Фала на сите, инаку дефинитивно за нијанса подобро лежи и лепи за патот на оваа ширина.
10,500? закол мајку му.
Колку литра и какво масло бара 1.0 TSI?
Мене за 1.0 Ecoboost ме чинеше мислам 7900 првиот сервис така некако.
Рачунај тоа e со 10% попуст, и мене ми се виде многу ама тоа е... Додека е под гаранција нема друг избор. Инаку 1.0 TSI бара 4 литри SAE 5w30
Приметив, ама ај да не издавам одма.
Aко мислиш на амблемот има уште, тој е од одамна
Не се лоши ни амблемите. Мораше турбо да пишува?
Амблемите дооолго време ги барав, доаѓаат стандардно за Поло за јужна америка. Го најдов и кодот на делот но од Порше ми рекоа дека под тој код не постои дел во нивна датотека. Иницијално барав да пишува Highline или ТSI на нив, така барем одат во оригинал. Бидејќи не успеа планот да ми ги пратат од Бразил се заврши со овие. Ни јас не сум најсреќен со изборот ама па на лепенка се, во прва прилика може да се заменат штом ќе се најде оригинал.