Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 358105 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14711

Ако би купувал стан во зграда со многу станови, само на последен кат, со мал кров зграда.   

Тоа и мене ми беше предуслов бидејќи пола живот во куќа, пола живот во стан го поминав.

Сега сум на последен спрат, делам само еден ѕид со комшија, под мене за среќа нема никој иначе јас ќе го јадев стапот со Талибанците дома.

Во Битола имам над мене Талибанци (и мали и големи) и е мачно понекогаш, ама то е то.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3142
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Стеза се обрач

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Јас почнав да барам стан во Штип. Гледам до кај 50-55m2.
Цените се катастрофа, дури и за стари станови од по 30-40 години. Бараат по 1000€ од квадрат.

Ако наидете на нешто - пишете.
Нов или стар e небитно.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14711
Јас мислам бест бај ако живееш во Скопје е стан во Свети Николе 😂

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3142
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Во едно попладневно кафе со една моја драга професорка, баш ова го зборевме – што се случува со цените на становите? Зошто толку вртоглаво растат? Нема шанси да стагнираат, особено за централното подрачје – над 3600 евра по квадрат ќе достигнат.

Кров над глава е едно од најважните нешта за човековиот живот – дали е твој или си под кирија. Ако се вратиме малку наназад, лека-полека стануваме како Американци, Европејци, Скандинавци – да немаш свој дом. Во одредени случаи дури и кога имаш,  имаш имотен лист веќе си во предност , само да не си под кирија.Бидјеки стан 50 квадрати х3000 =150000 илјади евра плус 10 до 15 да го опремиш не е лукс приближно 200к и ти очекуваш некој да ти даде нов стан нова градба за 300 евра?Ко ту није нормалан?!

Во последниве 30 години, Балканот беше релативно евтино место за купување дом – и како живеалиште и како инвестиција. Сега – веќе не. Следно нешто е Украина, каде што преку „ре-билдинг“ процеси ќе им требаат 30+ години за цените да се вратат во некоја нормала.

Така да – не се само цените „збеснати“. Главна улога тука имаат и нашите банки, каде што апсолутно никогаш не било полесно да ти дадат пари за стан – за нешто што ти ќе го отплатуваш минимум 20,30 години. А после ќе поткришиш средна нога на синот или пак  зетот а ти веќе со начукани да речеме на 30год земен поминати 30 тоа се 60 за ништо не си ајт у бутел и толку.. тоа е веќе друга приказна..Совет за сите што сакат дом да избегнуваат стан едноставно веќе е премногу плац и куќичка и тоа ти е ич да не гледаат стан со 100 илјади евра ке направт убава куќичка миниум 150 квадрати тоа што плус ке патуваат автобуси,коли,возењење развезување тоа е живот неком мајка неком мачеха.Заборавете нови станови за 300 евра кирија веќе тоа реткост ке биде може  некој 30 годишни мувласни станови за таа пара

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 403
  • Macedonia
Затоа што во Штип купуваат и ги даваат да се изнајмуваат на студенти од тука и во странство.

Сегде се крева цената по квадрат ама таму можеби уште поизразено да е поради тоа.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3142
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Штип прочитав 1200  пред една година се продавало

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Затоа што во Штип купуваат и ги даваат да се изнајмуваат на студенти од тука и во странство.

Сегде се крева цената по квадрат ама таму можеби уште поизразено да е поради тоа.

Така е.
Се си еба мајката со турскиве студенти. Ужасно е поскапено баш заради тоа. Сите гледаат да купат стан и да ја плаќаат ратата за кредитот со киријата од нив.

Другар купи стан по 750€ од квадрат пред 5 години во одлична нова зграда.
А толку беше цената по квадрат за нова зграда. Одеа од 700 - 850€.
Сега се по 1300-1600€.

За стари станови - сега им бараат по 900-1100 евра во глупи населби. Во центар, цените се поизедначени со цените во нова зграда малку на периферијата, па и ПОГОЛЕМИ.
Тогаш одеа по 450-600€ од квадрат. Девојката гледаше еден од 100m2 исто пред 5 години, го продаваа за 55000€.

