Незнам дали се сеќавате, можеби оние малку постарите.
Своевремено во бивша Југославија имаше неколку фабрики за производство на гуми и производи од гума. Најголемите производители и фабрики беа на Сава во Крањ, Борово, Тигар и Трајал, можеби има уште некоја, ама не се сеќавам.
Во тоа време сите ги возеа овие гуми.
Временските услови беа идентични како и што се сега.
Колите ги знаеме кои беа и какви беа. Ниту системи за пролизгување, ниту ЕСП, ниту АБС ниту воздушни перници... И да не го разводнувам муабетот.
Тогаш немаше зимски и летни гуми.
Имаше ГУМИ.
И стварно беа гуми.
И да, се користеа ланци, во лоши зимски услови се разбира.
А сега се глумата за вакви гуми, онакви гуми незнам кави гуми и за какви услови, небаре на марс ке се одело...
Јас сум убеден дека тогашните инжињери биле 100 пати поспособни од овие денешниве. Видете само што све се градело и што све се произведувало во тоа време. А што денес?
Една соба со гипс картон да ја напарват, 10 работи ке ти оштетат него тоа што ке го направат.
Еве ги гумите на кои сите може само да им подзавидат и да им љубоморат.
Trayal T5
Tigar T505