И јас сум за еден SUV како спортажот, ама дизел 1.6. Бев на тест возење, ама со стариот мотор 1.7 и доста добро се покажа. Имаше доста добро забрзување и сосема солидна амортизација. Го пробав и тусонот, ама ми беа многу слични, а спортажот е поевтин и со многу повеќе опрема. Не знам какви се карокот и атеката во возење, ама вака во салон не ми оставија некаков впечаток. А и основните модели им се доста поскапи од спортажот во однос на опремата. Ако некој ги има испробано сите модели, нека сподели искуства, добродојдени се. Сега возам мазда 3-1,4 2007 год. исто купена нова. Во однос на неа, возењето во спортажот е многу подобро. Се спремам во фебруар да тргнам во лов на ново ауто, па ќе видиме. Ако ја знаете разликата помеѓу 1.6 и 1.7 црди, освен помалата кубикажа и зголемената сила, кажете.