Малку ја имам запоставено темата летово.
Јагуарот помина 5000км од последниот сервис и сега си одмара во гаража.
Перката и држачот за мотор ги сменивме. Деловите беа околу 7000 денари нарачани од интернет. ТНТ за вентилаторот ми земаа 1271 денари за шпедитерски услуги, 500 денари складишина и 800 денари царина.
Сега на ред дојдоа резерварот за ветробранска течност е скршен, амортизерите предни треба да се сменат и гумичките. Нарачани се фасонка за таблицата назад, подкрило предно пластиката е искината и предната врата гумата што е скината. И најстрашното за крај диференцијалот течел и останал без уље и сега почна да бучи сменивме уље ама сепак ќе треба да се купи диференцијал.
Цени:
Амортизери bilstein и гумички 240 евра
Резервар за ветробранска течност – 138,37 eвра
Фасонка – 40 eвра
Гума за вратата 45 евра
Диференцијал 670 евра
Вкупно: 1130 евра
Една слика колку да не е без ич.