќе поминеме на граница. Имено тој документ се отвара од таму од него, и на база на него се плаќа царина и данок ПРЕД влез во Украина. Мојата кола, тоа беше некаде 2.300 евра. Кога стигаме Украина, мора да го покажеме него, пошто без него нема да влеземе.
- Акт на увид од граница (дека ви ја прегледале колата и документите, и се е во ред, па со тој документ продолжувате во Киевска испостава).
Кога стигнавме Киев, бевме во карантин, а царинењето мора да се заврши до 10 дена, па пошто јас не можев ради карантинот, пратив пријател и шпедитерот, средија на царината. Остана уште "технички преглед" или хомологација (тука се вика сертификација), и нивно МВР за таблици.
Трошоци:
Македонија:
- Шпедиција и давачки околу тоа 4.500 мкд
- Наново технички преглед при одјава и извоз (стандардно, не памтам колку беше)
- Осигурање и зелен картон за 15 дена, околу 3.500 мкд
- Пат до Скопје и назад по Цол таблите
Украина:
- Шпедиција и давачки околу тоа: 10.500 мкд
- Царина и даноци: 2.350 еур
- Хомологација (или сертификација) околу 6.500 мкд
- Поставување во нивно МВР (и таблици) околу 12.000 мкд
- Осигурање околу 2.000 мкд
Вкупно (приближно): 3.030 евра