Секако, затоа и ги возиме возилата. Затоа и има тестови на Cаrclub. Ете погоре и статистики од луѓе кои ги возат тие возила секојдневно, не се каталошки бројки.
Ако мислиш дека CHR hibrid ќе има слична потрошувачка со 1.5TSI DSG во Карок пак би сакал да ти посочам дека имаш несоодветни информации. Во град разликата е многу поголема во корист на CHR со сигурност. А на отворено би те замолил да пробаш уште еднаш ако имаш шанса. Во што е можно поконтролирани услови. Ќе увидиш дека Карокот на 120кмч троши околу 8,0-8,2л/100км, а CHR е околу 6,0-6,2л/100км. Додека Карокот на 140кмч троши околу 9,6-9,8л/100км, а CHR троши околу 7.8-8,0л/100км, според моето искуство.