Автор Тема: Volkswagen Polo 1.0 TSI 95 Highline 2019  (Прочитано 35020 пати)

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 399
Volkswagen Polo 1.0 TSI 95 Highline 2019
« на: 05 Април 2019, 01:42:46 am »
И јас да ја представам мојата нова кола.

После подолго разгледување по скоро сите автосалони падна изборот на VW Polo 1.0 TSI.

Колата е купена по порачка, производство март 2019 година 1.0 турбо моторче со 95KS /175Nm.

Од опрема има:
- преден радар за детекција на пешаци, препреки, возила со автоматско кочење
- предни седишта со лумбална подршка и висинско подесување
- двозонски автоматски клима уред
- 8 инчен инфодисплеј со 6 звучници (Android auto/ Apple Car play/ MirrorLink)
- 10 инчен активен- инфодисплеј
- паркинг сензори напред/назад со автоматско кочење
- 4 УСБ приклучоци (2 напред 2 назад)
- детекција на замор кај возач
- стар-стоп систем
- хил-холдер
- кожен мултифункционален волан
- средишен наслон за рака
- амбиентално осветлување
- алуминиумски бандажи
- детекција на слаб пневматик
- магленки со корнер фукнција и тн...












Бојата има интересен перл ефект кој тешко се доловува со камера, изгледа отприлика вака:





Досегашни позитивни и негативни искуства после минати 1000км:

Возење:
*Споредаувам со Голф 6 кој претходно го возев. Полесно се вози. На волан е приметно по директна, лесно и се задава правец и каросеријата многу брзо се смирува при нагли маневри или нерамнини на патот. Внатре е потифко во градски услови, а за ниајса побучно од струење на ветер при големи брзини. Амортизацијата е по-тврда од Голфот што лично не ми прави кеф. Сепак мултилинкот си го работи своето.

Потрошувачката:
Знае доста да варира зависи како се вози. На отворен пат ако се вози нормално се спушта испод 5литри. Во град не можам сеуште да дадам проценка. Се зависи колку е гужва, на која релација и како се вози. Старт-стоп системот секако помага и одлично работи без вибрации, паузи и чудни звуци. Брзо станува достапен зошто моторот брзо качува работна температура. 

Мотор:
Тука беше најголемото изненадување. Секој кој што ја проба колата ја оцени како доста стартна. Моторот е темпераментен, а од 2000 обртаи турбото зема полн замав и лесно ги полни обртаите. Трите цилиндри овозможуваат лесно да се заврти. Тивок е и без никакви вибрации на волан, педали или каросерија. Добро се носи до каросеријата и на автопат. Доста е еластичен а има доволно снага и кога се возат 4ца. Мислам дека е таман погоден за габаритот на Полото па дури и за подолг пат. Секако вреди за доплатата од 300евра разлика межу атмосферец и турбо. Филмот може да му го скрши на некој звукот кој е крактеристичен за 3 цилиндраш. Не е лош ама е ... чуден.

Одкако е купена колата ја заштитив со Gyoen кварцна заштита. Глобална оценка би било пристрасно да дадам. За мои потреби колата е таман. Носи гепек од 355литри со дупло дно што е на ниво на Голф6, внатре има место за 4 возрасни лица да седат во релативен комфор посебно со доплатата за седишта. Колата е економична (aко не се гази 😊) и ефтина за регистрација, а според мене е next-level рафнирана во однос на просечна кола од таа класа. Тоа е и она што отприлика го барав, целта секако не ми беше да земам што поголема кола за истите пари туку кола по мои потреби и желби.

Ако некого нешто го интересира, бујрум нека праша.
« Последно менување: 05 Април 2019, 02:12:11 am AND_031 »

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Volkswagen Polo 1.0 TSI 95 Highline 2019
« Одговори #1 на: 05 Април 2019, 02:29:27 am »
Какви ебени шампиони, зарем навистина збутаа 95 коњови во 1 кубик? :)

Честитки! Нека е со среќа и радос да се вози :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4759
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Volkswagen Polo 1.0 TSI 95 Highline 2019
« Одговори #2 на: 05 Април 2019, 07:37:28 am »
Одличен избор на боја и бандафче! Со здравје да се вози.


