Автор Тема: kupuvanje na novo vozilo KIA Sportage vs SUZUKI Vitara  (Прочитано 116842 пати)

Отсутен Hdmiusb

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 117
Одг: kupuvanje na novo vozilo KIA Sportage vs SUZUKI Vitara
« Одговори #30 на: 28 Ноември 2018, 15:16:35 pm »
Нова кола или половна ќе купуваш :)
heheh nova nova.No ete me interesira kako e za odrzvuvanje sepak da vidam so kako se trosocite.... gazot dlai mi drzi  :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: kupuvanje na novo vozilo KIA Sportage vs SUZUKI Vitara
« Одговори #31 на: 28 Ноември 2018, 15:23:30 pm »
Се што ти фаќа око, извози тест возење, успут прашај си за редовни сервиси. За другото не размислувај, ќе ја урочиш некупена :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: kupuvanje na novo vozilo KIA Sportage vs SUZUKI Vitara
« Одговори #32 на: 28 Ноември 2018, 15:34:24 pm »
7 години гаранција има против уроци.

Отсутен Hdmiusb

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 117
Одг: kupuvanje na novo vozilo KIA Sportage vs SUZUKI Vitara
« Одговори #33 на: 28 Ноември 2018, 15:36:20 pm »
Uste nekoj da kaze kako od KIA da izvlecam popust :) Vitata davaat popust davaat i neso plus. veke opiprav teren :)
No kaj KIA nekat ni da cujaat

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: kupuvanje na novo vozilo KIA Sportage vs SUZUKI Vitara
« Одговори #34 на: 28 Ноември 2018, 15:42:17 pm »
Uste nekoj da kaze kako od KIA da izvlecam popust :) Vitata davaat popust davaat i neso plus. veke opiprav teren :)
No kaj KIA nekat ni da cujaat
Класата на кола не е иста и таа цена за Спортажот е веќе стравотно ниска што нема ни конкуренција на пазаров. Незнам на која основа може да би спуштиле цена. Не се надевај на некој попуст.

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: kupuvanje na novo vozilo KIA Sportage vs SUZUKI Vitara
« Одговори #35 на: 28 Ноември 2018, 15:44:47 pm »
Јас имам Vitara 2015та 1.6ddis 4x4 glx опрема. Ја земавме поради 4х4 системот и големиот простор, а тоа што е бааги лесна (нешто над 1200кг) не троши, добро оди и одлично се однесува на пат е бонус :)

Е сега, возењето на 4х4 во спорт мод и предна влеча - ауто мод е ден и ноќ разлика, така да не можам да ти кажам како би се однесувало тоа возило со само предна влеча. Можеш да рачунаш на многу ниска потрошувачка со турбо бензинецот (директно убризгување) огромна прегледност и доста солидни перформанси како за SUV.

За редовен сервис не знам цени пошто уште не дошол редот за тоа.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: kupuvanje na novo vozilo KIA Sportage vs SUZUKI Vitara
« Одговори #36 на: 28 Ноември 2018, 15:49:00 pm »
Нова кола или половна ќе купуваш :)
heheh nova nova.No ete me interesira kako e za odrzvuvanje sepak da vidam so kako se trosocite.... gazot dlai mi drzi  :)
Бидејки е таква работата, немој да заборавиш да се распрашаш колку чинат гуми во соодветната димензија. Чисто да видиш, чергата (психолошки) :)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: kupuvanje na novo vozilo KIA Sportage vs SUZUKI Vitara
« Одговори #37 на: 28 Ноември 2018, 15:53:23 pm »
Затоа што генерално не ми се допаѓаат SUV/CUV возилата ,заради причините кои ги кажа ZlatkoA, јас ќе ти понудам алтернативни возила.

Peugeot 308
https://www.peugeot.mk/ponudi

Mazda 3 hatch/sedan
http://mazda.mk/mazda3-hechbek/

Alfa Romeo Giulietta
https://www.alfaromeo.mk/model/giulietta/

Ford Focus
http://ford.mk/all-new-focus-2

KIA Ceed
http://www.kiamotors.com.mk/model_package.php?model=ceed

Hyundai i30
http://www.hyundai.com.mk/Model/I30

Opel Astra
https://www.opel.mk/avtomobili/asortiman-na-opel/avtomobili/astra-5-vrati/index.html

Сигурно и Голф има за таа цена.
Според мене се ова е подобра опција од тие две шо ги имаш пикирано.

Отсутен Hdmiusb

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 117
Одг: kupuvanje na novo vozilo KIA Sportage vs SUZUKI Vitara
« Одговори #38 на: 28 Ноември 2018, 15:54:23 pm »
Јас имам Vitara 2015та 1.6ddis 4x4 glx опрема. Ја земавме поради 4х4 системот и големиот простор, а тоа што е бааги лесна (нешто над 1200кг) не троши, добро оди и одлично се однесува на пат е бонус :)

Е сега, возењето на 4х4 во спорт мод и предна влеча - ауто мод е ден и ноќ разлика, така да не можам да ти кажам како би се однесувало тоа возило со само предна влеча. Можеш да рачунаш на многу ниска потрошувачка со турбо бензинецот (директно убризгување) огромна прегледност и доста солидни перформанси како за SUV.

