Автор Тема: Ново возило до 18000 евра  (Прочитано 64402 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #75 на: 26 Јануари 2019, 18:46:39 pm »
Точен одговор. Тоа е возилото.

Ама не е сеуште конкурентно со цена. :) Ама за две мислам дека ќе може нешто да се договори!

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #76 на: 26 Јануари 2019, 18:47:54 pm »
Симпатичен караван. Јас во пасатот не можев да го ставам прочистувачот за воздух без употреба на сила. Кога го возам караванот отварам врата и ставам детска количка и кеси од пазарење, а внатре тате веќе товарил 1 кубик дрва. И пак има место.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #77 на: 26 Јануари 2019, 20:19:57 pm »
Тука си некаде на граница :)

Мене многу ме нервира дизелот за низ град и често ја крадам колата од жената.
Ја имав таа "среќа" да барам кола пред 3 години кога на нашиот пазар не беше во тренд тб па морав да направам компромис и да купам дизел.
Имав ист буџет. Нормално, можеше да се растегне малку но и не мора цел да се потроши :)

СУВ секогаш кошта некое евро повеќе и можам да го оправдам само за низ град ако има често стани седни.
Пример: клио 13.500, каптур 15.500, меган 16.800 (први примероци) сите дизели и средни нивоа на оорема. Ова беше пред 3 години.

Немој многу да се плашиш од потрошувачката, парите се за да се трошат ;D а со тб мислам пораат ќе бидеш.
Зошто те нервира дизелот? Не сум пробал турбо бензин, па не знам какови возни својства има. А СУВ сакам за да сменам малку.
Штрака многу, осеќам како потешко се движи низ градскиот метеж. Бензинците се тивки и полесно се справуваат со тргни застани сообраќај.

Пробај тб и нема да помислиш на дизел, доколку имаат тест возило. Кога барав кола за мене успеав да најдам тест само 1.2 тси во сеат ибица.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #78 на: 26 Јануари 2019, 20:28:47 pm »
Тогаш барај хибрид. Идеално се движат повеќето низ град.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #79 на: 26 Јануари 2019, 20:29:48 pm »
Точен одговор. Тоа е возилото.

Ама не е сеуште конкурентно со цена. :) Ама за две мислам дека ќе може нешто да се договори!

Од Понеделник ќе одам да видам цената како ќе биде за посакуваниот Турер со некои симпатично ниво на опрема, па ќе видиме после акциите колку ќе симнат цена.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #80 на: 26 Јануари 2019, 20:40:54 pm »
Точен одговор. Тоа е возилото.

Ама не е сеуште конкурентно со цена. :) Ама за две мислам дека ќе може нешто да се договори!

Од Понеделник ќе одам да видам цената како ќе биде за посакуваниот Турер со некои симпатично ниво на опрема, па ќе видиме после акциите колку ќе симнат цена.
http://mediacontent.toyota.ee/pricelists/Corolla_TS_Pricelist_LV.pdf?_ga=2.4462135.589160300.1548531507-777403983.1548531507

да не се мачиш да идеш за џабе до тојота.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #81 на: 26 Јануари 2019, 20:56:49 pm »
Нема да одам џабе. Едно е да читаш од ценовник во Естонија, друго е да отидеш на лице место да го направиш муабетот, сугорно дека цените нема да се исти.


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #82 на: 26 Јануари 2019, 20:57:13 pm »
http://mediacontent.toyota.ee/pricelists/Corolla_TS_Pricelist_LV.pdf?_ga=2.4462135.589160300.1548531507-777403983.1548531507

да не се мачиш да идеш за џабе до тојота.

Пошто @Tischläufer живее во Латвија, па тамошниот ценовник ќе му заврши работа.

--

Едит, ме претркал.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #83 на: 26 Јануари 2019, 21:32:57 pm »
Нема да одам џабе. Едно е да читаш од ценовник во Естонија, друго е да отидеш на лице место да го направиш муабетот, сугорно дека цените нема да се исти.


Цените со тие мотори и опрема нема да се разликуваат повеќе од 1к-2к евра плус/минус. Не ги ископав цениве од од зимбабве па да се разликуваат значително.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #84 на: 26 Јануари 2019, 22:17:51 pm »
Цитат: rile link=topic=23277.msg1078910#msg1078910
Не сум пробал турбо бензин, па не знам какови возни својства има. А СУВ сакам за да сменам малку.

Затоа сакаш дизел,  дека не си пробал  :)
Врати се назад на листата и додади плус Астра ТБ.
И пиши после за бојата на Спортажот.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #85 на: 26 Јануари 2019, 23:36:24 pm »
Го има спортажот и во бензин варијанта за 16950 промо
http://www.kiamotors.com.mk/sportage.php?model=sportage&equipment=0

Отсутен JezuzNoChill

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1000
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #86 на: 27 Јануари 2019, 00:07:02 am »
Го има спортажот и во бензин варијанта за 16950 промо
http://www.kiamotors.com.mk/sportage.php?model=sportage&equipment=0

5000евра односно 300.000 денари разлика дизел и бензин.
Ако рачунаме просек 60 денари литар и дека во просек би биле иста цена бензин и дизел. Дизелот се исплаќа после 300.000 километри негде.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #87 на: 27 Јануари 2019, 08:27:01 am »
Гледај на крај цената де. 17000 и 20000 се.

Значи 3000евра разлика. Ем ќе троши повеќе ем ќе е тром, ем ќе има помала остаточна вредност бензинскиот.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #88 на: 27 Јануари 2019, 08:39:07 am »
Нема да одам џабе. Едно е да читаш од ценовник во Естонија, друго е да отидеш на лице место да го направиш муабетот, сугорно дека цените нема да се исти.


Цените со тие мотори и опрема нема да се разликуваат повеќе од 1к-2к евра плус/минус. Не ги ископав цениве од од зимбабве па да се разликуваат значително.
Во принцип тие се цените.
Се мислам дали да размислувам накај хибрид или ТБ. Тие 1.2 турбо им се нови мотори, сеуште се недокажани.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #89 на: 27 Јануари 2019, 10:24:06 am »
Ма каков тб само хибрид и тоа појакиот, ама реално ќе кошта 25к што е малце скупичко. Да го исплатам голфов уште малце и мојата следна дилема би ми било дали вакво нешто или половно ауди а6 караван за истите пари.