Автор Тема: Зимски гуми  (Прочитано 1657074 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18026
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #6270 на: 26 Септември 2017, 11:30:20 am »
Прашај ги овие 18ки што возат дали возиме во различна Македонија. :) Сезонски трошок исправање на бандажи.

Отсутен Боби

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 112
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #6271 на: 26 Септември 2017, 11:49:42 am »
Ај мала помош.Не разбирам дали е подобро да возиш 18 или 15 гуми? По моја логика пголемите 18-ки не пропаѓаат во дупки во кој лесно влегуваат 15-ки.Дали мојава логика е исправна?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11880
  • Архитект
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #6272 на: 26 Септември 2017, 11:57:16 am »
Една 18ка е 200е
Една 15ка е 50е.

Исто влегуваат во дупки. Затоа што дијаметарот на 18ка и 15 е ист. Различен е само бандажот.


Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20379
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #6273 на: 26 Септември 2017, 12:09:16 pm »
Прашај ги овие 18ки што возат дали возиме во различна Македонија. :) Сезонски трошок исправање на бандажи.

Ниеден другар со 18ки нема искривен бандаж, и не беше дискусијава за димензија вс димензија туку за алу вс челик.

Отсутен Боби

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 112
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #6274 на: 26 Септември 2017, 12:13:07 pm »
Ако цената е примарен критериум јас сум за челични со убави раткапни, :):):) Мани друго барем нема никој да посака да ги украде

Отсутен Боби

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 112
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #6275 на: 26 Септември 2017, 12:17:36 pm »
Има ли препорака за зимски гуми?
 185/65/15?
И за челични бандажи 4x108/15 ???

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #6276 на: 26 Септември 2017, 12:36:58 pm »
Ај мала помош.Не разбирам дали е подобро да возиш 18 или 15 гуми? По моја логика пголемите 18-ки не пропаѓаат во дупки во кој лесно влегуваат 15-ки.Дали мојава логика е исправна?

Ни случајно. Дијаметарот на тркалото е ист. Само волуменот кој е наменет да апсорбира дупки (гумата) е помал.


Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20379
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #6277 на: 26 Септември 2017, 12:38:32 pm »
Само што ако амортизацијата е дизајнирана како што треба ништо нема да ти смени 15 или 18.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3342
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #6278 на: 26 Септември 2017, 12:39:57 pm »
Во зимски услови, возилото се експлоатира во услови со зголемена влажност.

Дополнително патиштата содржат зголемена концентрација на сол, ситни камчиња, кал, снег, нечистотија.

Тркалата многу често се брцкаат во вирчиња во кои што има "раствор" од снег, песок, сол и нечистотоја. Доколку тркалото е загреано (заради интензивно кочење) и нагло се излади со таквиот "раствор", се јавуваат микро пукнатини во бојата во кои што влегува растворот. Со тек на време бојата ќе почне да матира, да се лупи или доколку бандажот е челичен ќе се појави и коризија.

Препорачливо е во зимски услови да се вози гума со што е можно повисок профил, со цел да се избеггнат оштетувањата што може да настанат од:
- возење во шини од разгазен и замрзнат снег, што може да предизвика странично оштетување на бандажот, пневматикот
- удари во дупки кои што се појавуваат во асфалтот заради навлегување на вода во пукнатини и замрзнување на водата. Истите дупки ги викаме "ударни дупки". При удар во истите најчесто ја даваме пцовката "Лееее бре улициве на што личат, коливе ги искршивме. Лопови маме им ебам". Овие дупки се појавуваат најчесто на места каде што претходно воопшто ги немало и на места каде што асфалтот е многу тенок и подлогата лоша, затоа што имало многу за делење кај тендерот.
- монтажа на ланци и слични помагала за возење на мраз или снег значително полесно ги оштетуваат бандажите

Заклучок
Заради неконвенционалните услови на експлоатација во зимски услови, бандажите полесно се оштетуваат.
Во таква ситуација, подобро е да се оштетуваат челичните отколку алуминиумските бандажи. Челичните се полесни и поефтини за корекција од естетска и механичка придода.

Многу е несоодветна споредбата од типот "брат јас возам 19инчни бандажи на зимски гуми, мука немаат џабе ќе зимаш челични". Повеќето од тие ликови што возакаат 19 инчни бандажи со 45 профил на гума, кога ќе падне снег колата ја оставаат на паркинг и идат со автобус или се шлепаат со другари и колеги. Ова е од мое лично искуство со такви ликови, немам намера да шибам у ребра никој од форумов.




Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30617
    • CARclub.mk
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #6279 на: 26 Септември 2017, 12:51:01 pm »
Се согласувам, со една забелешка - не е исто профил 45 на 205-ка и 225-ка, да речеме.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3342
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #6280 на: 26 Септември 2017, 12:52:49 pm »
Се согласувам, со една забелешка - не е исто профил 45 на 205-ка и 225-ка, да речеме.

Точно, ама мислев на пневматик со низок профил кој што е непрактичен да се вози на зимски сетап.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30617
    • CARclub.mk
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #6281 на: 26 Септември 2017, 14:32:34 pm »
„Низок профил“ е различно од кола до кола. Јас - за мене - не би рекол дека 45-ка е низок профил за гума со ширина над 205, но ете. :)

Како и да е, се разбираме.  Јас со задоволство би купил уште еден сет 17ки (дури барав челични, ама не успеав да најдам) пошто поубаво ми изгледаат. :)

Отсутен Боби

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 112
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #6282 на: 26 Септември 2017, 14:55:23 pm »

Има ли препорака за зимски гуми?
 185/65/15?
И за челични бандажи 4x108/15 ???
Марка? Модел?

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9521
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #6283 на: 26 Септември 2017, 15:01:43 pm »
Тигар Гуми, pazar3.com.mk челични

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #6284 на: 26 Септември 2017, 15:37:39 pm »

Има ли препорака за зимски гуми?
 185/65/15?
И за челични бандажи 4x108/15 ???
Марка? Модел?

 Stay tuned  ;D Утре планирам да ставам оглас тука ;)
Зини да ти кажу.