Автор Тема: Зимски гуми  (Прочитано 1322791 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #15 на: 15 Декември 2010, 18:06:48 pm »
Челични тешко да најдеш, барем во добра состојба. Јас кога барав за Леонот за да ставам на нив зимски гуми, све што најдов беше измавано до бесвест, дури ни со исправување не сум сигурен дека ќе беа добри.

Можам да ти препорачам и Тигар Винтера. Одлична гума, земав јас за Леонот, и презадоволен сум.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #16 на: 15 Декември 2010, 19:36:43 pm »
А каква конфигурација на шрафови има Леонот?
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #17 на: 15 Декември 2010, 20:46:55 pm »
И јас ти советувам за земеш Сава или нешто слично. Не му мења многу многу ако не искача од Скопје, а за на снег сите ги фалат.

Челични види по огласиве, половни или нови сеедно.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #18 на: 15 Декември 2010, 21:29:15 pm »
Леонот има 5x100. За офсетот не сум сигурен, мислам ET38.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #19 на: 15 Декември 2010, 22:55:09 pm »
Благодарам на одговорите, деновиве ќе одам и ќе испазарам гуми Сава.

Ај уште ова, кажете каде да гледам солидни и не многу скапи нови алуминиумски бандажи за мојата Мазда и за на стариот Аурис-от?
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #20 на: 16 Декември 2010, 02:43:14 am »
Thumbs up за Sava Eskimo! Мада, малце попретпазливо на тазе врнат дожд, пошто мене ме лизгаа во таква ситуација. Али за тие пари, и тек како вршат работа. За челични, дефинитивно види по огласи, гарант ќе се најде нешто. Брат ми за Леонот најде на пазар3, одлично сочувани, малтене за беспари. Не дека бившиот газда не се заеба со цената, али јбг, падна договор :)
Од бандажи, зависи кон што целиш. Во Пнеуматик може сеуште да начекаш нешто на попуст (OZ, Alessio, можда уште некои), по прилично прифатливи цени, нормално во зависност од моделот и големината. Ја откај нив ги земав OZ Ultraleggera, негде пролетоска, со некои 30% попуст. Вреди да погледнеш и во Stop&Go, имаат MAK бандажи, што воопшто не се лоши. Некои дури ептен добро личат... На пример, тие што се копии на OZ :)
Не би сакал да кобам некого, али од мое лично искуство, НЕ би ги препорачал Benelux Tuning. Си имам мои причини, кои ме мрзи во моментов да ги споделувам, пошто е 20 до 3 :) Можеби само ја си имам непријатно искуство, али истото е повеќе од доволно да нејќам уште еднаш да им влезам у продавница.
Типчето на ќошот кај Јосип Броз, накај АМСМ коа се иде, имаше Kosei, што се одлични бандажи, ама мислам дека малце им ја имаше надувано цената. Не знам како стои со избор и цени во поскоро време, али на почеток на годинава, беше замашно скап.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #21 на: 16 Декември 2010, 07:59:53 am »
Добро е да се споделат искуствата со останатите, се со цел и некој друг да не се зезнe. Па ако можеш накусо прераскажи. Инаку, на стариот ништо не му значи ОЗ, Енкеи, Алесио и слично. Нему му требаат фелните од технички аспект, т.е. да не треба да се зае*ава со вадење, ставање и балансирање на гуми на фелните секоја сезона. Многу поедноставно е само да ги смениш тркалата.

Во тојота челични фелни коштаат по 60 евра, а за 100 евра се купуваат афтермаркет алуминиумски фелни. Па бидејќи алуминиумските се полесни, да не збориме дека се поубави бидјеќи тоа не му е битно, наместо челик ќе земеме алуминиум.

Во мојот случај е малку поразлично. Битен ми е изгледот, но не се палам на брендот. Битно ми е да не се само некој чкарт па да се искриват или скршат за брзо.

BTW, каде се наоѓа Stop & Go?
« Последно менување: 16 Декември 2010, 08:26:39 am gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #22 на: 16 Декември 2010, 08:57:52 am »
Stop & Gо се одма после Тојота салонот, не по алеата на импортерите, него накај семафорот што се двои патот за накај Визбегово/Приштина и касарна Илинден.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #23 на: 16 Декември 2010, 21:58:16 pm »
Завршив работа. Му купив Sava Eskimo и сум многу позитивно импресиониран. Поготово затоа што имав можност на овие услови да направам директна споредба меѓу постоечките Brigestone Potenza и новите. Со старите ми беше страв да притиснам на гас. Тркалата шлајфуваа не само при тргнување од место, туку и во возење со минимални брзини (под 40km/h). Од страв држев растојание од возилото пред мене, случајно да не се бакнеме.

