Импресиите се субјективни.
Гледам по тестови ги фалат и Yokohama W-Drive.
Јас имав Yokohama W.Drive V905 и искрено не бев задоволен на снег од нив.
Еве компарација. На едната кола тие гуми, на другата Tigar Winter1.
Yokohama-та лизгаше и се мачеше да го прерипа снегот. Со тигарот без проблем се јавна и снегот и се излезе од паркингот. Паркингот рамен, наврнат снег неколку цм. Баш пред некоја година, можеби 4 поминаа од тогаш.
Буквално со мачење ја вадев колата со јокохамата.
По мене тигарот испадна значително подобар во дадената ситуација.
Инаку е побучен каде каде и потврд од јокото. Јокохамата е доста мека и удобна, како и секоја зимска гума. Но искрено не би ја купил повторно. Би одел на друга варијанта.
И ако збориме за цена квалитет, да, јас би ги ставил Тигар како ефтина и одлична варијанта за зимска гума ако 95% се движите во градски услови. А и за на отворено сум немал никаков проблем.
Не викам дека нема подобри, но за цена од 12500 за 4 комада 205/55/16 не наоѓате.