Автор Тема: Помал бандаж или повисока гума за помека вожња?  (Прочитано 7882 пати)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7278
Го пребарав подформумов за слична тема, ама ако има, нека прости класниот.

Количето оригинално го купив со 19-ки, со 235х35х19, и по нашиве патишта се однесуваше како да возиш по трупци. Работата се потсмири со помал бандаж, 18-ка со 235х40х18. Арно ама, последниве месец два почна секоја дупка да ми иде на нерви.

Дилемата е дали да земам само нови повисоки гуми, 50-ка на 18", или да идам на радикална промена со нови бандажи 17-ка, со 50-ка гума. Знам дека во последниов случај ке има влијание и на кривини, и на стабилност, ама комфорот ми е некако на прво место и би сакал помека вожња.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Помал бандаж или повисока гума за помека вожња?
« Одговори #1 на: 29 Ноември 2018, 15:45:38 pm »
Спрема насловот се знае, помал бандаж и повисока гума ти е добитна комбинација за комоција.
Маааааа да, ако прашуваш за Аудито, пошто е VAG групација, ја би идел на други амортизери т.е коиловерчиња со штелување висина и мекост.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Помал бандаж или повисока гума за помека вожња?
« Одговори #2 на: 29 Ноември 2018, 16:24:40 pm »
Еве ќе ви ја откријам тајната на Мерцедес, БМВ, Ауди и другите удобни брендови: зимски 195/65 R15 на 1.7бари. Лага е нивната врвна суспензија, шасија, чаури, амортизери...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Помал бандаж или повисока гума за помека вожња?
« Одговори #3 на: 29 Ноември 2018, 16:33:26 pm »
Секогаш најмал бандаж што може за колата и соодветна гума.

Гумата е основата на суспензијата која прва ги впива сите нерамнини.

Пробај стави 17ки, мислам дека многу ќе ти се допадне резултатот.

Секако ова е мое мислење, и мој вкус за кола.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Помал бандаж или повисока гума за помека вожња?
« Одговори #4 на: 29 Ноември 2018, 16:34:43 pm »
Еве и овде на 1:21 Џереми објаснува за M+S 195/65 R15, тајната на удобноста.

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Помал бандаж или повисока гума за помека вожња?
« Одговори #5 на: 29 Ноември 2018, 16:40:48 pm »
Само 15ки бајо, ако не ги збира барај small brake kit

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7278
Одг: Помал бандаж или повисока гума за помека вожња?
« Одговори #6 на: 29 Ноември 2018, 18:47:02 pm »
Спрема насловот се знае, помал бандаж и повисока гума ти е добитна комбинација за комоција.
Маааааа да, ако прашуваш за Аудито, пошто е VAG групација, ја би идел на други амортизери т.е коиловерчиња со штелување висина и мекост.

Aудито има комфорт мод за возење, каде колата станува помека, ама сепак, и тоа не е доволно со 18-ките. Пре би ставил помал бандаж, отколку да ги пипам амортизерите.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
Одг: Помал бандаж или повисока гума за помека вожња?
« Одговори #7 на: 29 Ноември 2018, 22:05:49 pm »
Какви гуми возиш во моментов? Марка и модел?

Јас би останал на 18-ка, само би прочепкал тестови да видам кои се покомфорни гуми. И би намалил притисок малку.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2678
Одг: Помал бандаж или повисока гума за помека вожња?
« Одговори #8 на: 29 Ноември 2018, 23:22:04 pm »
Vo F1 vozat so 13ka bandas i visoka guma pa voznjata ne e bas najkomforna :)

Nemas potreba nisto poveke od edna brojka pomal bandas, edna brojka povisoka guma, i pred se pravilen izbor na komforna guma.
Da receme Michelin Primacy.

Istovremeno proveri gi amortizerite.
Ako ti se za zamena ili priblizno za zamena zemi nekoj brend koj spaga vo pokomforni.
Ima da te preporodi.
Mene amortizerite mi otvrdnaa, i gi smeniv iako na dva aparata pokaza deka ne se za menuvanje.
Gumite od Bridgstone prejdov na Michelin a pri toa gi zadrzav dimenziite.
Sega e druga kola.

Spiralite fabricki se?

Sto guma imas sega, marka model?