Откако ги заменив гумите, приказната се смени дијаметрално. Нема шлајфување, нема пролизгување. Како да не е подмрзнато и како да нема снег. Да не претерам, ама некако возењето со Аурисот ми изгледаше постабилно од возењето со Маздата по истите улици и услови со Michelin Alpin PA3 со иста димензија 195/65R15 возени само една сезона. Маздата понекогаш знае и да пролизга при акселерација во возење. Или можеби тоа е затоа што моторот е помоќен па повеќе повлекува.

Во секој случај Sava Eskimo се покажа како одлична гума за почеток. Ќе видиме каква ќе биде по две-три години.

Дечки, благодарам на препораките.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #24 на: 16 Декември 2010, 22:24:30 pm »
Ај честито нека е. Кога ќе ги монтираш бандашите, стави некоја слика. :)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #25 на: 16 Декември 2010, 22:37:39 pm »
Бандашите нема да ги монтирам до пролет. 15-ките ги нема на лагер, ќе стигнат за месец дена. Утре ќе ги земам 16-ките и ќе направам некоја фотка. Инаку земавме и гуми за колега(Dunlop не знам што модел 185/65R14) и пазарев за мене летни Michelin Primacy 205/55R16, т.е. вкупно 1800 евра роба и ми дадоа многу добри цени. Всушност бандажите иако се OZ ми доаѓаат неверојатно ефтино со 50% попуст, 900 евра двата комплета или вкупно 8 парчиња. Наводно, OZ чистел стар лагер и на распродажба ги ставил актуелните модели (од веб страницата). Савините гуми ги земав по 3200 денари парче, а за моите Мишелин се договорив да ги земам на пролет кога ќе му стигнат тазе од 2011.

Инаку некои од бандажите кои ги имаа дечките од каде пазарев, ги видов во новиот авто-козметички салон CARNER, карши Гоце Делчев студентскиот дом. 16-ките како моите се 17000 денари парче, а Савините гуми 4030 денари од гума. Им кажав што ми треба се и им побарав попуст, според нив со 10% попуст истите работи излезе 2700 и кусур евра. WTF?
« Последно менување: 16 Декември 2010, 22:39:47 pm gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #26 на: 19 Декември 2010, 13:52:09 pm »
ме интересира дали некој има искуство со hankook зимски гуми, летните што ги имам сега се одлични, ама за зимските немам никакво искуство, се мислам помеѓу Sava и Hankook

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #27 на: 19 Декември 2010, 14:30:13 pm »
За парите кои ќе ги дадеш нема подобра гума од Сава-та. Деновиве зборнав со повеќе луѓе (колеги на работа) и сите кои имаат ставено сава се презадоволни. Мислам дека нема да забележиш разлика во перформанси меѓу савата и ханкукот, само што ќе потрошиш многу повеќе пари на ханкук.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #28 на: 19 Декември 2010, 14:41:30 pm »
Не знам, њемциве не ги туриле у тестови... Мене па никад не ми ни паднале на памет, за зимски гуми... Имам разбрано дека се малце превише пластични, што не мора да биде вистина, туку едноставно ширење муабет. Башка, појма неам ни кои модели ги носат кај нас :) Еве ти неколку линкови, па кога ќе можеш, раскопај, види што мисли народ за нив. Моја лична препорака ти е, да си направиш комбинација од резултатите на adac.de и од tyrereviews.co.uk, па сам да си дојдеш до заклучок. Јас на тој принцип ги земав летните Continental.

Еве линкчиња:
http://tyrereviews.co.uk/Tyre/Hankook/Icebear-W440.htm

http://tyrereviews.co.uk/Tyre/Hankook/Winter-i-cept-evo.htm

http://tyrereviews.co.uk/Tyre/Hankook/Icebear-W300.htm

http://tyrereviews.co.uk/Tyre/Vredestein/Icetrac.htm (овие можда би биле Оооооодвратно скапи! Али не знам, не сум прашал, така да, да не испадне дека ширам муабет :) )

Мој најрилајабл сорс оф информејшн, пошто ипак се „З Џрмнс“ :) :
http://www.adac.de/infotestrat/tests/reifen/winterreifen/2010_Winterreifen_Test_225_45_R17.aspx?ComponentId=40334&SourcePageId=31821

http://www.adac.de/infotestrat/tests/reifen/winterreifen/2010_Winterreifen_Test_185_65_R15.aspx?ComponentId=40327&SourcePageId=31821

За потешкотии во преводот на зборчињата горе во табелата, хепа Македонче, хепа Гугл Транслејт :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #29 на: 20 Декември 2010, 10:52:13 am »
Јас од зимкси гуми сум имал: Dunlop, Semeperit, Nokian, Hankook i можам да ти кажам дека имаат исти перформанси на снег, сите се неспособни на мраз (нула тракција на мраз) и повеќето се лоши за на асфалт и вода. Мислам дека Nokian нуди најдобар однос вложено/добиено, најевтини беа, најмалку ми се трошеа.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need