Автор Тема: Suzuki SX4 1.6 117hp  (Прочитано 9050 пати)

Отсутен Dimitarc

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Suzuki SX4 1.6 117hp
« на: 16 Ноември 2011, 10:35:02 am »

Фино аутце. Го имам 3 години и сум презадоволен. Стабилна и релативно ниска потрошувачка, моќно, високо и удобно на Скопскиов асфалт.
До сега не сум заглавил никаде, со зимни гуми, на скијање ме носи како на шини. Од опрема имам само тоа што ми ставиле во фабрика, докупено имам само туле за скии.

Ниска потрошувачка значи 7 во град со штедење 8 со нормална вожња. Лето-зимо. Климата надокнадува за поладното ;)

Слободно прашајте се што ве интересира за колава. Треба да го исперам и сликам за да ставам мои слики.

Промена: http://imgur.com/a/PvuMP#0 Слики од 11.16.2011. Мојот модел напред имаше напред доле пластична лајсна по боја иста со онаа лајсната позади, меѓутоа мајка ми еднаш и го најде крајот на некој стуб па си ја возам во гепек. И онака се мислев да ја вадам.

Еве уште некој детал за колата.
- Ретровизорите му се ко клемпави уши, големи и дефинитивно прегледни. На престројување нема никаква потреба да се поместиш за да видиш било кој агол. За рикверц нема никаква потреба да се вртиш позади или уопште да размислуваш дали можеш да поминеш.
- Колата е бучна, во град не се слуша меѓутоа на отворено кога ќе се вози над 140 се осеќа нејзината бучност. Не е да не можеш да седиш, меѓутоа не е тивко како во некој од поскапите компакти.
- Дупки во град не постојат. Ја гледаш дупката, ја погодуваш дупката меѓутоа не осеќаш дека си го направил тоа.
- Моторот е доволно стартен и еластичен. Не е за тркање, меѓутоа секогаш кога сум сакал да претекнам сум го направил тоа. Ми се сфиѓа што на угорница воопшто не губи моќ. Не е доволно еластичен за да се вози во угорница во 4та на 40.
- Фабрички стигна со 8 звучника кои импресионираат со моќ и квалитет. Фабричкото озвучување е пионир, меѓутоа не е брендирано.
- Кога ќе уклучиш клима не се осеќа дека е уклучена за разлика од многу останати коли со 1.6 и помал мотор.
- Никој да не се излаже дека колата е стабилна и сака побрза вожња. Нејќе. Стабилна е, ама се осеќа дека е висока секогаш кога ќе влезам побрзо во кривина.
« Последно менување: 16 Ноември 2011, 20:12:30 pm Dimitarc »
2007 Suzuki SX4 1.6l 117hp
2005 Daewoo Matiz 0.8 47hp LPG

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Suzuki SX4 1.6 117hp
« Одговори #1 на: 16 Ноември 2011, 10:37:39 am »
Ова ми е фаворит од секогаш. Имам седнато во продажен салон, типичен јапонец за европски пазар.
Дизелче е? 4х4 е?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Suzuki SX4 1.6 117hp
« Одговори #2 на: 16 Ноември 2011, 10:41:48 am »
Добредојде! SX4-ката ми има оставено одлични впечатоци!

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Suzuki SX4 1.6 117hp
« Одговори #3 на: 16 Ноември 2011, 10:42:26 am »
Ајде добредојде. И мене ова ми е многу убаво количе. Дали дека ги сакам Сузуки, незнам. Ама ова ми е од стално убаво. Убав мотор, убаво пренос. Одлично е.
Со здравје да си го возиш. И чекаме слики.

Отсутен Dimitarc

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг: Suzuki SX4 1.6 117hp
« Одговори #4 на: 16 Ноември 2011, 10:43:31 am »
Не, бензинче и погон на предни.

Меѓутоа за сите 5 пати во годината кога се вози на црн пат се понаша многу подобро од било кое друго нормално возило (има некоја електроника што го контролира погонот), а за на снег (идам на скијање секој викенд) со зимни гуми никогаш не сум заглавил. Сум искачал и од 30-40цм снег.

