Автор Тема: Чип тјунинг  (Прочитано 110250 пати)

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Чип тјунинг
« Одговори #105 на: 18 Јуни 2015, 17:06:55 pm »


Затоа што промените се моментални, и колата повеќе не вози по стар терк, него по нов.
И невозможно е ремапот да легне после 200 до 300 километри :D :D :D


[/quote]
Ако во нешто не си темелно упатен и не го разбираш, не значи дека е НЕВОЗМОЖНО! Невозможно било и земјата да се се врти околу сонцето, па ете некеко и тоа е возможно. Ако сакаш повеќе да дознаеш слободно пиши убав мејл на некој тјунер кај кого ова се има случено, па се надевам дека ќе добиеш одговор.
Пишав и погоре и сега ќе повторам, ова се има случено многу пати, последно беше ремап на GTI MK7, после ремапот колата (според газдата) немала никаква разлика. После 2 дена, се возев во голфот, колата асфалтот го копаше!!!

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Чип тјунинг
« Одговори #106 на: 18 Јуни 2015, 17:39:53 pm »
Igleda I ti ne si bas upaten. Kolata ne skrsila raka pa zazdravila za 2 Dena ili 300km.
Posle remap Mora odma da ima razlika. Posle 200 300 nesto malce da legne a i nemora da znaci.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43706
  • Il Moderatore
Одг: Чип тјунинг
« Одговори #107 на: 18 Јуни 2015, 18:22:49 pm »
Кога во ecu-то ќе ги смениш дифолтните параметри по кои што работи колата (количество на гориво, притисок на турбина, агол на палење кај бензинци и сл.), тогаш колата веднаш почнува да работи по тие параметри. Нема зошто да не работи по тие параметри, односно да работи 2-3 дена по старите параметри. Што ќе се случи ако го исклучиш ремапираното еку од струја (откачиш акумулатор)? После пак ќе му треба 2-3 дена да работи во „тјуниран“ мод? Едноставно нема логика тоа. Нема причина зошто би работело така. Ако беше така, немаше да постојат ролинг роуд (дајно) тјунирања. ќе си беше „еве ти мапа, па со господ напред, за 3 дена ќе видиме...“

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Чип тјунинг
« Одговори #108 на: 18 Јуни 2015, 18:45:50 pm »
Да, после секој ресет на ЕЦУ-то му треба добро газење за да се врати по старо...кај мене е така


И да е сток, потполно истото. Ремапот не игра улога, Self-adaptive алгоритмот во самото ECU прави да е тоа така. Скоро сите понови Bosch Motronic ја имаат оваа функција
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Чип тјунинг
« Одговори #109 на: 18 Јуни 2015, 18:51:30 pm »
Тогаш која е логиката да се мери на дино колата одма после ремапот?
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Чип тјунинг
« Одговори #110 на: 18 Јуни 2015, 19:08:53 pm »
Затоа што веднаш има добивка, но реалната слика е после 2-3 дена или 300-500км...Во секоја добра тунерска куќа треба повторно да си повикан на мерење после тие неколку дена/500км


Другар мој ремапираше Nissan 350Z...фабрички измерени 280кс, после ремап, 307...после 2 дена, 316...разлика се осеќа после два дена и во возење, и на дајно.
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Чип тјунинг
« Одговори #111 на: 18 Јуни 2015, 19:30:34 pm »
Не сум експерт за новите бош мотроници кои ги вградуваат VW и остали, ама кога не сте УПАТЕНИ НЕ КОМЕНТИРАЈТЕ од аспект на ЛОГИКА!!! Јас комплетно се сложувам со сВе што кажавте, ама праксата е друга! Што ако дел од параметрите (пр. бараниот БУСТ) после ремапирањето е прогресивен, или на некој начин self-learning поради заштита на самиот мотор, те. следење на однесувањето на моторот, греење, мисфајер, детонација, и што ти ја знам друго... Затоа пишете си email ако не ви се верува, и не трескајте од ѓутуре факти или логики... 

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Чип тјунинг
« Одговори #112 на: 18 Јуни 2015, 19:54:53 pm »
Што реков погоре друже тито?
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Чип тјунинг
« Одговори #113 на: 18 Јуни 2015, 19:58:28 pm »
Што реков погоре друже тито?
Пред мојот пасос заборавив, Фала Филип на разбирачка! :)

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Чип тјунинг
« Одговори #114 на: 18 Јуни 2015, 20:05:32 pm »
Нема проблем друже тито :)
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Чип тјунинг
« Одговори #115 на: 18 Јуни 2015, 20:08:05 pm »
Не сум експерт за новите бош мотроници кои ги вградуваат VW и остали, ама кога не сте УПАТЕНИ НЕ КОМЕНТИРАЈТЕ од аспект на ЛОГИКА!!! Јас комплетно се сложувам со сВе што кажавте, ама праксата е друга! Што ако дел од параметрите (пр. бараниот БУСТ) после ремапирањето е прогресивен, или на некој начин self-learning поради заштита на самиот мотор, те. следење на однесувањето на моторот, греење, мисфајер, детонација, и што ти ја знам друго... Затоа пишете си email ако не ви се верува, и не трескајте од ѓутуре факти или логики...  

Џем, никој не треска, туку дебатираме. Немораш агресивно да настапуваш.
Логика мора да постои. Во спротивно Е ке биде различно од м по це на квадрат, а не еднакво.
Параметрите кои ке се сменат после неколку извозени километри се минорни.
Да, точно е дека се возело по една мапа, сега моторот има друга, односно друго оптеретување и слично, но тоа е во граница, односно толеранција.

