Автор Тема: CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T CVT Luxury  (Прочитано 19988 пати)

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T CVT Luxury
« Одговори #15 на: 21 Март 2019, 10:05:46 am »
Е сеа, не претеувај и ти... за 15.000 што сакаш, Волво?! :D


Edit: 5 ѕвезди на NCAP (кинескиот додуша...): https://www.youtube.com/watch?v=6j6lacO2tgg
Volvo кој го поседува?  ;D

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T CVT Luxury
« Одговори #16 на: 21 Март 2019, 10:11:27 am »
Јас сум ептен скептик за кинезиве. Цената на прва ниска ама па за тие пари има Витара, Антара имаше, Туксон, Спортаге, е сега не се турбо ама па не се ни кинези.
Со овие возила мииислам дека голем проблем ќе е одржувањето, редовни сервиси ќе се снајдеш ама лимарија и механика ....

Финтата е дека ем цената е ниска, ем добиваш мноооооогу работи и играчки. И тоа им е поентата. Иначе и јас сум скептик, секако.

Одржувањето не би требало да биде проблем, секогаш си постои официјален сервис. Афтермаркет нема да најдеш ништо и тоа е проблем, и ако дојде ред да ја продаваш... Well, со среќа.

Би рекол колку е сериозен пристапот на DFSK на европскиот пазар. Дали ова е резултат на стратешко освојување на пазарот или егзибиција на ABC Brother

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T CVT Luxury
« Одговори #17 на: 21 Март 2019, 10:16:19 am »
Мислам дека уште е рано да се каже колку се сериозни за европскиот пазар. Мада, гледам дека продаваат коли и во Германија, а тоа кажува нешто.. Штом се ангажирале да ги хомологираат колите и да исполнат Еуро6 услови, тогаш сигурно се сериозни.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T CVT Luxury
« Одговори #18 на: 21 Март 2019, 10:55:18 am »
Мене тоа што не ми штима, е колку уствари е инвестирано во

- R&D,
- инженеринг,
- контрола на квалитет,
- квалитет на употребени материјали,
- плата за сите инволвирани во производството
- други ствари што не ми текнуваат у моментов

за да толкаво возило, со мнооогу опрема, биде продадено на (квази) европски пазар, по цена од 15000 евра, при што, во таа цена треба да се вклучени транспорт, разно-разни давачки, и (веројатно) профит за продавачот?

Колку уствари навистина чини возилово?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T CVT Luxury
« Одговори #19 на: 21 Март 2019, 11:24:00 am »
Види, евтино е.. Нема муабет. И му се препознава евтиноќата.

Колку ќе биде долготрајно, колку ќе биде расипливо, итн, никој не може да знае, барем не уште 10-15 години. Ама како што кажа @M3V8 - кинезите се сега во истата позиција каде што беа KIA и Hyundai пред 20-тина години.. Со таа разлика што кинезите имаат многу повеќе ресурси, многу повеќе пари, спремни се да ги искористат тие пари за да купат know-how наместо да го тераат од нула, и учат многу, многу брзо. Да не праиме муабет дека имаат модерни технологии на нивна страна. Она што јапонците го направија за 30 години, корејците го направија за 15, кинезите ќе го напраат за многу помалку.

Како што рече еден пријател кој многу добро ја познава авто-индустријата како во МК, така и на глобално ниво - „само се ви зајебавајте..“

Во моментов, далеку се кинезите од нудење европски квалитет по 50% пониска цена. Ама работат на тоа, и работат многу брзо и напорно. Тоа што не можат да го направат сами (или не им се чека) ќе го купат. Volvo е пример за тоа.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T CVT Luxury
« Одговори #20 на: 21 Март 2019, 11:27:27 am »
Муабетов ми е дека настапот на  македонскиов пазар не е дел од некоја глобална стратегија на ДФСК туку желба на локалнава фирма

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T CVT Luxury
« Одговори #21 на: 21 Март 2019, 11:31:07 am »
Си направиле некаква математика. Правев муабет, свесни се за предизвиците.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T CVT Luxury
« Одговори #22 на: 21 Март 2019, 11:34:10 am »
Со возилово добро се доловува реалната цена на чинење на едно возило.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T CVT Luxury
« Одговори #23 на: 21 Март 2019, 11:43:10 am »
Види, евтино е.. Нема муабет. И му се препознава евтиноќата.