Јас живеам во строг центар со моиве во стан од 67m2. Блиску буквално до се. Пред некоја година на 2-3  стана што се продадоа во мојата зграда им бараа по 50-60 илјади за таа квадратура, само што тогаш немав финансиски можности да купам. Го исплаќав Леонот со рата од 12000 на плата од 36 :)

Сите мислат дека се заебавам кога викам дека ќе го продадеме за 200.000€ и ќе купиме два од 100k.
Ќе има будали што ќе се нафатат.
« Последно менување: 22 Јуни 2025, 10:57:12 am balanar »

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3142
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Затоа што во Штип купуваат и ги даваат да се изнајмуваат на студенти од тука и во странство.

Сегде се крева цената по квадрат ама таму можеби уште поизразено да е поради тоа.

Така е.
Се си еба мајката со турскиве студенти. Ужасно е поскапено баш заради тоа. Сите гледаат да купат стан и да ја плаќаат ратата за кредитот со киријата од нив.

Другар купи стан по 750€ од квадрат пред 5 години во одлична нова зграда.
А толку беше цената по квадрат за нова зграда. Одеа од 700 - 850€.
Сега се по 1300-1600€.

За стари станови - сега им бараат по 900-1100 евра во глупи населби. Во центар, цените се поизедначени со цените во нова зграда малку на периферијата, па и ПОГОЛЕМИ.
Тогаш одеа по 450-600€ од квадрат. Девојката гледаше еден од 100m2 исто пред 5 години, го продаваа за 55000€.

Јас живеам во строг центар со моиве во стан од 67m2. Блиску буквално до се. Пред некоја година на 2-3  стана што се продадоа во мојата зграда им бараа по 50-60 илјади за таа квадратура, само што тогаш немав финансиски можности да купам. Го исплаќав Леонот со рата од 12000 на плата од 36 :)

Сите мислат дека се заебавам кога викам дека ќе го продадеме за 200.000€ и ќе купиме два од 100k.
Ќе има будали што ќе се нафатат.

Животна логика, не луксузна заблуда

„Браво“ — ама 12.000 денари месечно да одвојуваш за кола е премногу, независно дали земаш плата и 60.000 денари. Прашањето не е само дали можеш, туку дали навистина ти треба. Вредноста на тие пари е одамна изгубена прашај се: дали ти беше колата покритична од кров над глава?

Секогаш постои алтернатива — автобус, комбе, дури и диво такси. Да, ќе изгубиш плус еден час, ама ќе добиеш стабилност. Зошто? Затоа што без сопствен дом, колата ти е само украс на туѓ паркинг.

Во 20-тите, од 18 до 29 години, тоа ти е времето. Работи најсилно, штеди најпаметно, купи нешто што останува — кров над глава. Во 30-тата не е срамота да возиш понизок модел, ама е срамота да немаш свој праг.

Домаќин не се станува со кола, туку со ум. А невеста не се зема со статус на „под кирија и во лизинг“. Ниту пак невеста ќе ти дојде кога ке  имаш 35 или 40 години, а уште не знаеш каде спиеш сигурно.

Млади луѓе одете на време спечалете после аздисувајте од каде сте заминале МОЈ СОВЕТ одете факултет ко факултет нема таа тежина ко што ке спечалите за 10 години горе по 20 да тргате на страна ке се обезбедите тука.Немој у 30те начукани да кукате факултет се зима и после 30 година од аздисанот ве уверувам нема ни да одите само септ ке уплатите и ете и вие имате факултет ко тој у 20та што завршил ама ти имаш ново џипџе стан еден стан друг , викендичка и ке го ладиш а тој школуван нека оди да го пунат за 32илјади и нека јаде за доручек паштета и леб.И нека чека од татко и мајка да наследи соба да испуштат душа(господ нека не поживее сите) Млади луѓе одете си од тука ке си се вратите после 10 години со парички и ке се оформите тука да видите како тогаш и работа се наоѓа и факултет се завршува и пријателство спознава,кумство.. сее сее.. Сите желби да ви се исполнат но ова практикувајте што го зборам.Се изборив за многу од тука за вас несторче,оние по швајцарија што фатија немачка некогаш  и мотивација е важно јас когак е се сетам жуљеви по нозе уште по 14х сата посао тврда е било ама сега е мекано..Млади луѓе лани влегле 2 милијарди евра во државата од печалбари нека има нови фасади куќи коли..лонг стори одете си има кај да се вратите и кој да ве дочека.

