Фино аутце. Го имам 3 години и сум презадоволен. Стабилна и релативно ниска потрошувачка, моќно, високо и удобно на Скопскиов асфалт.
До сега не сум заглавил никаде, со зимни гуми, на скијање ме носи како на шини. Од опрема имам само тоа што ми ставиле во фабрика, докупено имам само туле за скии.
Ниска потрошувачка значи 7 во град со штедење 8 со нормална вожња. Лето-зимо. Климата надокнадува за поладното
Слободно прашајте се што ве интересира за колава. Треба да го исперам и сликам за да ставам мои слики.
Промена:
http://imgur.com/a/PvuMP#0 Слики од 11.16.2011. Мојот модел напред имаше напред доле пластична лајсна по боја иста со онаа лајсната позади, меѓутоа мајка ми еднаш и го најде крајот на некој стуб па си ја возам во гепек. И онака се мислев да ја вадам.
Еве уште некој детал за колата.
- Ретровизорите му се ко клемпави уши, големи и дефинитивно прегледни. На престројување нема никаква потреба да се поместиш за да видиш било кој агол. За рикверц нема никаква потреба да се вртиш позади или уопште да размислуваш дали можеш да поминеш.
- Колата е бучна, во град не се слуша меѓутоа на отворено кога ќе се вози над 140 се осеќа нејзината бучност. Не е да не можеш да седиш, меѓутоа не е тивко како во некој од поскапите компакти.
- Дупки во град не постојат. Ја гледаш дупката, ја погодуваш дупката меѓутоа не осеќаш дека си го направил тоа.
- Моторот е доволно стартен и еластичен. Не е за тркање, меѓутоа секогаш кога сум сакал да претекнам сум го направил тоа. Ми се сфиѓа што на угорница воопшто не губи моќ. Не е доволно еластичен за да се вози во угорница во 4та на 40.
- Фабрички стигна со 8 звучника кои импресионираат со моќ и квалитет. Фабричкото озвучување е пионир, меѓутоа не е брендирано.
- Кога ќе уклучиш клима не се осеќа дека е уклучена за разлика од многу останати коли со 1.6 и помал мотор.
- Никој да не се излаже дека колата е стабилна и сака побрза вожња. Нејќе. Стабилна е, ама се осеќа дека е висока секогаш кога ќе влезам побрзо во кривина.