Автор Тема: Ново возило до 18000 евра  (Прочитано 64397 пати)

Отсутен rile

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 51
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #45 на: 25 Јануари 2019, 21:29:55 pm »
А зошто не ја погледнеш Аурис хибрид или Аурис Хибрид караван?

Наскоро треба да се менува како модел и можеби ќе ти понудат убава цена. Возилото е одно од најлесните за возење плус 6 години гаранција и 200.000км. Имаа и едно возило на тест можеби ќе се најде некое такво.

П.С. 308 со новиот менувач и дизел е добитна комбинација моментално на пазарот. Мислам дека ќе се спогодите ако отидеш и подискутираш без брзање. Прекрасен гепек и изглед со новите проекторски фарови.

П.П.С исто Цмакс има промоција за 16000 екобуст, може да имаат фокус 1.5тдци од стариот поубавиот - иако тешко. А и новиов види како е со цени, дали спаднал.
Прво што прашав во тојота беше аурисот хибрид. Ама немаат ниту еден. За форд треба да одам таму па да видам што можат да ми понудат. Ќе пишам после посета таму.

Отсутен rile

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 51
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #46 на: 25 Јануари 2019, 21:32:31 pm »
1.0 тси e тој што вади добри цифри.

Да, за градска, ама на отворено мислам горе долу исти цифри вадат 1.0, 1.2 и 1.4..Реферирам на тоа што сум читал и гледал. Конкретно, 1.4 тси и 1.2 тси на 120km/h имаат горе/доле иста потрошувачка.
Повели ценовник за Голф. Пронајди 1.2 и 1.4. :) :) :)



Како и да е човекот сака дизел.
Точно ;)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #47 на: 25 Јануари 2019, 21:38:05 pm »
Првин морам да признаам дека предност давам на SUV класата
Не си ја мачи душата, оди и земи Спортаж за 20000 рамно дизел. И заврши си работа. Друго се е од Сув е со маржите у небеса забегано.

Аурис нема, а...? Штета. А убаво ете и ти тоа си прашал.

Отсутен rile

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 51
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #48 на: 25 Јануари 2019, 21:40:07 pm »
...

Другар тука подобро ќути си и не препорачувај туку така. Ќе јадеш ќотек од нинџите.  ;D

пс. За тие пари Октавија. Најразумен компромис. Или Корола 1.6. Ако си мерак на дизел, 1.4 д4д е одличен мотор. Кај мене беше со пет брзини и беше многу добар. Со шест брзински менувач, ќе биде одличен.
Ако останат овие две како последен избор, би ја избрал королата. Сега возам јапонец и сум многу задоволен. Другар ми има голф 6 2008 и не е баш најзадоволен.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #49 на: 25 Јануари 2019, 21:51:15 pm »
Само караван барај.

Тојота има акција на дизел моделите бидејки ќе прекине да нуди дизел мотори. Ама јас би земал караван по и да е

Отсутен rile

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 51
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #50 на: 25 Јануари 2019, 21:52:19 pm »
...Годишно поминувам некаде околу 15000 км, така да само дизел ми иде у опција. Инаку сме 4-воро члено семејство, значи сум за фамилијарно возило. ...

Прво, тргни со фактот дека е 2019-та, а размислуваш како за 2005-та, т.е кога земјината топка беше погонивана од 2 врзани 1.9 тди модори
Второ, расчисти што за тебе (не за другите) значи 4-воро члено семејство на кое му е потребна фамилијарна кола, односно дали ќе е единствено возило во семејството и дали од тие 15К годишно 3К се на отворен пат.

Трето, повози:
 - Форд Екобуст
 - Голф ТСИ
 - Леон ТСИ
 - Октавија ТСИ
 - Пежо 308 ТХП

Четврто, избери фо она од погорните кое ти прави најмногу ќеф, т.е. каде ќе добиеш најдобар пакет за сумата (сите се зимаат во твојот ценовен ранг).

Петто, не не заборавај и после еден месец пиши тука каква боја Спортаж си порачал  :)
Хахаха мислам дека ако успеам за петото, ќе ја затворам темата бргу.
Значи, не сакам бензин. Колата ќе биде единствено возило во фамилијата, а на отворено ќе поминува 50% од км. Сите возила што си ги навел се бензинци. Ама нема везе, ќе пробам некој од нив (мислам пежото ќе биде)

Отсутен rile

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 51
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #51 на: 25 Јануари 2019, 22:00:42 pm »
Ако гледаш Октавија, тогаш дизајнот не ти е на високо место во барањата.
Во тој случај ѕирни и http://mirkat.com.mk/suzuki/cars/cenovnici/Cenovnik_Suzuki_S-Cross.pdf со 1.4 турбо мотор во GL+.
Мислам крајната цена ќе биде околу 18000.
Ништо лично против сузуки, ама есенва поминав чисто онака и само што беше пристигнат с-кросот. А јас прашував за витарата. Продавачот ми понуди користена со фул опрема за пристојна цена со околу 20000 км. поминато. Ама при разгледување напред на маската кај хромираниот дел (ако и беше хромирано) имаше подувани делови нешто како да е залепена фолија врз пластиката. И тука ми се скрши ќеф за било кое сузуки. А витарата скоро па нова.

