Автор Тема: Купување стан (пред се во Скопје), каде (локација), реални цени или не?  (Прочитано 357646 пати)

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Исто збориме. Пример, зошто кога доѓаат од провинција на факултет во Скопје гледаат станови во близина на Центар. И повеќе плаќаат за една соба отколку во Јурумлери куќа да изнајмат. Има такви и што си седат по периферија со кешче, количе си цепаат.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Исто збориме ама имаме ралични погледи. Мене ми е масирање секој ден до јурумлери. Па зима, снегот не го исчистиле, па комшијата ложел со пластика(додуша ова е поширок проблем), инаку ако пресметаш дека јурумлери се плаќа помалце комунали и данок на имот можеш да одбиеш од гориво и да ти дојде ајде не исто ама прифатливо. Инаку студентите имаат бесплатен превоз, ако нема кола има бус, ама јурумлери ќе биде изолиран, пошто до 12 мора дома да е, нема бус покасно, ќе треба пијан да вози (ќе појде на студентска ќе се начука...). Некому си му е ок да му е тивко, за смерка на тоа да "тепа пат" секкј ден по еден сат ...

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Ваљда не ме тролаш. Али и да е така може на некој ќе му биде битно.

Еве ја имам реален избор и сум седнал сум направил математика  сум останал да живеам во двособен стан со вкупни сметки од 4000ден. Трпам градско лудило а можам да го пуштам на пасење во голема куќа. Мене од Орман до Александа Палас ми е максимум 10 мин. и тоа не ми е товар, времето се губи во центар. Ни под разно не би седел во оваа гужва и загаденост да ми се разболува дете да можам финансиски да издржам во Орман.


Богат човек не ти седи во Центар. Значи ги има финансиите и размислува од друга појдовна точка. И покрај повеќе пат и замарање што го збориш ти.




Еве ти еден пример што ќе ти го кажам од искуство. Имавме стан на плоштад. Над Пелистер точно. Му баравме висока цена заради локацијата. Не ни помислував таму да живеам зошто после 1 месец ќе се швркнев од галами триста. Не дојде ниеден богат човек да го гледа за живеење. Доаѓаа богати луѓе (пошто висока цена) да го планираат за бизнис. А го купи човек кој е многу богат за курчење и разонода.


Гледиштата твој се во ред. Твои се. Ама ние муабетов не го почнавме за гледишта, вкусови и сл. Го почнавме фактички. Имаше пост каде е спомнат Сарај на кој ја реплицирав дека сарај е скупичко. И тоа го објаснувам. Значи не збориме за место каде си пораснат навикнат на окружување и да се гетоизираш. Збориме да си свој човек со фамиллија или без и да бираш место за живеење. Е сега секој со своето ама финансиски е друга прича. Ти ќе купиш алфа ромео 159 за 5000евра а е во класа на коли од 8-10 000е лупам. Ама треба да ја одржуваш.
« Последно менување: 28 Јануари 2019, 19:40:59 pm Chlink »

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Мене децата ми се мали уште, па немаат обврски. Веројатно затоа не е страшно сега. За понатака здравје.

Јас израснав во Хром, каде што последен автобус беше во 11 вечер, па пак детството беше супер. Точно, не искачавме секој ден затоа финансиски беше трошок искачање+такси.

Веројатно се прилагодуваш.


@Chlink Кои се финансиските причини со поголеми деца? И колку се големи децата ?

Sent from my Lenovo P1ma40 using Tapatalk


Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Мене децата ми се мали уште, па немаат обврски. Веројатно затоа не е страшно сега. За понатака здравје.

Јас израснав во Хром, каде што последен автобус беше во 11 вечер, па пак детството беше супер. Точно, не искачавме секој ден затоа финансиски беше трошок искачање+такси.

Веројатно се прилагодуваш.


@Chlink Кои се финансиските причини со поголеми деца? И колку се големи децата ?

Sent from my Lenovo P1ma40 using Tapatalk



Хром не е периферија ниту Ѓорче. Како деца кога бевме друго беше времето и ние во Карпош имавме убаво детство. Сега веќе не е така.

Едно дете имам. 5 години. Не тргам од трошок за детето. Еве пример колку што давам за сметки во Ајродом толку дупло ќе дадам за дрва во куќата. На пример за до работа наместо да поминам 6 км дневно, плус 30км стај ги Дали брзо ќе ги поминм тие 30км е небитно во пари, горивото мора да се плати. Само од овие два аспекта ставени на хартија ќе видиш разлика во трошоци на крајот од месецот. Има и уште многу да не пишувам, двор едно друго... 


Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Јас работам во Хиподром :D
Па тебе ептен ти одговара комшија да ми бидеш, уште да одлучиш само :D

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Јас работам во Хиподром :D
Па тебе ептен ти одговара комшија да ми бидеш, уште да одлучиш само :D

Едно време беше и тоа опција, ама земјоделско земјиште е горе и не даваат дозвола за градба.


Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6992
  • Бенве сие бенве
Кои се условите да се земе кредит

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Кои се условите да се земе кредит

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


https://www.finance.gov.mk/files/Javen%20povik%202019.pdf
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 412
Намалување на каматните стапки за станбени кредити, поповолни модели и попрецизни услови за субвенционирање од државата за проектот „Купи куќа, купи стан“

Дали некој до вас има информација дали промената е ретроактивна? Јас веќе користам вакви субвенции од втор тип, дали ќе ми ја намалат и мене каматата од 4.5% на 4%?

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Не верувам, иначе колку што знам се уште не се донесени измените.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
Малку „затишје“ на темата, за тие што следат и бараат стан сигурно слушнале за (позитивните) измени на Законот за субвенционирање на станбен кредит (купи куќа купи стан):
- во првите 3 години каматата се намалува од 3,95% на 2,9%, а во следните 2 години од 4,44% на 3,9% ;
- субвенцијата во првите години се зголемува од 50% на 70% од износот на месечната рата;
- дополнителна субвенција во износ од 30% од ратата на кредитот во период од 1 година доколку семејството на корисникот на субвенциониран станбен кредит се зголеми со раѓање или со посвојување на дете во период од десет години од добивањето на субвенцијата.
Има дополнителни поволности за изградба/купување куќа. Кој планира нешто на овој план, штета е да не се искористат овие субвенции, секако доколку се исполнуваат бараните услови.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Малку „затишје“ на темата, за тие што следат и бараат стан сигурно слушнале за (позитивните) измени на Законот за субвенционирање на станбен кредит (купи куќа купи стан):
- во првите 3 години каматата се намалува од 3,95% на 2,9%, а во следните 2 години од 4,44% на 3,9% ;
- субвенцијата во првите години се зголемува од 50% на 70% од износот на месечната рата;
- дополнителна субвенција во износ од 30% од ратата на кредитот во период од 1 година доколку семејството на корисникот на субвенциониран станбен кредит се зголеми со раѓање или со посвојување на дете во период од десет години од добивањето на субвенцијата.
Има дополнителни поволности за изградба/купување куќа. Кој планира нешто на овој план, штета е да не се искористат овие субвенции, секако доколку се исполнуваат бараните услови.

Се исполнувам, само уште жена да најдам :)