Автор Тема: Ново возило до 18000 евра  (Прочитано 63947 пати)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7371
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #105 на: 28 Јануари 2019, 18:54:14 pm »
        Инаку, само што се вратив од тест возење на тојота корола 1,4 дизел 90 коњски сили.
        Инаку денес бев и во форд и најголем впечаток ми остаи ц-макс. Кугата е најбоља (според мене), ама се беше над 22500 еура. Изложбениот модел го оставија од 18900 на 18000 евра, 1,5 дтци со 120 коњски сили. треба да го пробам деновиве, па ќе пишам. Бев и и во опел (автомакедонија), го гледав крослендот и не ми остаи некој впечаток, а и немаат тест возила. Грандлендот беше на повисоко ценовно ниво. Тоа за денеска ;D

Седан лимузина џипче, џим, моноволуменец... Риле какво ауто бараш дали имаш дефинирано ?

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5009
  • The Spartan General
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #106 на: 28 Јануари 2019, 18:59:51 pm »
Седан лимузина џипче, џим, моноволуменец... Риле какво ауто бараш дали имаш дефинирано ?

Најдобро за парите и најефтино на цена.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #107 на: 28 Јануари 2019, 19:12:56 pm »
18к за дизел куга е прекрасна понуда.

Отсутен rile

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 51
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #108 на: 28 Јануари 2019, 19:22:39 pm »
        Инаку, само што се вратив од тест возење на тојота корола 1,4 дизел 90 коњски сили.
        Инаку денес бев и во форд и најголем впечаток ми остаи ц-макс. Кугата е најбоља (според мене), ама се беше над 22500 еура. Изложбениот модел го оставија од 18900 на 18000 евра, 1,5 дтци со 120 коњски сили. треба да го пробам деновиве, па ќе пишам. Бев и и во опел (автомакедонија), го гледав крослендот и не ми остаи некој впечаток, а и немаат тест возила. Грандлендот беше на повисоко ценовно ниво. Тоа за денеска ;D

Седан лимузина џипче, џим, моноволуменец... Риле какво ауто бараш дали имаш дефинирано ?
Пишав предходно, предност давам на СУВ класата, па после се останато. Под останато се подразбира најдобро возило во однос цена/квалитет.

Отсутен rile

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 51
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #109 на: 28 Јануари 2019, 19:23:51 pm »
18к за дизел куга е прекрасна понуда.
Лошо си ме разбрал (или пак лошо сум пишал), Ц-МАКС е 18000 евра, а куга е над 22500.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #110 на: 28 Јануари 2019, 20:23:51 pm »
@rile види @Hdmiusb каков дил избоксувал за Sportage можда можеш да го уклопиш дизелот во буџет
Утре одма одам во КИА, да видам што ќе ми кажат.
        Инаку, само што се вратив од тест возење на тојота корола 1,4 дизел 90 коњски сили. Цената падна до 16 500 и можеби има простор за уште малку. Инаку први впечатоци:
Возењето многу слично како маздата што ја имам во моментот. Ме зачуди што позади нема мулти линк. Многу помага при стабилност, а ова НОВО возило тоа го нема. Забрзувањето е солидно во пониските брзини, меѓутоа по нагорнина (приклучок на обиколница од Ѓ.Петров) нема сила. Исто така и во 6-та на мал успон бара 5-та. Како што и предпоставив. Позади задната клупа, ама искрено, како старински кревет на федери. Нема ни странична поддршка. Предните седишта солидни. Потрошувачка на тестниот модел просек 6,5 литри. Гепек одличен. Нема темпомат. Нема воздушни тунели позади. Убав 7" дисплеј.
        Се на се очекував повеќе од тојота. Ама, тоа е.
        Инаку денес бев и во форд и најголем впечаток ми остаи ц-макс. Кугата е најбоља (според мене), ама се беше над 22500 еура. Изложбениот модел го оставија од 18900 на 18000 евра, 1,5 дтци со 120 коњски сили. треба да го пробам деновиве, па ќе пишам. Бев и и во опел (автомакедонија), го гледав крослендот и не ми остаи некој впечаток, а и немаат тест возила. Грандлендот беше на повисоко ценовно ниво. Тоа за денеска ;D
Не можам да поверувам за тојотата. Затоа го отворив сајтот... која разлика во спецификации меѓу 1.4 d4d и 1.4 crdi  кој го возам на i30 и буквално немам осетено недостаток на сила.

Отсутен rile

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 51
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #111 на: 28 Јануари 2019, 20:45:31 pm »
Па ти имаш 220 Nm/1500-2750 rpm, а королата 205 / 1800-2800. Мислам дека тука е разликата.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #112 на: 28 Јануари 2019, 21:25:05 pm »
1.4 d4d е направена за економичност а не за сила. Тие 90кс се одлични за крузање 120 на автопат при тоа да троши 3.5 литри ко од шала.

Ако сакаш сила оди на 1.6 130кс и нагоре.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #113 на: 28 Јануари 2019, 21:39:08 pm »
Па ти имаш 220 Nm/1500-2750 rpm, а королата 205 / 1800-2800. Мислам дека тука е разликата.
Да, ја видов разликата. Прво бев зачуден од твојата забелешка но потоа видов спецификација...

1.4 d4d е направена за економичност а не за сила. Тие 90кс се одлични за крузање 120 на автопат при тоа да троши 3.5 литри ко од шала.