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Volkswagen Polo 1.0 TSI 95 Highline 2019
« Одговори #3 на: 05 Април 2019, 07:44:25 am »
Браво, многу солидно е новово поло. Си ја зел колата со најбитните две ствари а тоа е андроит ауто/епл карплеј и 10 инчниот акти инфо дисплеј.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Volkswagen Polo 1.0 TSI 95 Highline 2019
« Одговори #4 на: 05 Април 2019, 07:47:25 am »
Какви ебени шампиони, зарем навистина збутаа 95 коњови во 1 кубик? :)

Честитки! Нека е со среќа и радос да се вози :)
Има и многу повеќе веќе 5 години наназад. Турбо е, тоа да не го заборавиш.

Со здравје да се вози аутцето, убава боја. Задните стакла кога ќе се затемнат уште повеќе ќе дојде до израз.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1641
Одг: Volkswagen Polo 1.0 TSI 95 Highline 2019
« Одговори #5 на: 05 Април 2019, 08:09:53 am »
Браво, одлично возило. И боја и опрема и мотор и бандажи и се. Вака се купува :)

Единствен недостаток е што е со 5 брзини според мене, но нема пари на светот што би купиле 6 брзини :)



Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Отсутен igooor07

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 138
Одг: Volkswagen Polo 1.0 TSI 95 Highline 2019
« Одговори #6 на: 05 Април 2019, 08:37:37 am »
 Одлично количе, бојава и бандажите многу ме бендисуваат  :-* . Со здравје да си ја возиш.
« Последно менување: 05 Април 2019, 09:20:11 am igooor07 »

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: Volkswagen Polo 1.0 TSI 95 Highline 2019
« Одговори #7 на: 05 Април 2019, 08:43:59 am »
Со здравје да си ја возиш, многу убава, посебно внатре со дигиталните инструменти.
Прилично големо е полово во споредба со претходните.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Volkswagen Polo 1.0 TSI 95 Highline 2019
« Одговори #8 на: 05 Април 2019, 08:56:02 am »
Со здравје да си ја возиш другар. Јас ја возев рент-а-кар два дена. Генералната оценка е, ако е добра за Германија со автопатишта, добра е и за Македонија.  :)


Мојот тест:
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,22458.msg1015851.html
« Последно менување: 05 Април 2019, 09:06:11 am Luki Junior »
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Volkswagen Polo 1.0 TSI 95 Highline 2019
« Одговори #9 на: 05 Април 2019, 09:05:42 am »
Одличен избор на возило и мотор. Да те служи долго и да те однесе на далечни дестинации.

Добро дојде во Турбо Бензин клубот. :)

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Volkswagen Polo 1.0 TSI 95 Highline 2019
« Одговори #10 на: 05 Април 2019, 09:11:07 am »
Cestito Golf 4 t.e. Polo :D

Ista dimenzija se so Golf 4ka taka nekade procitav.
Interesen paket na boja i felni.

Kako sto rece Deni, folii na stakla i toa e toa, pali vozi.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Volkswagen Polo 1.0 TSI 95 Highline 2019
« Одговори #11 на: 05 Април 2019, 09:14:33 am »
Уба да му е срејчата! :D
Со здравје да се вози. Имам само една замерка, менувачот, треба да е ДСГ :D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Volkswagen Polo 1.0 TSI 95 Highline 2019
« Одговори #12 на: 05 Април 2019, 09:29:34 am »
Со убаво да те служи, одличен мотор и боја!!!

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 778
  • .
Одг: Volkswagen Polo 1.0 TSI 95 Highline 2019
« Одговори #13 на: 05 Април 2019, 09:41:34 am »
Со здравје да се вози, одлична и чак би типувал како кола со најдобар дизајн во својата класа, одличен мотор и супер опрема.
VW MK-7 (1.6 тди)

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: Volkswagen Polo 1.0 TSI 95 Highline 2019
« Одговори #14 на: 05 Април 2019, 09:57:46 am »
Mnogu jako izgleda, zo zdravje da se vozi.
Sto dimenzija se trkalata/gumite? Legnale epten.