Мислам дека тоа што главно не се разбираме е името „платформа“. Не е такава платформа ова како што мислиш. Не е иста кај сите, како кај буба, па одозгора и од страна штрафи. Самата платформа е „име“ за типот на спојување и начин на работа. А таа има делови во кои може да ја менува производителот, поконкретно да ја продолжува и да ја шири, односно крати и стеснува. Со тоа драстично се менува крутоста на самата платформа и самите возни карактеристики. Имено, ако земеш една цевка долга 1м таа е релативно крута. Ако земеш цевка од 1,5метри таа веќе не е толку крута, и треба да се вкрути со нешто за да може да има слични карактеристики како цевка од 1м. Самата платформа кога се раздолжува гуми од својата крутина, а тоа драстично влијае на разни начини на возилото. И освен што ги спојува името и начинот на штрафење на додатните делови, таа не е иста. Односно не пасува платформата од пасат, на платформата на кеди. Не е interchangeable, како кај буба и баги. Од тие причини Пасатот/Супербот има многу флекс на шасијата, до степен да испукуваат панорамски кровови (кои се крути зошто се од стакло), или нивните држачи. Едноставно тоа е максимумот на раздолжување на таа „платформа“. Затоа Октавијата има подобро управување од Пасат на пример. Покрута е шасијата. Далеку е од крута, пак е како кашкавал, ама сепак е подобра. Еве сега баш Елон се фалеше за крутината на шасијата на САјбертрак дека е поголема од 911, на пример.
Не е битно. Не е истата. Тоа е само име за типот на штрафење на додатните делови. Ама ако ја „сечеш“ и и додадеш 20цм железо во средина не е иста, ниту карактеристиките и се исти. Не е тоа нешто лошо. Лошото е што заштедите од платформата заради која се намалува цената не ги добива корисникот, а ги добива негативностите корисникот. Барем пола-пола да беше. Од тие причини Суперб рецимо за 23.000 евра како што беше е океј, ама Артеон за 50000 не е океј. Затоа што од истиот производител имаш А5 за 50000 која е драстично подобро возило.