Јас исто очекувам да има разлика. Нова мапа, повеќе буст, повеќе гориво. Но очекувам од старт да се појави разлика. После одреден број километри би очекувал минорни промени, но главното би требало да се деси веднаш по ремап. Ако некој би ми објаснил кои се тие параметри што не дозволуваат веднаш да се осети разлика, а потоа наеднаш, после 200-300км да се појават 30 или повеќе коњи, би бил благодарен.
Истото и јас би сакал да го знам.
Само и мене ме интересира како во Автотек ги мерат на дино веднаш по ремапирањето и покажуваат солидни добиени кс?
Затоа што промените се моментални, и колата повеќе не вози по стар терк, него по нов.
И невозможно е ремапот да легне после 200 до 300 километри
Баш сакам некој стручен ова легнување да ми го објасни.
Дефектни и расипани делови нема. Тие се и пред и потоа. Ако нечини колата пред ремап со расипан дел, нема да чини ни по ремап, односно ке нечини уште повеќе.
А баш како што рече симо. Може да има минорни разлики после 200 до 300 километри. А главните разлики се воочуваат на сам старт. Впрочем доказот за тоа е Дино мерењето на кое фино лепо си се гледа се.
Сугестивни мненија не се валидни. Валидни се папирите.
Можеби јас сум очекувал со 20 коња повеќе да добијам ракетоплан, но за жал тоа не е баш така, и тие 20 кс се добиени со ремапирање за одреден број вртежи на одредена километража и во одредени услови. Тоа точно се гледа на дино, затоа и е таа машина.