Автор Тема: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7  (Прочитано 103481 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7
« Одговори #450 на: 01 Декември 2023, 21:38:36 pm »
Јас се надевам дека ќе има.

Pa dobro poveke plastika ima vo skodata ama…
А во другите па титаниум да не е?
Не е во пластиката муабетот, туку во подвозјето. Тоа е главната придобивка кај Ауди.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7
« Одговори #451 на: 01 Декември 2023, 21:43:57 pm »
И звучна изолација секако. И материјали меки на допир.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7
« Одговори #452 на: 02 Декември 2023, 00:42:58 am »
Звучна изолација, амортизери, спирали се додаваат/менуваат.

Самиот концепт на една суспензија го прави возењето.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7
« Одговори #453 на: 02 Декември 2023, 06:59:56 am »
Audi A4 дели платформа со Audi Q5 дели платформа со Porsche Macan.

Абе исто возат. Исто.

Многу убаво објаснија луѓето. Тоа што се поставени на иста платформа, не значи дека колите возат исто. Ни од далеку. А едни спирали само праат огромна разлика, не па и други компоненти кои се различни.

А за концепти на суспензија, односно ќе го преведам тоа као вид на суспензија - твојата Octavia колку што знам има торзија позади. Superb има мултилинк. Ете ти една основна разлика.
« Последно менување: 02 Декември 2023, 07:22:18 am zeroSignal »

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7
« Одговори #454 на: 02 Декември 2023, 08:24:45 am »
Идентична платформа е повеќе од аспект дека без разлика на мотор (бензин/дизел или 1.5/2.0) сите држачи за моторот се на идентична позиција. Сите држачи за менувач без разлока дали е дсг или мануелен се на идентична позиција итн.  Доста паметно решение од економски аспект и масовно производство.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7
« Одговори #455 на: 02 Декември 2023, 08:40:15 am »
Audi A4 дели платформа со Audi Q5 дели платформа со Porsche Macan.

Абе исто возат. Исто.

Многу убаво објаснија луѓето. Тоа што се поставени на иста платформа, не значи дека колите возат исто. Ни од далеку. А едни спирали само праат огромна разлика, не па и други компоненти кои се различни.

А за концепти на суспензија, односно ќе го преведам тоа као вид на суспензија - твојата Octavia колку што знам има торзија позади. Superb има мултилинк. Ете ти една основна разлика.
Ај вака да се објаснеме да нема забуни.

1) Октавијата доаѓа и со Multink позади. Зависи од моделот.

2) Второ не тврдам дека возат исто и затоа реков се надевам дека не, ама суспензијата како концепт е тој.
Колку стабилизатори, какви рамења, материјалите и цврстина, артикулација на движењата,  пренос на силите, геометрија итн.


Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7
« Одговори #456 на: 02 Декември 2023, 08:56:35 am »
Не баш, еден пример од италијаниве (пак ќе кажам, нив најмногу ги познавам, ама сигурно е и кај други производители слична работа) Lancia Lybra и Alfa 156 иако се на иста платформа, имаат комплетно различна суспензија. Освен долните предни (односно кај либрата само предни) вилушки, друго речиси ништо не делат од делови на суспензија. Да не зборубаме дека сите потекнуваат од „малку изменета“ Типо платформа, на која се изградени 10тици модели кои немаат ништо заедничко. Платформа, не значи „исто е“. 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7
« Одговори #457 на: 02 Декември 2023, 09:34:25 am »
Така де. И Зафирата беше на платформа на Кадет ама не значи дека исто возела како Кадет :)

Него интересно, еве тоа споделување на платформи
A4 vs Macan. Macan-от е со воздушната.



Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7
« Одговори #458 на: 02 Декември 2023, 09:49:22 am »
Е па „така де“, ама претходно вака:

Или сè е исто само менуваат по некое декоративно пластиче

Не можам да се помирам со фактот дека B9 Passat (значи најновиов Passat) носи исто подвозје со новава Октавија.

Во основа добиваш иста кола во однос на држење, комоција.

Се разбираме, материјалите ќе бидат други итн, ама во основа тоа е.


Сеа, исто е, или не е исто? Колку Caddy вози исто со Audi RS3?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7
« Одговори #459 на: 02 Декември 2023, 09:57:08 am »
Е па „така де“, ама претходно вака:

Или сè е исто само менуваат по некое декоративно пластиче

Не можам да се помирам со фактот дека B9 Passat (значи најновиов Passat) носи исто подвозје со новава Октавија.

Во основа добиваш иста кола во однос на држење, комоција.