За редовен сервис не знам цени пошто уште не дошол редот за тоа.

pa vitarata nekade trosi do 7.5 -8 a  sprotage  9 litra sigurno mozda i do 10.

Отсутен Hdmiusb

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 117
Одг: kupuvanje na novo vozilo KIA Sportage vs SUZUKI Vitara
« Одговори #39 на: 28 Ноември 2018, 15:57:52 pm »
Uste nekoj da kaze kako od KIA da izvlecam popust :) Vitata davaat popust davaat i neso plus. veke opiprav teren :)
No kaj KIA nekat ni da cujaat
Класата на кола не е иста и таа цена за Спортажот е веќе стравотно ниска што нема ни конкуренција на пазаров. Незнам на која основа може да би спуштиле цена. Не се надевај на некој попуст.

Sekoja cena e podlezna popust. OD luge imam razbrano deka davaat i suzuki i kia. Bez razlika sto e na akcija nekoja..... Sekoj menadzer ima mehanizmi da dade 5-10 posto...
Od suzuki sum zadovolen no kia tesko reagiraaat >:( >:(

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: kupuvanje na novo vozilo KIA Sportage vs SUZUKI Vitara
« Одговори #40 на: 28 Ноември 2018, 15:58:48 pm »
Од наведениве 308 мицата треба да е многу добра опција. Особено што нуди убедливо најголем гепек 470л, за разлика од другите 320-380. Сега моделски е фејслифтирана со отстранети грешки. Нов сменет милион пати подобар менувач од стариот. Меѓу најдобрите шасиски на мус тест. Одличен турбо бензин пјуртек.

Стварно може да конкурира на поголеми возила 308мицата, заради добрата архитектура на просторот. Остатокот е само бонус. Мислам дека опремена ќе е докај 17.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: kupuvanje na novo vozilo KIA Sportage vs SUZUKI Vitara
« Одговори #41 на: 28 Ноември 2018, 16:11:02 pm »
Ми стигна новиот Спортаж и неколку hands on искуства:
- Седењето е одлично, се седи повисоко но не си како во комбе како кај некои возила од оваа класа. Простор има МНОГУ, од сите страни.
- Прегледноста сега за сега ми е во ред, сум имал потреба да влегувам и излегувам од некои тесни ситуации без никаков проблем. Да, пошироко и поголемо возило е, меѓутоа маневрирањето не е комплицирано. Со лесниот и мал волан сето тоа е уште полесно.
- Немам долга релација возено, меѓутоа како нова кола се развозував низ град од мерак. Не осетив ни грам замор. Седиштата се убави и големи, позади просторот е незаменлив, посебно со задната клупа што се спушта дополнително за додатна удобност.
- Го земав со 1.6 ГДИ моторот без турбо од финансиски причини. Да, тром е и се осеќа. АМА не е полжав. Си повлекува кога ќе го стиснеш и кога ќе кренеш обртаи. Не е како турбо како и да е.
- Потрошувачка сега за сега по изминати нешто помалку од 400 километри е 8.2 по борд. 95% е возено град, отворено е видено 2-3 пати до Белви. Ќе се вози на подолга релација на отворено зимава па ќе кажам тогаш. Верувам дека ауто старт-стоп функцијата игра улога тука, а и 6 степениот менувач кој доколку начекаш зелен бран без гужва е одличен.
- Од опрема има она што јас го сметам за есенцијално за мене, веќе верувам ја знаеш. Bluetooth-от функционира беспрекорно, Android Auto за навигација исто така, иако е бавен на моменти. Автоматска клима, автоматски бришачи, автоматско затемнување на внатрешен ретровизор, завтоматско греење и склопување на ретровизори, паркинг сензори, камера, се е ова одлично скоцкано за парите.
- Бука и шум нема апсолутно никаква низ град. На отворено ја немам згазено над 120-130 сега за сега, али до таа брзина е сосема пријатно и тивко внатре.
- Гледав за гуми, под 5000 денари од гума не добиваш никаде. Освен за кинески пластики. Чисто за компарација, за Фиестата 195/50/15 ме чинеа 3000 денар по гума. Димензијата на Спортажов е малку off, 215/70/16 затоа и таа е цената.
- Не сум возел оф роуд, не ни планирам.
- Има 7 години гаранција од кои 5 години е интернационална и bumper-to-bumper, значи ти покрива се што не е потршен материјал и ти покрива секаде каде што има официјален КИА застапник/сервис.

Инаку го гледав и Сузукито, внатрешноста е небо-земја разлика во прилог на Спортажот. Бар за мене.
За попуст, барај металикот да ти го дадат гратис.
Од она до сега што можам да кажам е дека возилото вреди секој денар за својата цена. Јас имав мерак за СУВ и си го направив, не зажалив.

