Автор Тема: Антифриз  (Прочитано 162123 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Антифриз
« Одговори #330 на: 10 Мај 2015, 12:12:31 pm »
Мерен беше лани на сервис (во јуни, во март турив плин), мислам дека нешо до -27 му беше вредноста.

Ако треба да се мења, како се прави тоа? Као за уље? Се испушта од негде да истече, па се тура нов? Како да се запере системот?

До сега не е турана вода, само лани е дотурен антифриз можда околу пола литро, ама ми кажаа Плимонт дека ќе треба да дотурам.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Антифриз
« Одговори #331 на: 10 Мај 2015, 12:19:59 pm »
абе.. иди на мајстор... ке ти премери и посоветува... по мое мислење, ако во јуни лани ти бил -27, не би требало многу да е опаднат, затоа терај до есен сега, па тогаш смени го со нов...

перењето со вода е (ако е потребно) следно:

испушта антифризот, полни со вода, пали колата да поработи 2-3 минути, пак испушта, остава убаво да се исцеди и полни со нов антифриз... 
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Антифриз
« Одговори #332 на: 10 Мај 2015, 21:23:45 pm »
Со дестилирана вода миењето.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Антифриз
« Одговори #333 на: 10 Мај 2015, 21:29:16 pm »
Нема зошто миењето да биде со дестилирна вода. Миењето може да биде со обична, битно е во системот да не остане обична вода, за да не се створи бигор со тек на време.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Антифриз
« Одговори #334 на: 10 Мај 2015, 22:34:46 pm »
А доколку антифризот си е сеуште во ред (рецимо еве -26 нека е сеа), дали да го менувам?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Антифриз
« Одговори #335 на: 10 Мај 2015, 22:40:07 pm »
Ако ти е -26, мој совет би ти бил да не го менуваш.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Антифриз
« Одговори #336 на: 11 Мај 2015, 00:12:46 am »
Нема зошто миењето да биде со дестилирна вода. Миењето може да биде со обична, битно е во системот да не остане обична вода, за да не се створи бигор со тек на време.

До последна капка тешко дека ќе исцедиш така да подобро е со дестилирана вода, за 60-100ден. да не се стискаме, кад је бал нек је маскембал.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Антифриз
« Одговори #337 на: 11 Мај 2015, 00:14:00 am »
А доколку антифризот си е сеуште во ред (рецимо еве -26 нека е сеа), дали да го менувам?

И -30 да е, бидејќи е стар да се промени инаку ќе почне да нагризува или веќе си почнал.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Антифриз
« Одговори #338 на: 11 Мај 2015, 00:49:58 am »
Се слагам со Drive-r .....

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Антифриз
« Одговори #339 на: 11 Мај 2015, 00:57:40 am »

А доколку антифризот си е сеуште во ред (рецимо еве -26 нека е сеа), дали да го менувам?

И -30 да е, бидејќи е стар да се промени инаку ќе почне да нагризува или веќе си почнал.

Што состојка има во антифризот за да почне да нагризува? Од што зависи колку брзо би почнал да нагризува? Има некоја значителна разлика во квалитетот на антифризот, па некој да почне порано да прави беља, за разлика од друг?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Антифриз
« Одговори #340 на: 11 Мај 2015, 01:02:31 am »

А доколку антифризот си е сеуште во ред (рецимо еве -26 нека е сеа), дали да го менувам?

И -30 да е, бидејќи е стар да се промени инаку ќе почне да нагризува или веќе си почнал.

Што состојка има во антифризот за да почне да нагризува? Од што зависи колку брзо би почнал да нагризува? Има некоја значителна разлика во квалитетот на антифризот, па некој да почне порано да прави беља, за разлика од друг?

После изминат период нешто како киселина преминувал.
А и ти пишува во упатството на колку да се промени, а не да го мериш.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Антифриз
« Одговори #341 на: 11 Мај 2015, 01:04:38 am »
Состојки незнам ама знам дека од база може во киселина да премине и тогаш нагризува, е сега некој тука спомна дека новите органските антифризи не го прават тоа ама колку знам и тие имаат рок на употреба 5 год после препорачливо е и тие да се сменат ....

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Антифриз
« Одговори #342 на: 11 Мај 2015, 01:33:48 am »
Состојки незнам ама знам дека од база може во киселина да премине и тогаш нагризува, е сега некој тука спомна дека новите органските антифризи не го прават тоа ама колку знам и тие имаат рок на употреба 5 год после препорачливо е и тие да се сменат ....

антифризот, би требало (ако е квалитетен) да биде неутрал, т.е. пе-ха вредноста да му е околу 7 или нај точно 7,2.. нит база нит киселина... како му изминува рокот, и како настанува деградирањето неговор преминува во киселост... ама далеку е од нагризувачка состојба за метали.. меѓутоа таа киселост почнува да ги разјадува гумените делови (семеринзи, дихтончиња, црева и гумици разни) па затоа и протекуваат... но.. тоа во зимски услови е поизразено. на повисоки температури е со доооста послаб интензитет...


затоа и реков, ако е -26 сега, остави го до есен, па тогаш смени го цел.. меѓутоа, ако е веќе заматен (отвори го и види го резервоарчето, или извади некако со црево малку во чаша) тогаш е дефинитивно во појака киселост и време ти е да го смениш и тоа со плакнење...

тоа што откако ке се исцеди целиот систем од вода, и ке остане пола литро вода низ инсталацијата, нема да фати никаков бигор... бигор фаќа кога постојано се вози на вода и се дотура... во пола литро вода, па еве и нека е едно литро, минералите во нејзе не претставуваат 0,005% од целата течност. водата е Н2О и не преоѓа во цврста фаза за да биде бигор самата, туку само минералите во нејзе се оние што се лепат по зидови на се и сешто...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Антифриз
« Одговори #343 на: 11 Мај 2015, 01:44:41 am »
Ок момци, фала пуно за одговорите.

EDIT:
После изминат период нешто како киселина преминувал.
А и ти пишува во упатството на колку да се промени, а не да го мериш.

Баш сеа проверив во упатството, нема дефинирано кога треба да се промени антифризот, само дека е потребна "периодична промена".
Вика да се користи "DIA QUEEN SUPER LONG LIFE COOLANT". Првпат глеам вакво нешто.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Антифриз
« Одговори #344 на: 16 Септември 2015, 01:05:51 am »
Разлика помеѓу моно-етилен-гликол и етилен-гликол?