^^
Значи сега ја позади савата ескимо S2, на неа имам само M+S oзнака, сеа тоа ни ваму, ни таму е ? Пролетна и есенска гума, ни зимска ни летна. 
Набрзинка изгуглав некој хрватски форум, таму викаат дека S2 е олсизн а S3 чисто зимска:
http://www.forum.hr/showthread.php?t=481385
Во глобала, ја лично од савата сум онака задоволен, сепак се работи за гума од понизок ранг. За разлика од трајалот кој на малку мокро веднаш губи грип и страв ми е да поминувам по мокра површина, савата е подобра од него каде каде.
Исто и на снег, добро се понаша, кај мене имам една стрмна нагорнина, пред 2 години пробав да се качувам по таа, и идеше нагоре без да шлајфува и слично, ама застанав да не се изместам пошто е доста стрмна нагорнина.
Исто и таткоми на зајчев рид на работа еднаш на снег 10-тина сантими ја качи, без ланци, без никаков додатен товар позади во гепек за да има тежина.
Ок гума како за ефтин бренд.
Еве ја савата после 8 години, уште малце 9 година ке почнат да тераат:
Задна лева

Задна десна

Еве ги гомната на предните тркала
Предна лева

Предна десна

И пред да ме осудите, да знам дека се комплет сите за менување, ама имам објаснето што и како, кога ке дочекам ја лично да имам своја кола и сам да ја одржавам, вака нема да биде.
Сега за сега, само напред треба да стави чале мој 2 половни корморанки, зимски со околу 5 мм шара, од 2010 година, некој колега ги возел, па му ги дал за беспари, ама еве го уште ги става. Ако ги стави, баш ке видам како тие ке се однесуваат зимава и на влажен коловоз.