Моментот што го спомна околу self-learning е сосема ОК и тоа држи вода, но донекаде.

Имаш кола од 200 коња. Ја ремапираш и ја правиш 220, истото се покажува и на дино.
Практично колата ти е за 10% појака, колку ти тие 10% ке ги осетиш? Ке ги осетиш под одредени услови на одредени вртежи.
Опседнат со ремапот и начинот на кој ја возиш колата, по ремапирањето, додека ти не се навикнеш на новата мапа не ја приметуваш можеби разликата. Во тек на неколку дена, односно извозени 200 до ххх километри, ти се навикнуваш и практично директно ги осеќаш тие 10%.
Тоа кај колата го нарече  self-learning , а кај луѓето се вика адаптација или може да се толкува и како перцепција. Со перцепцијата на работата и однесувањето на моторот ти постепено ја осеќаш снагата.

Дино не е толку паметен, но затоа има можност да ги увиди промените во работата и однесувањето на моторот во истиот момент.
Или некој ден после  self-learning -от.

Мејлови немам намера да пишувам, пошто не планирам да правам овакви екскурзии во моментов, а кога ке решам тоа да го направам, да сигурно ке се распрашам за сите детали.


Сепак фала ви што споделувате овакви искуства и земате активно учество во дискусијата :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Чип тјунинг
« Одговори #116 на: 18 Јуни 2015, 21:21:52 pm »
Богами не сум сретнал во било кое ецу селф лрнинг мапа негде мада не сум некој цип тунер аматерски се замарам коа имам време.
Еве на пример во кое ецу со кој сн и хн на која адреса да ја барам? Ако занаеш кои офсети у колку бита во Хи или ло да ја барам уште бољи.
 

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Чип тјунинг
« Одговори #117 на: 18 Јуни 2015, 23:41:30 pm »
Sale, се разбирам многу повеќе од тебе во тјунинг особено во чиптјунинг, ама пак си ќутам за оваа тема... Сосема си во право ова што го збориш ама новиве бош мотороници се чудо... Друго е на стар мганети марели да извадиш епром и да ставиш нов со други параметри, каде што веднаш се менува лимитерот на притиоск(пр. од 1 на 1,4), бараниот притисок(пр. од 0.8 на 1.0), мапата на предпалење итн... АМА И ТОГАШ тој компјутер си има self-leaerning адаптација, особено во делот на горивото каде со помош на ламбдата одредува коефициент на делумно отворена гас (лер и ниски вртежи), па потоа при пуна гас коефициентот го множи (води) по мапата од чипот (oва го имам и практично приметено со ДЕФЕКТЕН МАП СЕНЗОР кој правеше грешка од 15%, но со помош на ламбдата успеа да ја дотера смесата идеално ( мерено на AEM WIDEBAND!)... Чим овие старудии од пред 20 години работат вака, кујзнае што се дешава со новава генерација...

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43706
  • Il Moderatore
Одг: Чип тјунинг
« Одговори #118 на: 19 Јуни 2015, 00:01:29 am »
Обично кога се прави ремап на дино, прво се ресетира ECU-то, се мери, потоа се ремапира (и твикува мапта неколку пати мерејќи на дино), до посакуваниот резултат, и на крај повторно се мери со ресетиран ECU. Значи и пред и по ремап, имаш ECU кое не започнало со селф лрнинг процедура, или е на почеток на истата. Разликата едноставно мора да се покаже на дајно.
Да се потсетиме за кој проблем дискутираме овдека:

Vcera bev kaj amel (tuning garage) i mi napravi remap. Procedurata bese okolu 40tina minuti.
Iako mislev deka za sekoe vozilo se pravi custom mapa , ne bilo taka. Si se zakaci on na revotechnik so ssvoj akaunt , spored modelot na voziloto i broj ecu simna mapa i go fleshirase ecuto. Posle toa so vcds izbrisa greskite ... i toa e toa..

Deneska detalno testirav i iskreno ne primekjam nikakva razlika. Ni vo zabrsuvanje nit vo snaga. Imav snimeno video zabrzuvanje od 180-210 od pred remapot. Denes snimiv istoto na istoto mesto i sporediv.
Bukvalno isto e.

Me interesira dali treba da pomine nekoe vreme dodeka pocne da se oseka remapot ili toa e toa.
Inaku deckoto bese fer i mi kaza deka vo rok od mesec dena ako ne sum zadovolen mi vrakja pari i ka vrakja kolata kako so si bila..


Јас се извинувам, неам навистина ни едно возило ремапирано до сега, моето искуство е нула, но ако јас како муштерија, се сретнам со проблемот по ремап да ми е исто, тогаш нешто не е добро и ќе барам враќање назад на фабричка мапа(и парите).

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Чип тјунинг
« Одговори #119 на: 19 Јуни 2015, 00:10:21 am »
Симо муабетот е дека можеби самата мапа е така подесена, те. со доза на безбедност да компјутерот постепено ги покачува зададените параметри.... Хинт, октанажа на горивото...
уште еден пример, голф мк5 1.4 122 тси на грчкиот бензин од кога се самонаучи на него после ремапот (абт дилер во Патра), колата корнеше... дојде во мк, помина 500-1000км, колата се смени тотално... и они истото го рекоа, дека треба време компјутерот целосно да се прилагоди...