Отсутен Lone

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 111
и ќе купиме два од 100k.
Ќе има будали што ќе се нафатат.

Каде ќе најдеш стан за 100к? Во геге?

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Во Штип живеам јас, не си прочитал ништо погоре.
« Последно менување: 22 Јуни 2025, 12:19:09 pm balanar »

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 447
Во Штип центарот не освен ако не се планира да се продаде после 10-15 години.
Сега сите имаат коли и си на 5 минути од центарот. Има градски превоз за деца поголеми за школо.

Мене ми се допаѓаат во Пребег, имам таму едни пријатели. Големи се тие, за мене едни од поубавите станови, ама во близина немаат основно школо и градинка, а ни маркет.
Ретко и кој продава таму освен да направи замена за голема куќа.

Таму е за послободни и за секојдневно разнесување деца со кола и за пазарење.

 Сењак 4 нов ако има од тие на Актива  и Дузлак оние сега пред Сончев град.

Не знам какви се тие пред Сончев град, ама помирна населба е во близина на школо, градинка.

Sent from my SM-A528B using Tapatalk


Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Во Пребег еден другар живееше, се исели уште пред 10 години и дојдоа поблиску до центар.
Населбата е ОК како населба (мирна, има места за паркинг и се тоа), становите се исто добри (просторни и се тоа) бидејќи се градени за воени лица, меѓутоа нема ништо во и околу населбата, како што кажа. Треба кола да палиш за да си купиш леб буквално.  Ако ти се најават гости - треба да им кажеш да ти купат нешто на доаѓање натаму.
Макпромет имаше, се затвори кога ги затворија сите Макпромет маркети. За мене е неприфатливо да нема барем основен маркет во пешачка близина. Да не зборам што немаат ни градинка, ни основно школо во близина, ни аптека, ни ништо. Битно кафани имаат :)

Сењак 4 тетка ми живее (јас би го купил и од неа станот, ама не го продава), во шарените згради спроти Актива. И јас таму би купил. Населбата беше запустена и оддалечена, меѓутоа сега е споена откако се изгради се околу неа и во неа (новите долни згради од кај булеварот/диспанзерот (кај што се гради Лидл)), како и на потегот oд Актива, па до на Роби зградата (таму и Алекс од Кочани градат станови)...
« Последно менување: 22 Јуни 2025, 12:48:49 pm balanar »

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 447
Да затоа пишав населба е за оние што се нон стоп со кола, ама во денешно време за леб и млеко, само пензионери одат во маркет.
Сите си пазарат во сабота или секој ден после работа.

Исто како што Леваци и Деснаци се населби каде живеат повисока класа на луѓе, а немаат ни маркет ни школо, само една поодалечена градинка.
Деца на школо носат во центарот со кола.

Исто убави станови се и кај пожарната позади Макпетрол.

Ќе има нова населба во Сењак 4
Тој дел ќе биде пораздвижен со Лидл и плус парк се прави.

Sent from my SM-A528B using Tapatalk


Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2170
Најбитно е Центар, Карпош, Аеродром и Кисела Вода да дојдат до 5000-10000 еу/м2. Дебар Маало да биде 20000 еу/м2. Како што и треба да биде. Тоа е единствен начин да се развие Севернистан. Да почне да се развива и нешто друго освен да се преполнуваат тие 4км радиус.