Кога ќе имате нареден собир ќе го донесам да го видиш малку поубаво. Ако ви е собирот пред февруари. После февруари ќе носам нешто поегзотично :)

//Добренајдов zeroSignal, тука сум јас подугачко само сеа се решив да пишам.
2007 Suzuki SX4 1.6l 117hp
2005 Daewoo Matiz 0.8 47hp LPG

Отсутен google

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2396
Одг: Suzuki SX4 1.6 117hp
« Одговори #5 на: 16 Ноември 2011, 10:44:51 am »
top e kolicevo, mnogu mi prae merak, samo nesto mi se mesaat so FIAT i toa ne mi se svigja bash...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Suzuki SX4 1.6 117hp
« Одговори #6 на: 16 Ноември 2011, 10:46:39 am »
Јас сум импресиониран од Сузуки но ова го немам повозено. Дефинитивно ќе биде на листата! Добредојде! :) Ќе донираш и со твоето едно кругче или квадратче.

Отсутен Dimitarc

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг: Suzuki SX4 1.6 117hp
« Одговори #7 на: 16 Ноември 2011, 10:50:58 am »
top e kolicevo, mnogu mi prae merak, samo nesto mi se mesaat so FIAT i toa ne mi se svigja bash...
Целиот дизајн е на фијат. Колата е соработка помеѓу фијат и сузуки. Дизајнот и дизел моторот се комплетно на Фиат додека се останато е произведено во Јапан и е на Сузуки.

Колата се произведува во Јапан или Унгарија.

Fiat Sedici е истото тоа возило, под производство на фиат и се произведува исклучиво во Унгарија, во фабриката на сузуки.

Suzuki SX4 се произведува во Јапан и Унгарија. Се познава по тоа што на тоа што е произведено во Јапан антената му е позади и шал таблата е малку по пластична (стандард за екологија, во јапан не можат да користат нафтени деривати за тоа). Моето е Јапонско.
2007 Suzuki SX4 1.6l 117hp
2005 Daewoo Matiz 0.8 47hp LPG

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Suzuki SX4 1.6 117hp
« Одговори #8 на: 16 Ноември 2011, 10:58:24 am »
Со здравје да си го возиш ,одлично количе со одлично моторче имаш
Стави слики
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Suzuki SX4 1.6 117hp
« Одговори #9 на: 16 Ноември 2011, 11:02:22 am »
Честитки и многу безгрижни километри !!!!

Отсутен The Boy Next Door

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 491
  • Pug 205 GTI - the drive of your life !
Одг: Suzuki SX4 1.6 117hp
« Одговори #10 на: 16 Ноември 2011, 11:05:44 am »
Многу топ ауто,да си го изнавозиш. ;D ;)
Не возам брзо, ниско летам.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Suzuki SX4 1.6 117hp
« Одговори #11 на: 16 Ноември 2011, 13:10:25 pm »
Одлично аутце. Само немој да му мењаш уље дури на 50 000 км. ;D ;D ;D ;D

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Suzuki SX4 1.6 117hp
« Одговори #12 на: 16 Ноември 2011, 13:47:24 pm »
Добредојде :)

Баш го разгледував деновиве возилцево пошто имаат некоја кампања во Сузуки и го даваат за поволно :)
Супер си е.

Отсутен Dimitarc

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг: Suzuki SX4 1.6 117hp
« Одговори #13 на: 16 Ноември 2011, 17:23:04 pm »
Добредојде :)

Баш го разгледував деновиве возилцево пошто имаат некоја кампања во Сузуки и го даваат за поволно :)
Супер си е.

Денес бев на сервис со моето (прва генерација) и го возев новото што е трета генерација. Моторот е малку по бучен, малку по тромав (иако има 3 коњски сили повеќе), меѓутоа троши 1-1,5 литри помалку. Што не е мала работа.

Изработката му е малку поефтина во смисла дека тапацир на врати нема, тапацир на седишта е малку чуден, сите пластики, рачки за отварање врата и сл. се понежни и се осеќаат поефтино. На сметка дека имаш целосен борд компјутер и прекрасна шал табла (целосно редизајнирана).

Меѓутоа и колата е 4.000 евра поефтина од тоа што татко ми ја плати. Дефинитивно нека ти биде опција ако размислуваш за нова кола. Прекрасно е.
2007 Suzuki SX4 1.6l 117hp
2005 Daewoo Matiz 0.8 47hp LPG

Отсутен ViksaSk

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1225
Одг: Suzuki SX4 1.6 117hp
« Одговори #14 на: 16 Ноември 2011, 17:32:56 pm »
Интересно аутце баш за скопскиве улици е ххх инаку како е со просторот внатре?