Ако сакаш сила оди на 1.6 130кс и нагоре.
Не гледам како би била поекономична кога на помал успон ќе мора да прешалташ во понизок степен и да ја рикаш на повисоки вртежи?
Ќе му дојде исто како да возиш атмосферец ;D

Отсутен rile

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 51
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #114 на: 28 Јануари 2019, 21:46:55 pm »
Па ти имаш 220 Nm/1500-2750 rpm, а королата 205 / 1800-2800. Мислам дека тука е разликата.
Да, ја видов разликата. Прво бев зачуден од твојата забелешка но потоа видов спецификација...

1.4 d4d е направена за економичност а не за сила. Тие 90кс се одлични за крузање 120 на автопат при тоа да троши 3.5 литри ко од шала.

Ако сакаш сила оди на 1.6 130кс и нагоре.
Не гледам како би била поекономична кога на помал успон ќе мора да прешалташ во понизок степен и да ја рикаш на повисоки вртежи?
Ќе му дојде исто како да возиш атмосферец ;D
Точно. Кога излегов на рамно при возењето, префрлив во 6-та, но при мала угорнина  морав да вратам назад во 5-та. На кула мислам дека и во 4-та ќе мора да се вози.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #115 на: 28 Јануари 2019, 21:57:56 pm »
Па ти имаш 220 Nm/1500-2750 rpm, а королата 205 / 1800-2800. Мислам дека тука е разликата.
Да, ја видов разликата. Прво бев зачуден од твојата забелешка но потоа видов спецификација...

1.4 d4d е направена за економичност а не за сила. Тие 90кс се одлични за крузање 120 на автопат при тоа да троши 3.5 литри ко од шала.

Ако сакаш сила оди на 1.6 130кс и нагоре.
Не гледам како би била поекономична кога на помал успон ќе мора да прешалташ во понизок степен и да ја рикаш на повисоки вртежи?
Ќе му дојде исто како да возиш атмосферец ;D
Точно. Кога излегов на рамно при возењето, префрлив во 6-та, но при мала угорнина  морав да вратам назад во 5-та. На кула мислам дека и во 4-та ќе мора да се вози.
Прашуваше за тб бидејки не си пробал.Тоа е една од разликите меѓу атмосферец и тб, во корист на тб :)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5009
  • The Spartan General
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #116 на: 28 Јануари 2019, 22:04:48 pm »
Јас возев петбрзинец тојота со 1.4 д4д една година и скоро 40к километри. Два пати патував Германија - Македонија со неа. Два пати на шетање до Австрија. Два пати на шетање до Словенија. Цела Германија ја обрнав со неа. Не беше силна. Но не беше ни мртовец. За пливање во сообраќај со 120-140 беше одлична.

На автопат и темпо до 120 беше ОК и со бучава и потрошувачка. Од 120-140 беше малку бучна поради недостаток на 6та брзина. Никогаш не прешалтав од петта во четврта на автопат низ Европа за да искачам рид, или да престигнам колона со шлепери на угорница. Единственото правило на кое треба да припазуваш е: никогаш не давај да паѓа под 1900 вртежи. Моторчето е ненормално игриво и дига вртежи како бензинец.

Инаку, за таков мал мотор, троши релативно многу. На автопат ми даваше потрошувачка од 5+ литри. На отворен регионален/магистрален околу 4-4.5. Градска 6-7литри.



Еве едно видео од мене на А9 Нирнберг - Минхен кај Инголштад. Еден Спарк ме изненади во средна лента.  ;D


Тоа бучењето после 135-140кмч ми идеше на живци.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен VW

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 47
  • TESLA фанатик
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #117 на: 29 Јануари 2019, 06:52:50 am »
Druze, gledam deka sme na ista frekvencija, i jas sum za zimanje nesto do 18.000 i nekako mislam za vrednosta za parite corollata 1.4 d4d mi e na top mesto. vtoro mesto mi e skodata sekako 1.6 tdi, bidejki momentalno vozam DSG 1.9 tdi i mu imam napraveno 300.000 bez znacitelni problemi.
megutoa mn dobro e izbalansiran 1.4 toyotata - na dolg pat vo 6ta 160km e milimetar pod 3000, toa ti kazuva za balansiranosta kako i performansot. cisto familiarna kola i za grad i za dolg pat, so dodatok thule gore bomba.

eve sega sme 3ca pa za 3 koli moze i uste extra popust...

BTW: spremen sum i elektrica da zemam ama me nerviraat vladive sto iako najaveni uste vo 2016 od Grujco a i sega od Makraduli nigde gi nema vetenite subvencii od 1.5k, 3k i 5k eura.
od elektrika sekako vaka mi se opciite:
1. Tesla model 3
2. Hundai KONA
3. Nissan LEAF

Nema mluti link za da e poeftina...
TESLA фанатик

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #118 на: 29 Јануари 2019, 07:39:35 am »
Велиш се наоѓа Тесла Модел 3 во Европа? И тоа за 18000 евра?

Успут, се наоѓа било какво ново електрично возило за 18000 евра?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Pane-G

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 251
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #119 на: 29 Јануари 2019, 07:45:46 am »
Јок, не верувам дека се наоѓа тесла за 18к ?!


Sent from my iPhone 8 Plus using Tapatalk