EDIT: На муабетот за Peugeot 308. Да не бев тргнат по СУВ ќе го лапав моментот кога седнав внатре.
Да не бев лимитиран со буџет ќе го лапав Peugeot 3008. Алал им вера како ги склопиле.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: kupuvanje na novo vozilo KIA Sportage vs SUZUKI Vitara
« Одговори #42 на: 28 Ноември 2018, 16:46:29 pm »
Возев периодов добро опремена нова 208-ца и според она како вози и како е склопена очекувам 308-цата да е топ.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Hdmiusb

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 117
Одг: kupuvanje na novo vozilo KIA Sportage vs SUZUKI Vitara
« Одговори #43 на: 28 Ноември 2018, 16:53:15 pm »
Ми стигна новиот Спортаж и неколку hands on искуства:
- Седењето е одлично, се седи повисоко но не си како во комбе како кај некои возила од оваа класа. Простор има МНОГУ, од сите страни.
- Прегледноста сега за сега ми е во ред, сум имал потреба да влегувам и излегувам од некои тесни ситуации без никаков проблем. Да, пошироко и поголемо возило е, меѓутоа маневрирањето не е комплицирано. Со лесниот и мал волан сето тоа е уште полесно.
- Немам долга релација возено, меѓутоа како нова кола се развозував низ град од мерак. Не осетив ни грам замор. Седиштата се убави и големи, позади просторот е незаменлив, посебно со задната клупа што се спушта дополнително за додатна удобност.
- Го земав со 1.6 ГДИ моторот без турбо од финансиски причини. Да, тром е и се осеќа. АМА не е полжав. Си повлекува кога ќе го стиснеш и кога ќе кренеш обртаи. Не е како турбо како и да е.
- Потрошувачка сега за сега по изминати нешто помалку од 400 километри е 8.2 по борд. 95% е возено град, отворено е видено 2-3 пати до Белви. Ќе се вози на подолга релација на отворено зимава па ќе кажам тогаш. Верувам дека ауто старт-стоп функцијата игра улога тука, а и 6 степениот менувач кој доколку начекаш зелен бран без гужва е одличен.
- Од опрема има она што јас го сметам за есенцијално за мене, веќе верувам ја знаеш. Bluetooth-от функционира беспрекорно, Android Auto за навигација исто така, иако е бавен на моменти. Автоматска клима, автоматски бришачи, автоматско затемнување на внатрешен ретровизор, завтоматско греење и склопување на ретровизори, паркинг сензори, камера, се е ова одлично скоцкано за парите.
- Бука и шум нема апсолутно никаква низ град. На отворено ја немам згазено над 120-130 сега за сега, али до таа брзина е сосема пријатно и тивко внатре.
- Гледав за гуми, под 5000 денари од гума не добиваш никаде. Освен за кинески пластики. Чисто за компарација, за Фиестата 195/50/15 ме чинеа 3000 денар по гума. Димензијата на Спортажов е малку off, 215/70/16 затоа и таа е цената.
- Не сум возел оф роуд, не ни планирам.
- Има 7 години гаранција од кои 5 години е интернационална и bumper-to-bumper, значи ти покрива се што не е потршен материјал и ти покрива секаде каде што има официјален КИА застапник/сервис.

Инаку го гледав и Сузукито, внатрешноста е небо-земја разлика во прилог на Спортажот. Бар за мене.
За попуст, барај металикот да ти го дадат гратис.
Од она до сега што можам да кажам е дека возилото вреди секој денар за својата цена. Јас имав мерак за СУВ и си го направив, не зажалив.

EDIT: На муабетот за Peugeot 308. Да не бев тргнат по СУВ ќе го лапав моментот кога седнав внатре.
Да не бев лимитиран со буџет ќе го лапав Peugeot 3008. Алал им вера како ги склопиле.

ti pustiv private... inace kolku e 3008ta vo odnost da sportage i toj rang na oprema? Dai moze gradska da trosi nad 10litra sportage so normalno vozenje ili radi toj sistem sto go ima, stedi neshto ?

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2672
Одг: kupuvanje na novo vozilo KIA Sportage vs SUZUKI Vitara
« Одговори #44 на: 28 Ноември 2018, 22:29:33 pm »
Dali dobro razbrav deka mesecno pominuvas 10-12.000km, mesecno ili godisno?

Niedna kola so 1.6 benzinec, pogotovo ne SUV, nema da ti trosi pod 9/10 litra graska skopje vo raboten den.
Vo spic ke bides stalno vo 10l+

atmosverec=nema turbo.
direktno vbrizguvanje=ponovi generacii na benzinci koi bi trebalo da imaat pogolema iskoristivost na gorivoto.

Najdobra kombinacija ti e turbo-benzin dokolku potrosnjata ne ti e problem.