Се разбираме, материјалите ќе бидат други итн, ама во основа тоа е.


Сеа, исто е, или не е исто? Колку Caddy вози исто со Audi RS3?

Дежа ву

https://forum.carclub.mk/index.php/topic,7320.msg1291504.html#msg1291504

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7
« Одговори #460 на: 02 Декември 2023, 10:29:28 am »
Ја отрувме темата ама ајде да се објасниме убаво.


Платформа си е платформа. Ако сакаш стави воздушна суспензија, карбонкерамички кочници, полиутретански компоненти, самата конструкција ограничува динамика на возење.

Нема да биде разликата како друга класа на возило.

Да, ќе има разлика меѓу Кеди и РС3. Кај Кеди ќе е стават амортизери за товарање назад и најефтини амортизери.

Не знам зошто не се разбираме или намерно се вадиме од контекст  😄

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7
« Одговори #461 на: 02 Декември 2023, 10:40:35 am »
Па не се разбираме, затоа што платформата не ја дефинира класата на возилото. Ниту возните карактеристики, ниту динамичката цврстина на возилото. Платформа е основен билдинг блок. Распоред на точки за поврзување на другите компоненти кои го прават возилото. Каде ќе се штрафне трап, каде ќе се постави рогот за крило, ,точки за штрафење на седишта, позиција на резервоар и сл. работи, кои доведуваат до поедноставување на процесот на производство на повеќе различни модели. Во никој случај класата. Дали е премиум, буџет или мид зависи од иљадници компоненти употребени при производство на возилото.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7
« Одговори #462 на: 02 Декември 2023, 10:49:35 am »
Мислам дека тоа што главно не се разбираме е името „платформа“. Не е такава платформа ова како што мислиш. Не е иста кај сите, како кај буба, па одозгора и од страна штрафи. Самата платформа е „име“ за типот на спојување и начин на работа. А таа има делови во кои може да ја менува производителот, поконкретно да ја продолжува и да ја шири, односно крати и стеснува. Со тоа драстично се менува крутоста на самата платформа и самите возни карактеристики. Имено, ако земеш една цевка долга 1м таа е релативно крута. Ако земеш цевка од 1,5метри таа веќе не е толку крута, и треба да се вкрути со нешто за да може да има слични карактеристики како цевка од 1м. Самата платформа кога се раздолжува гуми од својата крутина, а тоа драстично влијае на разни начини на возилото. И освен што ги спојува името и начинот на штрафење на додатните делови, таа не е иста. Односно не пасува платформата од пасат, на платформата на кеди. Не е interchangeable, како кај буба и баги. Од тие причини Пасатот/Супербот има многу флекс на шасијата, до степен да испукуваат панорамски кровови (кои се крути зошто се од стакло), или нивните држачи. Едноставно тоа е максимумот на раздолжување на таа „платформа“. Затоа Октавијата има подобро управување од Пасат на пример. Покрута е шасијата. Далеку е од крута, пак е како кашкавал, ама сепак е подобра. Еве сега баш Елон се фалеше за крутината на шасијата на САјбертрак дека е поголема од 911, на пример.

Не е битно. Не е истата. Тоа е само име за типот на штрафење на додатните делови. Ама ако ја „сечеш“ и и додадеш 20цм железо во средина не е иста, ниту карактеристиките и се исти. Не е тоа нешто лошо. Лошото е што заштедите од платформата заради која се намалува цената не ги добива корисникот, а ги добива негативностите корисникот. Барем пола-пола да беше. Од тие причини Суперб рецимо за 23.000 евра како што беше е океј, ама Артеон за 50000 не е океј. Затоа што од истиот производител имаш А5 за 50000 која е драстично подобро возило.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
Одг: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7
« Одговори #463 на: 02 Декември 2023, 11:51:28 am »
И Ауди од А4ка и нагоре не се на иста VW платформа, мислам некој спомна. Кај Ауди моторите се монтирани лонгитудинално, не трансверзално како кај VW/Skoda. Дури и најмалите 2.0 TDI.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: Skoda Superb 2.0 TSI 4x4 DSG7
« Одговори #464 на: 02 Декември 2023, 15:42:30 pm »
Затоа сите Аудиња што имаат надолжно поставен мотор имаат Торсен 4х4 систем (А4,5,6... и некои постари пасати) а попречно поставените (а3 и останати ФВ и Шкода) имаат Халдекс 4х4.
Е сеа може дискусија кое е подобро...
Закључок од погорната дискусија Суперб не го бива. Конечно да се обелодени... 😂