Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 363434 пати)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2635
Следно за урбанизација таму е имотот на фабриката Санос и имотот/парцелата што порано ги користела ЈП Комунална хигиена мислам, ќе остане само Топлификација, за приватните куќи веќе има постапка за експропријација ама долго трае.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
  • Macedonia
Ако на некој му се брза за одма да живее е лошо според мене, ако може да почека некоја година додека да се потсреди за да почне да живее во урбанизиран дел би било ваљда поокеј изборот во тој случај си велам.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20213
Индустриска зона е во моментов. Ама многу брзо се трансформира во резиденцијална површина. Пред само 5 години ги немаше сите тие објекти таму, а сега веќе има супермаркети, молови, а-у. И сè повеќе и повеќе ќе се „резиденцијализира“.

На ништо не личи целиот тој дел од Вардар до Булевар Александар Македонски. Од Ист Гејт до Ченто. Можеби ќе заличи ама за брзо нема да биде.

Има проблематично население кое со децении не можат да го решат.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5213
Toj del? Cel grad na kocina lici, sramotilaci

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3134
Тој дел од Те-то до Мерцедес уште децении нема да биде за лагодно живеење. Ни паркови, ни градинки, ни основни, ни јавен превоз. Лидл, Годи и Бриколаж не се мерило за удобен живот, продавници се. И воздухот од цел град таму е најзагаден. Затоа се цените на квадрат тие.

Преку река се Аеродром и Ново лисиче, населби градени по сите тогашни урбанистички стандарди со исклучок на бљувотините кај Тобако 2 што се тазе изградени.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14750
Позади Космос има маркици за градинки и училиште, ама и во Ново Лисиче / Лисиче кај Мирко има ама некој си го купил земјшитето а во ДУП стои градинка/училиште. Претходно земјиштето беше на Р.М

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 827
  • The best or nothing.
А тек до Те-То што се прави една зграда. Јас не знам кој ќе купи таму стан. Урла Те-то кога ќе ја пуштат водата за ладење.
Врти сучи, нема и јаре и паре. Ама ова со загадувањево, ќе биде топ тема за следниве избори.

Отсутен Goku

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Некој дали знае каде да најдам информација за продажба на стан околу 50 м2 во ист гејт ливинг. Некако нема на реклама 5 ( уствари има ама му бараат 2000 евра квадрат) Секое инфо е добредојдено

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14750
2000 е веќе евтино. Пред два месеци Адора ги даваше 1950 карши Ист Гејт. Сега слушнав муабет 2300. Под 2000 Ново Лисиче не можеш да најдеш веќе. Зборам за поновиве згради.

Присутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3207
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Некој дали знае каде да најдам информација за продажба на стан околу 50 м2 во ист гејт ливинг. Некако нема на реклама 5 ( уствари има ама му бараат 2000 евра квадрат) Секое инфо е добредојдено
Ако сакаш да купиш во ист гејт, внимавај на давачките за одржување. Во зимскиот период е катастрофа – дефинитивно едно од најлошите места, бидејќи целата магла останува заглавена таму и не се трга. Исто така, добро информирај се за месечните давачки, бидејќи постојано ги менуваат. Koга даваш 2000 илјади додади уште 400 на квадрат па земи си во центар.

Присутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3207
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
2000 е веќе евтино. Пред два месеци Адора ги даваше 1950 карши Ист Гејт. Сега слушнав муабет 2300. Под 2000 Ново Лисиче не можеш да најдеш веќе. Зборам за поновиве згради.
Кај е ефтино 2000 евра по квадрат? 50 м² × 2000 = 100.000 евра. Колку треба да биде скапо за да се смета за ефтино? И тоа збориме за стан надвор од централното подрачје.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14750
Не е мерило само растојание од центар, туку општа популарност на населбата. Аеродром/Ново Лисиче и понатаму важат за популарни населби со инфраструктура за деца (училишта, градинки, тревници) за разлика од Ист Гејт или овие да речеме во Гази Баба каде што нема (се уште) ништо од таква инфрастуктура. Затоа држат повеќе цена од Ист Гејт или Ќерамидница кај што можеш и за 1600-1700 евра да најдеш ама немаш никаква инфраструктура.

Присутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3207
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Тоа не е проблем од сега, туку така е последните 40 години. Редно е конечно да се среди со сите потребни зафати кои ја прават една средина здрава и функционална – училишта, градинки, маркети, паркови, книжарници, ресторани, кафулиња, а да не зборуваме за други посериозни содржини кои се неопходни за едно место да стане навистина атрактивно. Во целиот тој дел од Аутокоманда до Железара има само една менувачница, на пример, а камоли нешто повеќе. Тој крак – од ФОН, Ќерамидница, Гази Баба до Железара и Ист Гејт – е буквално занемарен.Ако треба  и 1600/1700 да се плати дај уште 200,300 земи у централно подрачје неможе да се каже дека нема ИМА.Кога ке направат се за 20 години ок ке се сели човек таму дотогаш времето ниту можеш да го вратиш ни ништо,едноставно е користи ги можностите и приликите да поминеш по лесно кроз животот а не да чекаме дека нешто ке се промени.се ке се промени само времето неможеме да го вратиме.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2202
Тоа што вреди е од Московска/Љубљанска до Ленинова/Климент Охридски

Присутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3207
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Точно е дека има интересни делови за живеење, и не мора сите да бидат на едно место – секој си пресметува каде му одговара. Но, кога за најосновни ситници од секојдневието мораш да палиш кола или мотор, и наместо нешто што пеш би завршил за 5–10 минути, ти висиш по семафори и гужви – тоа е тотално безвезе.

Луѓето ќе живеат и во Аеродром, Лисиче, Белимбегово, Чаир, Маџари, Железара – кој каде се нашол. Но, оној што може да ја поедностави и да ја сфати свесноста на животот, знае дека во централното подрачје сето тоа олеснување веќе постои – можеш да функционираш пеш или со велосипед.

Јас секогаш охрабрувам централно подрачје, не затоа што тоа те прави „woww спектакл“, туку затоа што го чуваш твоето време и жив нерви. Не како кер да лутaш по улици и булевари од сите страни – сè ти е пред нос. Не може баш сè да биде идеално, ама може да се поедностави.

Е сеа водњанки и киселчанки(кисела вода) имаат нај хубави шупчиња пошто се пеш одат надолу зависи од која страна само :D