Го пребарав подформумов за слична тема, ама ако има, нека прости класниот.
Количето оригинално го купив со 19-ки, со 235х35х19, и по нашиве патишта се однесуваше како да возиш по трупци. Работата се потсмири со помал бандаж, 18-ка со 235х40х18. Арно ама, последниве месец два почна секоја дупка да ми иде на нерви.
Дилемата е дали да земам само нови повисоки гуми, 50-ка на 18", или да идам на радикална промена со нови бандажи 17-ка, со 50-ка гума. Знам дека во последниов случај ке има влијание и на кривини, и на стабилност, ама комфорот ми е некако на прво место и би сакал помека вожња.