Отсутен rile

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 51
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #52 на: 25 Јануари 2019, 22:03:36 pm »
Само Октавија ,Голф и Пежо тие било кои да ги земеш и ИЧ не се замарај само така кога ќе ви помине меракот е тогаш полесно ќе продадеш , а другите ЈОК никој не помислува иако се добри и тие


Sent from my iPhone 8 Plus using Tapatalk
Тоа држи вода, ама за прекупец што препродава коли. Јас не сакам да ми помине меракот  :)

Отсутен rile

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 51
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #53 на: 25 Јануари 2019, 22:08:44 pm »
Ако ти е страв од висока потрошувачка еве ти една статија за потрошувачката на Пежо 308...ОК ова е во утописки услови ама сепак нема многу да ќариш со дизелот а ќе ја купиш поскапо и ќе имаш поскапи трошоци за оддржување.


https://www.carsguide.com.au/car-news/peugeot-308-sets-fuel-record-28330



п.с. бев ептен загреан за Голфот и нема кола што не ја пробав во тој ценовен ранг....крај на Декември нарачав 308 1.2 130кс, испорака ќе биде Март годинава и сметам дека за таа цена што ја платив извадив фамилијарна кола со страшно многу опрема и фантастичен мотор.
п.с. далеку испод 18.000 еур
2,37!?!? Па кај ја мереле, во безтежинска состојба :P

Отсутен rile

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 51
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #54 на: 25 Јануари 2019, 22:15:05 pm »
Ве читам и искрено не сваќам.
Изборот треба да биде после тест возење кое возило со кој мотор најмногу ќе го бендиса.
Дали дизел или бензин сеедно, што толку против дизел.
Јас на пример земав дизел возило, и уште сто пати да бирам пак дизел ќе одберам зошто начинот на кој се движи ТОА возило со дизел мотор мене повеќе ми се свиѓа.

едит: Без муабети дека у Германија го забрануваат дизелот дрн дрн... вчера бев на некоја дешавка/презентација на DKT- Secure Trafic Solutions, и ако до вчера мислев дека сме 50 години позади нив вчера сватив дека сме 100 години позади нив кога е во прашање свеста за сообраќајот.
Дизел е супер опција за кај нас, ако не возиш по 2 км во правец дневно.

Инаку вака на прва за оваа сума изгледа дека има огромен избор а усвари многу заебана сума е, мал мотор со опрема или голем мотор гола кола, двете нема за овие пари од компакт класа.
Најреално согледување, барем според мене. Сосема различни возни својства помеѓу бензин и дизел. А и автономијата е поголема на дизелот. Итн итн итн ... Калимеро се согласувам во потполност со тебе.

Отсутен rile

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 51
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #55 на: 25 Јануари 2019, 22:24:03 pm »
Првин морам да признаам дека предност давам на SUV класата
Не си ја мачи душата, оди и земи Спортаж за 20000 рамно дизел. И заврши си работа. Друго се е од Сув е со маржите у небеса забегано.

Аурис нема, а...? Штета. А убаво ете и ти тоа си прашал.
Сепак да прошетам, да видам, да не ме јаде јанѕа дека не сум видел и по други места, а и не е лошо да споделиме по некое искуство плус. А аурис нема, за жал. Ама новиот RAV-4 е ЛУДНИЦА. Барем за мене. Многу боље изгледа него стариот.

Отсутен rile

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 51
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #56 на: 25 Јануари 2019, 22:28:45 pm »
Само караван барај.

Тојота има акција на дизел моделите бидејки ќе прекине да нуди дизел мотори. Ама јас би земал караван по и да е
Точно е дека нема да има повеќе дизели. А за караван .... ствар на вкус  :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #57 на: 26 Јануари 2019, 14:41:04 pm »
Само караван барај.

Тојота има акција на дизел моделите бидејки ќе прекине да нуди дизел мотори. Ама јас би земал караван по и да е
Точно е дека нема да има повеќе дизели. А за караван .... ствар на вкус  :)

И јас гравитирам накај таа идеја. Да не отварам и јас тема со ист наслов, со твоја дозвола би ти се придружил во дискусијата, а може и во потрагата :)
Да извадиме некое евро попуст за две коли :D

Отсутен rile

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 51
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #58 на: 26 Јануари 2019, 14:57:23 pm »
Само караван барај.

Тојота има акција на дизел моделите бидејки ќе прекине да нуди дизел мотори. Ама јас би земал караван по и да е
Точно е дека нема да има повеќе дизели. А за караван .... ствар на вкус  :)

И јас гравитирам накај таа идеја. Да не отварам и јас тема со ист наслов, со твоја дозвола би ти се придружил во дискусијата, а може и во потрагата :)
Да извадиме некое евро попуст за две коли :D
Секако, ќе ми биде мило. Што повеќе дискусии, тоа повеќе искуства  :)

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #59 на: 26 Јануари 2019, 14:58:11 pm »
Караван е добра работа, следната кола ќе гледам да биде караван. Удобно и практично возило

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk