Ограничувањето треба да си остане 80 потшо равенката за кинетичка енергија не се менува со времето. Технологијата ќе ја трошиме на безбедност наместо за минимално скратување на времето на патување. На запад каде што се градат нови супермодерни патишта ограничувањата се слични како кај нас, така да остајте тие муабети.
Со оваа реченица се она што претходно го пишуваше значи дека зимските и летните гуми, како и сите безбедносни системи ке имаат минорна улога при возењето.
Затоа при нормално управување со возилата, и при возење според патното обележување и сигнализација, сообраќајните незгоди ке бидат сведени на минимум.
И во при управување на возилото по тие правила и прописи, ТИ, filipv, јас ти гарантирам дека нема да правиш никаква разлика дали возиш Корморан или Континентал пневматици.
Единствената разлика која ке ја увидиш е доколку возиш со поголема брзина од пропишаната, било да е лето или зимо и нормално доколку не ја прилагодиш според условите на патот.
Ако има снег од 10 цм и ако имаш зимски гуми и ограничување од 120, условите на патот не дозволуваат возење со 120, него нормално многу помалку од тоа. Многу од луѓето не се придржуваат на тие работи па затоа се случува тоа што се случува.
Да, технологијата оди напред, тоа е добро, но треба малку и технологијата во главата да оди, а не да заостанува...
Додека менував гуми се изнаслушав еден куп глупости кои ги изнакажаа не само тие што работат како менувачи, туку и од луѓе дојдени да менуваат. И се запрашав дали нешто со мене не е во ред, дали навистина постојат такви луѓе со такви убедувања, или пак навистина луѓево на целава оваа достапна литература, интернет, медиуми за информирање се толку необразувани...
Неколку постови поназад членовите @djidji и @Simo - Carrier166 фино си кажаа на кое ниво беше свеста на граѓаните во бившата држава, а на кое е сега во оваа вукојебина (за жал ова што е сеа МКД само така може да се нарече).
Тоа време, таа технологија, тоа знаење.
Ова време, оваа технологија, КОЕ знаење? Мизерија.
Треба да се засрамиме од самите себеси кога станува збор за сообраќајна култура.