Од лично искуство, препорачувам Nokian DR W3, сега се заменети со понова генерација. Лани на снеговите во Скопје во ниту еден момент не ме изневерија. На времето ги купив за нешто помалку од 100 евра по гума во димензија 205/55/16. Еве, петта година ќе се возат зимава, имаат едвај 15.000 км на нив до сега. Супер си се.
--
Е сега.. Меѓу добри и лоши гуми има објективна, мерлива разлика. Не мора да значи дека сите скапи гуми се добри, нити па да значи дека сите ефтини гуми се лоши. Меѓутоа, јас на тоа гледам вака - за да заштитам нешто што чини неколку илјади евра, ќе купам нешто што чини неколку стотици евра. Есапот за зимски гуми не е прескап, а добри зимски гуми се разликата меѓу застанување на време и купување нов браник, нови решетки и нови фарови. Да речеме.
На времето кога ги купував зимските гуми, се консултирав со Симо, и Симо ми рече - „ги купуваш гумите за најмалку следниве пет години. Дали разликата од вкупно 100-тина евра ти праи разлика гледано во рамки на следниве пет години?“
И апсолутно беше во право.