Колку ќе биде долготрајно, колку ќе биде расипливо, итн, никој не може да знае, барем не уште 10-15 години. Ама како што кажа @M3V8 - кинезите се сега во истата позиција каде што беа KIA и Hyundai пред 20-тина години.. Со таа разлика што кинезите имаат многу повеќе ресурси, многу повеќе пари, спремни се да ги искористат тие пари за да купат know-how наместо да го тераат од нула, и учат многу, многу брзо. Да не праиме муабет дека имаат модерни технологии на нивна страна. Она што јапонците го направија за 30 години, корејците го направија за 15, кинезите ќе го напраат за многу помалку.

Како што рече еден пријател кој многу добро ја познава авто-индустријата како во МК, така и на глобално ниво - „само се ви зајебавајте..“

Во моментов, далеку се кинезите од нудење европски квалитет по 50% пониска цена. Ама работат на тоа, и работат многу брзо и напорно. Тоа што не можат да го направат сами (или не им се чека) ќе го купат. Volvo е пример за тоа.

Океј, меѓутим, што се деси со корејските возила, кога го достигнаа европскиот квалитет? Останаа по иста цена? Јок, си рипнаа цените, така да, единствената ствар поради која беа конкурентни, отиде јабана. На денешно време, да можеш да купиш европско возило, а уствари купиш корејско, е поради тоа што не ти било многу многу гајле што ќе купиш за од А до Б и успут ти улетала некоја мнооооогу добра понуда, а не поради тоа што таа ти била првичната цел и помисла.

Пред да ме спали некој, не кажувам дека квалитетот на корејските возила не е драстично зголемен во прошливе 10ина години, баш напротив, имаат рипнато до бесвест, меѓутоа ретко кој купува корејско возило поради тоа што сака, многу често е поради тоа што мора (секоја чест на исклучоците).

Не викам дека нема да ги биде кинеските возила, ќе ги биде и тоа за многу брзо време. Работата е што кога ќе ги биде, нема да останат по таа цена, а ќе треба мноооооооооооооооооооооооооооооооогу полиња ориз да се изедат додека да стигнат да уживаат барем дел од имиџот на (некои) европски производители.

Некој го спомна Волво... Да сопственици на Волво се Џили, меѓутим Волво многу радо би купил и поседувал, додека никад блиска и не толку блиска иднина не би помислил да купам Џили, особено ако можам да си дозволам нешто од европско производство.

И Јагуар и Ленд Ровер се под Тата, ама сите (по)радо би возеле Јагуар или Рејнџ Ровер, а би ни се превртеле црева ако ни излезе Тата пред очи.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T CVT Luxury
« Одговори #24 на: 21 Март 2019, 12:08:40 pm »
Со возилово добро се доловува реалната цена на чинење на едно возило.

И многу добро се доловува недостаток на развојна стратегија, иновативност, сервисна мрежа, доверба во бренд, пост продажна вредност...

Следната верзија од ова возило можеби ќе излезе како нов модел, а можеби не. Не знае нико,ј затоа што производителот е фокусиран да направи кола што е тренди (во моментов СУВ) по најефтината производствена формула. Притоа ќе ги запази нормите кои се бараат на хартија, и никој не знае колку тие норми (еко и безбедносни) се задржани после Х километри или годнини.
Речиси сите кинески производители немаат стратегија на долг рок, дејстуваат импулсивно, според потребите на пазарот и успеваат да исфрлат производи си еден куп импровизации и шминка. Ако утре видат дека производството на возила не е рентабилно за некој пазар ќе се повлечат или ќе прекинат со производство. А потрошувачите, кој ги е*е.

Друга работа што кинезите упорно пробуваат да ја наметнат на западните пазари е стратегијата: Произведуваме ефтино, брзо и исто како европските брендови. Ама во целата формула недостасува квалитет при изработка, спецификација на материјали кои што исполнуваат норми за квалитет и веројатно испитување на производите за долгорочност.

Сите овие аномалии ги пуштаат низ нивните производи и пазарот ги голта, затоа што се ефтини. ЕФТИНИ е единствениот критериум со кој што можат да парираат на западните конкуренти и со ништо друго.

Еве кај ова возило, кинезите понудиле 3 години гаранција. Ама каква е таа гаранција? Ако се распадне шалт таблата (што не е редок случај) да не очекувате дека ќе ви ја заменат? Ако се скрши зглоб во возење заради неквалитетен материјал и изработка и направите посериозна беља, да не ја покрие гаранцијата случајно штетата?

