Состојки незнам ама знам дека од база може во киселина да премине и тогаш нагризува, е сега некој тука спомна дека новите органските антифризи не го прават тоа ама колку знам и тие имаат рок на употреба 5 год после препорачливо е и тие да се сменат ....
антифризот, би требало (ако е квалитетен) да биде неутрал, т.е. пе-ха вредноста да му е околу 7 или нај точно 7,2.. нит база нит киселина... како му изминува рокот, и како настанува деградирањето неговор преминува во киселост... ама далеку е од нагризувачка состојба за метали.. меѓутоа таа киселост почнува да ги разјадува гумените делови (семеринзи, дихтончиња, црева и гумици разни) па затоа и протекуваат... но.. тоа во зимски услови е поизразено. на повисоки температури е со доооста послаб интензитет...
затоа и реков, ако е -26 сега, остави го до есен, па тогаш смени го цел.. меѓутоа, ако е веќе заматен (отвори го и види го резервоарчето, или извади некако со црево малку во чаша) тогаш е дефинитивно во појака киселост и време ти е да го смениш и тоа со плакнење...
тоа што откако ке се исцеди целиот систем од вода, и ке остане пола литро вода низ инсталацијата, нема да фати никаков бигор... бигор фаќа кога постојано се вози на вода и се дотура... во пола литро вода, па еве и нека е едно литро, минералите во нејзе не претставуваат 0,005% од целата течност. водата е Н2О и не преоѓа во цврста фаза за да биде бигор самата, туку само минералите во нејзе се оние што се лепат по зидови на се и сешто...