Автор Тема: Зимски гуми  (Прочитано 1365472 пати)

Отсутен alekohrid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4830 на: 26 Октомври 2015, 23:11:37 pm »
можда и по втор пат го пишам ова ама ето пошо возам сава ескимо с3+ за на зима се супер гуми посебно за на снег за таа цена се најдобри, е сеа за воден пат неколку пати сум имал ситуации да бидам изневерен од гумата (сум ги преценил) знае да лизне, посебно ако е она свежо заврнато едноставно како да не и годи таков пат но ако ги возиш нормално нема да имаш никаков проблем ,и уште нешто јас ги возам и на лето на суво ама никаква забелешка досега поминати 22 000 км и ги сменив предните назад шарата напред беа нешто под 5 мм а назад нешто над 6 мм

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6190
  • 69
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4831 на: 26 Октомври 2015, 23:30:03 pm »
Импресиите се субјективни.
Гледам по тестови ги фалат и Yokohama W-Drive.
Јас имав Yokohama W.Drive V905  и искрено не бев задоволен на снег од нив.
Еве компарација. На едната кола тие гуми, на другата Tigar Winter1.
Yokohama-та лизгаше и се мачеше да го прерипа снегот. Со тигарот без проблем се јавна и снегот и се излезе од паркингот. Паркингот рамен, наврнат снег неколку цм. Баш пред некоја година, можеби 4 поминаа од тогаш.
Буквално со мачење ја вадев колата со јокохамата.
По мене тигарот испадна значително подобар во дадената ситуација.
Инаку е побучен каде каде и потврд од јокото. Јокохамата е доста мека и удобна, како и секоја зимска гума. Но искрено не би ја купил повторно. Би одел на друга варијанта.
И ако збориме за цена квалитет, да, јас би ги ставил Тигар како ефтина и одлична варијанта за зимска гума ако 95% се движите во градски услови. А и за на отворено сум немал никаков проблем.
Не викам дека нема подобри, но за цена од 12500 за 4 комада 205/55/16 не наоѓате.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Dimitar Sirgovski

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4832 на: 26 Октомври 2015, 23:48:41 pm »
Дечки што мислите за спортива зимски гуми? Има понуда од мотоцентар 195/50/15 za 29XX денари по гума.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4833 на: 26 Октомври 2015, 23:49:40 pm »
Барајте ги тестовите на гумите обавезно пред да купувате, таму си имате табела со производителите и моделите и оцени какви се перформансите на суво, влажно и мокро.

Барајте избалансирана гума за предвидената сума на пари, гума која е подеднакво добра на суво, влажно и снег.


Има гуми кои се доста добри на снег ама на влажно катастрофа или обратно. Таква гума не ви треба бидејќи безбедноста ви е многу намалена.


Некои пушуваат за бренд на гума со ниски перформанси кој имал шара со премиум гума и мислат дека тоа е супер.
  Перформансите не се ни приближно исти поради истата шара, битна е компонентата, смесата на гумата.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34157
  • Таков е животот... јебига
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4834 на: 26 Октомври 2015, 23:57:07 pm »
Аааааа, сега е веќе јасно.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3913
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4835 на: 27 Октомври 2015, 06:51:44 am »
...
Не викам дека нема подобри, но за цена од 12500 за 4 комада 205/55/16 не наоѓате.
11000, Nexen Winguard Snow G.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #4836 на: 27 Октомври 2015, 06:54:02 am »
За 1500 денара разлика не се мислам за тигарот пошто е каде каде над нексенот.

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6862
  • Бенве сие бенве
Одг:
« Одговори #4837 на: 27 Октомври 2015, 06:58:36 am »
На tyre reviews нексенот ги ставаат во поголема класа од тигар и останати брендови што се форсираат кај нас.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3913
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Одг:
« Одговори #4838 на: 27 Октомври 2015, 07:05:12 am »
За 1500 денара разлика не се мислам за тигарот пошто е каде каде над нексенот.
Ти ова сериозно?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6505
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4839 на: 27 Октомври 2015, 07:26:21 am »
Импресиите се субјективни.
Гледам по тестови ги фалат и Yokohama W-Drive.
Јас имав Yokohama W.Drive V905  и искрено не бев задоволен на снег од нив.
Еве компарација. На едната кола тие гуми, на другата Tigar Winter1.
Yokohama-та лизгаше и се мачеше да го прерипа снегот. Со тигарот без проблем се јавна и снегот и се излезе од паркингот. Паркингот рамен, наврнат снег неколку цм. Баш пред некоја година, можеби 4 поминаа од тогаш.
Буквално со мачење ја вадев колата со јокохамата.
По мене тигарот испадна значително подобар во дадената ситуација.
Инаку е побучен каде каде и потврд од јокото. Јокохамата е доста мека и удобна, како и секоја зимска гума. Но искрено не би ја купил повторно. Би одел на друга варијанта.
И ако збориме за цена квалитет, да, јас би ги ставил Тигар како ефтина и одлична варијанта за зимска гума ако 95% се движите во градски услови. А и за на отворено сум немал никаков проблем.
Не викам дека нема подобри, но за цена од 12500 за 4 комада 205/55/16 не наоѓате.

Сигурен си дека биле W905? Пошто јокохама се излезени овој модел од лани, претходниот ми се чини беше W902 или така нешто.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Одг: Одг:
« Одговори #4840 на: 27 Октомври 2015, 07:50:07 am »
За 1500 денара разлика не се мислам за тигарот пошто е каде каде над нексенот.
Ти ова сериозно?
Мртов сериозен, тигар винтера е многу добра гума за цената што се продава.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3913
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг:
« Одговори #4841 на: 27 Октомври 2015, 08:42:48 am »
За цената што се продава, ДА. Толку, и само толку.

Дека е подобра од Nexen, или било која друга гума од таа класа, не би рекол.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29794
    • CARclub.mk
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4842 на: 27 Октомври 2015, 08:53:20 am »
И јас потврдувам за Тигар Винтера. Јас ги возев на Леонот, во димензија 205/55/16 и беа одлични (во контекст на цената, секако).

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6190
  • 69
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4843 на: 27 Октомври 2015, 09:33:07 am »
Сигурен си дека биле W905? Пошто јокохама се излезени овој модел од лани, претходниот ми се чини беше W902 или така нешто.

Moжно е да беа и W902.
Морам да проверам по сликите коj модел беше точно.
Али дефинитивно полошо се справуваа со снежна покривка.

edit:
W903 биле гумите!
Не W905, ниту W902

Значи Yokohama W Drive W903
« Последно менување: 27 Октомври 2015, 09:47:34 am SaleSk »
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #4844 на: 27 Октомври 2015, 09:37:32 am »
Клабери, кога гледате тестови за зимски/летни гуми гледајте ги оние со димензии најблиску до вашата. Значи ако имате 195/65/15 не гледајте џабе 225/45/17.

Друга работа, еве јас да си ги препорачам Семперитот Спид Грип 2 во димензија 185/65/15. Пробани на снег, во град, на отворено, влажно :) суво ...за цената се одлични по мене. Некој проблем сум немал, меѓутоа колата се чувствува како различно се однесува во споредба со летните 215/45/17.