Ми стигна новиот Спортаж и неколку hands on искуства:
- Седењето е одлично, се седи повисоко но не си како во комбе како кај некои возила од оваа класа. Простор има МНОГУ, од сите страни.
- Прегледноста сега за сега ми е во ред, сум имал потреба да влегувам и излегувам од некои тесни ситуации без никаков проблем. Да, пошироко и поголемо возило е, меѓутоа маневрирањето не е комплицирано. Со лесниот и мал волан сето тоа е уште полесно.
- Немам долга релација возено, меѓутоа како нова кола се развозував низ град од мерак. Не осетив ни грам замор. Седиштата се убави и големи, позади просторот е незаменлив, посебно со задната клупа што се спушта дополнително за додатна удобност.
- Го земав со 1.6 ГДИ моторот без турбо од финансиски причини. Да, тром е и се осеќа. АМА не е полжав. Си повлекува кога ќе го стиснеш и кога ќе кренеш обртаи. Не е како турбо како и да е.
- Потрошувачка сега за сега по изминати нешто помалку од 400 километри е 8.2 по борд. 95% е возено град, отворено е видено 2-3 пати до Белви. Ќе се вози на подолга релација на отворено зимава па ќе кажам тогаш. Верувам дека ауто старт-стоп функцијата игра улога тука, а и 6 степениот менувач кој доколку начекаш зелен бран без гужва е одличен.
- Од опрема има она што јас го сметам за есенцијално за мене, веќе верувам ја знаеш. Bluetooth-от функционира беспрекорно, Android Auto за навигација исто така, иако е бавен на моменти. Автоматска клима, автоматски бришачи, автоматско затемнување на внатрешен ретровизор, завтоматско греење и склопување на ретровизори, паркинг сензори, камера, се е ова одлично скоцкано за парите.
- Бука и шум нема апсолутно никаква низ град. На отворено ја немам згазено над 120-130 сега за сега, али до таа брзина е сосема пријатно и тивко внатре.
- Гледав за гуми, под 5000 денари од гума не добиваш никаде. Освен за кинески пластики. Чисто за компарација, за Фиестата 195/50/15 ме чинеа 3000 денар по гума. Димензијата на Спортажов е малку off, 215/70/16 затоа и таа е цената.
- Не сум возел оф роуд, не ни планирам.
- Има 7 години гаранција од кои 5 години е интернационална и bumper-to-bumper, значи ти покрива се што не е потршен материјал и ти покрива секаде каде што има официјален КИА застапник/сервис.
Инаку го гледав и Сузукито, внатрешноста е небо-земја разлика во прилог на Спортажот. Бар за мене.
За попуст, барај металикот да ти го дадат гратис.
Од она до сега што можам да кажам е дека возилото вреди секој денар за својата цена. Јас имав мерак за СУВ и си го направив, не зажалив.
EDIT: На муабетот за Peugeot 308. Да не бев тргнат по СУВ ќе го лапав моментот кога седнав внатре.
Да не бев лимитиран со буџет ќе го лапав Peugeot 3008. Алал им вера како ги склопиле.