Цената што ја плаќаат потрошувачите со западните брендови е токму таа сигурност и доверба што самото возило го нуди. Изработката сама по себе е ефтина, технологијата и развојот се тие што се додаваат во вредноста на возилото. Денес Голф 7 е "квалитетно" возило затоа што потрошувачите кои што претходно купиле Голф 6 во цената платиле дел од развојот на производите кои што ќе искочат во иднина. Тој што денес купува голф 7 преку цената плаќа индиректно на развојот на новиот голф 8 што ќе искочи догодина. Традицијата на градење на база со знаење и проблеми со кои се соочуваат возилата при експлоатација, ги прави западните брендови по квалитетни и по надежни. Користејќи ги тие информации развојот и подобрувањето се побрзи, и поголеми со секој нареден модел на возило. Целата револуција во авто индустријата е благодарение на западната авто индустрија, и сите иновации потекнуваат од таму. Тој развој, тестирања, неуспешни обиди додека дојдат до конечното решение, чинат пари.

Киа и Хјундаи се сосема друга приказна. Влезе европски менаџмент во нив, дојдоа квалификувани инжењери и направија производи кои покриваат сегмент од пазарот кои што никој претходно не ги покриваше. Дополнително фокусирани се да понудат мотори и возила кои што источните пазари ги купуваат затоа што се примамливи и нудат 7 години гаранција. Имаше цела серија на Киа Сид каде што шалт таблата се расцветуваше напред кај отворите за вентилација. Речиси сите шалт табли ги заменија бесплатно во сервис. Сеуште се изгубени и талкаат со дизајнот и имиџот на возилата, затоа што се обидуваат да направат копии на по извикани брендови и модели. Но и покрај тоа возилата им се одлични. Сега се обидуваат да чепкаат ви во делови од пазарот каде што западните брендови се веќе докажани премиум играчи (Киа Стингер, Хјундаи Џенезис). Сега за сега имаат солиден настап, ама иднината ќе покаже дали и колку имаат причина да играат во таа област.

И украинските автобуси што ги купија градските власти во Скопје беа одлични за доловување на реалната цена за чинење на еден автобус.

Се распаднаа, нити делови има за нив ниту сервис, ниту фабриката постои. Ене ги дремат во Автокоманда растурени и спремни за на отпад.





Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T CVT Luxury
« Одговори #25 на: 21 Март 2019, 12:25:39 pm »
Со јапанците добиваш некаква сигурност, со германците малце помалце, за останатите да не правиме муабет, како ќе ти се погоди.

На БМВ најпродаваниот дизел мотор им беше целосна утка, тие што имаа среќа дур е под гаранција да им рикне супер, останатите си плаќаа и се уште плаќаат по 3-5 илјади евра да си го средат кварот. Не е дека ако купиш германско возило си мирен и ептен треба да си баксуз за да не ти се погоди.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T CVT Luxury
« Одговори #26 на: 21 Март 2019, 12:29:51 pm »
Абе беемве кола ли е па да се споредува со кинези



ШОКАНТНО!

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3877
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T CVT Luxury
« Одговори #27 на: 21 Март 2019, 12:30:35 pm »
Така јадеа ориз, јадеа јадеа .. и ги исфрлија најголемите провјадери на телко опрема кај Телеком операторите. Huawei улета и ги потисна неприкосновени Nokia, Siemens и Cisco во индустријата. Така да веројатно битно е каков ориз се јаде и колку редовно. Ќе си дојдат на место и ќе си го фатата пазарот за кој се намерачиле. Сега да видиме дали Дастер да купам или ова да го земам.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T CVT Luxury
« Одговори #28 на: 21 Март 2019, 12:31:53 pm »
Со јапанците добиваш некаква сигурност, со германците малце помалце, за останатите да не правиме муабет, како ќе ти се погоди.

На БМВ најпродаваниот дизел мотор им беше целосна утка, тие што имаа среќа дур е под гаранција да им рикне супер, останатите си плаќаа и се уште плаќаат по 3-5 илјади евра да си го средат кварот. Не е дека ако купиш германско возило си мирен и ептен треба да си баксуз за да не ти се погоди.
Си го среди кварот мој близок. Отиден блокот, па мораше да кпи нов мотор. Ново БЕМВЕ купено од Мак Кар, 4 го со 120.000км

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Тест: DFSK Glory 580 1.5T CVT Luxury
« Одговори #29 на: 21 Март 2019, 12:41:21 pm »
Никој не спори дека на бмв особено се дешаваат вакви заебанции од типот на зарибан мотор итн. Но тоа не е репер за квалитет туку ете доверливост. Квалитетот што го нуди кога ќе седнеш во ново бмв да го повозиш е многу многу добар. Се пази на многу детали, финеси, подвозје, квалитет на материјали и се она што сочинува добро склопено ауто. Тоа неможе кинез да ти го понуди. Можеби кинезов ќе тера 200.000 без поголеми проблеми и ќе го фалиме како е доверлив ама квалитетот му е тиња.