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Помал бандаж или повисока гума за помека вожња?
« Одговори #9 на: 30 Ноември 2018, 15:00:16 pm »
Стави си еден број помали бандажи со повисока гума, само така ќе забележиш подобрување во комфор без многу да изгубиш од изглед.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Помал бандаж или повисока гума за помека вожња?
« Одговори #10 на: 30 Ноември 2018, 16:37:44 pm »
Читајте малку, човекот ставил помал бандаж од 19ка на 18ка со што има разлика ама не му тоа тоа.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Помал бандаж или повисока гума за помека вожња?
« Одговори #11 на: 30 Ноември 2018, 17:27:13 pm »
Доколку ширината и висината се исти, нема да напраи голема разлика на удобноста 17 вс 18. Значи 235/50/18 и 235/50/17 малтене исто ќе бидат удобни. Не е лошо една проверка на амортизери да удриш пред да превземаш нешто со гумите.  235/50/18 ќе изгледа ко трактор. 235/50/17 ќе изгледа подобро - поскладно на колата, ем веројатно е препорачана или блиску до препорачаната димензија за колата.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7278
Одг: Помал бандаж или повисока гума за помека вожња?
« Одговори #12 на: 02 Декември 2018, 04:00:05 am »
Какви гуми возиш во моментов? Марка и модел?

Јас би останал на 18-ка, само би прочепкал тестови да видам кои се покомфорни гуми. И би намалил притисок малку.

Летни имам Пирели Пи Зиро Неро, дојдоа со бандажите, а од пред некој ден ставив зимски Нокиан, со што уште повеќе се стврдна вожњата, ма да, ова ми беше очекувано, тука не се жалам.

Доколку ширината и висината се исти, нема да напраи голема разлика на удобноста 17 вс 18. Значи 235/50/18 и 235/50/17 малтене исто ќе бидат удобни. Не е лошо една проверка на амортизери да удриш пред да превземаш нешто со гумите.  235/50/18 ќе изгледа ко трактор. 235/50/17 ќе изгледа подобро - поскладно на колата, ем веројатно е препорачана или блиску до препорачаната димензија за колата.

Моментално имам 40-ка. 50-ка на 18-ка гледам по форуми дека не препорачуваат, 45-ка ко највисока гума. Нарачав 17-ки бандажи и ке земам помека 50-ка гума, најверојатно Ultrac Satin, па ке видиме, ке истестирам, па ке пишам впечатоци.

Vo F1 vozat so 13ka bandas i visoka guma pa voznjata ne e bas najkomforna :)

Nemas potreba nisto poveke od edna brojka pomal bandas, edna brojka povisoka guma, i pred se pravilen izbor na komforna guma.
Da receme Michelin Primacy.

Istovremeno proveri gi amortizerite.
Ako ti se za zamena ili priblizno za zamena zemi nekoj brend koj spaga vo pokomforni.
Ima da te preporodi.
Mene amortizerite mi otvrdnaa, i gi smeniv iako na dva aparata pokaza deka ne se za menuvanje.
Gumite od Bridgstone prejdov na Michelin a pri toa gi zadrzav dimenziite.
Sega e druga kola.

Spiralite fabricki se?

Sto guma imas sega, marka model?

Се сомневам дека нешто е менувано, колата ја зедов на уште не направен прв сервис, и има 26.000 поминато. Ке ги проверам и нив за секој случај, ма да, се сомневам дека тука би бил проблемот.
« Последно менување: 02 Декември 2018, 04:24:18 am Tommy »

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2678
Одг: Помал бандаж или повисока гума за помека вожња?
« Одговори #13 на: 02 Декември 2018, 14:19:29 pm »
17ka bandas so visina 50 e ekstremno poskapa od 45ka (duri i do 50%), vidi dali ti se isplati.

Na niskive temperaturi mi "otvrdnaa" site koli na razni zimski gumi, taka da zemi go i toa vo predvid.

Gledaj otarasi se od Pirelito prva prilika, po moznost zameni gi so Michelin Primacy ili druga pomeka guma soodvetno na budjetot.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Помал бандаж или повисока гума за помека вожња?
« Одговори #14 на: 02 Декември 2018, 14:23:04 pm »
Мене 159ката ми омекна денес :) од 245/40 18 на 225/50 17  :)