Банза, пак не ја капираш поентата. Моето мерење/"тест" е најблиску до резултат кој може секој да го повтори во истите услови.
Tвоето мерење/"тест" е варијабла од 1000 работи, па поради тоа не е меродавна. Денес да мериш ќе излезе 9л, друг ден може да измериш 15л ако ја повозиш во 16.30 на релација градска болница - малага слаткара. Тоа не значи дека колата во град ти троши 12л.
Се согласувам дека многу полесно е да мериме во 1 сабајле потрошувачка од Капиштец до Ново Лисиче, отколку да мериме во 16:30 на истата дестинација на пример. Уште подобар е тестот што го смислија на обиколница, помалку варијабли има.
Но тоа не значи дека твоето мерење е соодветно за определување на градска потрошња на едно возило, а уште помалку таа потрошувачка да ја спомнеш како релевантна во споредба со потрошувачката која ја имала Тојотата додека ја возел Зеро.
Според тебе, градската потрошувачка на Акорд како мојот е 5.9 или 11? Ако се правиме мутави може да тврдам дека 5.9 ми троши во град, толку ја измерив во Скопје и тоа движејќи се низ строгиот центар на градот!!!
Разбирам дека на секого различно му троши колата во град, во однос на тоа каде се движи, али потрошувачка во 1 сабајле е тотално нерелевантна за дискусија околу градска потрошувачка на едно возило. Ти ако ја возиш само тоа време или најчесто тоа време, толку ќе ти троши просечно, али за правење муабет и споредба со други возила управувани во скроз други услови, е чиста заебанција. Јас стварно помислив дека некој модерен турбо бензинец троши 5 литра во Скопје, среќа прашав