Автор Тема: Зимски гуми  (Прочитано 1322796 пати)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #45 на: 12 Јануари 2011, 16:30:45 pm »
А за ланци, ни ја не сум љубител... Мада лани живот ми спасија на Стража :) Слој мраз, врз тоа, слој снег, -10 степена и ветер... И уште поише, најлошата можна гума што некад се појавила на Земјава т.е. Dunlop SP (ахем) "Sport" 2050m (фабричка гума кај Лансер, и понекоја Мазда)... Комбинација снова... И уште со батеријата закачена онака рударски, учевме како се ставаат ланци :D Гуд тајмс :D
Не се сеќавам точно кога беше лани, ама знам дека времето беше многу добро во тек на неделата и за викендот паднаа снегови на стража. Имаше огромна колона на возила и претежно немаа ланци. Меѓу нив и јас и женами која беше бремена. Чекавме да дојдат камионите со песок и снег па да расчистат. И така по некое време се придвиживме до стража каде си купивме ланци од Лук Оил. Лук Оил се шинаа од продавање ланци. Гужва и снег имаше до Гостивар.

Ваљда во истиот период сме се погодиле. Згора на се, и јас бев со срање гуми Dunlop SP10.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #46 на: 12 Јануари 2011, 16:57:06 pm »
Што се толку лоши тие Dunlop?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #47 на: 13 Јануари 2011, 01:01:49 am »
А за ланци, ни ја не сум љубител... Мада лани живот ми спасија на Стража :) Слој мраз, врз тоа, слој снег, -10 степена и ветер... И уште поише, најлошата можна гума што некад се појавила на Земјава т.е. Dunlop SP (ахем) "Sport" 2050m (фабричка гума кај Лансер, и понекоја Мазда)... Комбинација снова... И уште со батеријата закачена онака рударски, учевме како се ставаат ланци :D Гуд тајмс :D
Не се сеќавам точно кога беше лани, ама знам дека времето беше многу добро во тек на неделата и за викендот паднаа снегови на стража. Имаше огромна колона на возила и претежно немаа ланци. Меѓу нив и јас и женами која беше бремена. Чекавме да дојдат камионите со песок и снег па да расчистат. И така по некое време се придвиживме до стража каде си купивме ланци од Лук Оил. Лук Оил се шинаа од продавање ланци. Гужва и снег имаше до Гостивар.

Ваљда во истиот период сме се погодиле. Згора на се, и јас бев со срање гуми Dunlop SP10.

Да да да!! Тотално!! Апла истиот период сме се погодиле! Пошто Охрид и Струга беа живи мераци за викендот, а на враќање (на 2ри мислам дека беше) снегот и остали зимски палавковци на Стража и тек како утепаа сообраќај...

@LosiPatista: Не знам за Dunlop SP10, ама Dunlop SP Sport 2050m какви што имав јас на Лансерот, се жив очај, беда и ужас! Ни на крвник, ни на душман не би му ги препорачал... Моиве имаа така-така држење на суво, на влажно - боље и да ги немаш, комфор - ич, абење - троа поише, поготово со оглед на тоа што колава не беше возена многу во почетниот период. За ЅР10 не знам, немам искуство со нив. Само знам дека откако ги сменив гумите и бандажите, колата буквално ми се препороди. И премногу ми е мило за тоа :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #48 на: 13 Јануари 2011, 08:15:29 am »
Значи почна и Данлоп шкарт гуми да прави.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #49 на: 13 Јануари 2011, 09:07:59 am »
Моите беа добри само на дожд, ваљда затоа што наводно имале каучук. На суво беа ко да имаш стара изабена летна гума, а на зима беа како тврда пластика. На снег не сакаш да излезеш со нив. Наводно "all season" приказна. Кога ги купував немав доволно пари за да си дозволам добри летни и уште еден пар зимски, па направив глупост што поверував дека постојат гуми и за лето и за зима.
Потоа ги сменив со Мишелин Енерџи Сејвер и ко да имав ново возило. Едно беше мекоста, друго возните својства, а трето бучавата.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #50 на: 13 Јануари 2011, 09:10:56 am »
Кој модел на Dunlop ги имаше Гојдо?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #51 на: 13 Јануари 2011, 10:06:13 am »
SP10
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #52 на: 14 Јануари 2011, 12:19:34 pm »
Јас си купив Fulda Kristall Montero 2. Прекрасна зимска гума, мека ко путер. Сега ми е потивка колата на нерамнини и коцка. Некни кога заврна снег во Скопје сабајлето се ратурив од возење низ Скопје. За кочење беа прекрасни. За стартување троа послабо.
Ова ми беше прва година со зимски гуми на Спаркот. Не сум пишман што ги платив по 2400 денари парче 155/7- р13

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #53 на: 14 Јануари 2011, 13:55:03 pm »
Значи почна и Данлоп шкарт гуми да прави.

Имаат лоши модели. И јас ги возев тие SP Sport 2050 мислам. Не задоволува гумата.

Али затоа зимските Wintersport 3D се одлични, тие во моментов ги имам на Акордот и супер задоволен сум овие 2 години, и пред тоа една зима на претходниот беа.

Мислам дека и некои по спортски летни гуми имаат што се солидни, али немам искуство.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #54 на: 14 Јануари 2011, 14:11:37 pm »
Jaс ги имав WinterSport2d i SP01 и двете беа добри, не одлични, туку добри.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #55 на: 14 Јануари 2011, 19:47:35 pm »
Како знаеш дали гумата е одлична или добра? Имаш толку добра апаратура и акцелерометар од рангот над 10.000 евра за прецизно да измериш која гума пружа поголем отпор или оцени преку трајноста?

Лошо искуство со зимски гуми имав пред две години со гумите на мерцедесот R350. Гумите беа Нокиан. Се слушаше некое чудно зуење и се вратив кај сервисот од кај ги земав (после краток пат Скопје-Штип). Кога ја извадија предната лева да ја проверат, гумата на средина од внатрешната страна имаше пукнатина колку што е целиот обем на гумата. Ми ги заменија сите 4, но ми ставија Континентал TS-800 (мислам дека беа 800 ili 810) со мала доплата.

Освен тоа не сум имал лошо искуство со зимски гуми, зошто кога е зима и ладно, особено кога е снежно или има песок и сол на патиштата возам особено внимателно бидејќи и кочниците се помалку ефикасни на ладно. Не сум ни дозволил да имам лошо искуство. И да чукнам во дрво до сега не сум имал невољи.

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #56 на: 18 Јануари 2011, 08:36:10 am »
Е зајадливоста на форумот ме вади од памет. Ако некој овде е влезен за провокации нека го смени форумот,а ако е толку стручен нека направи свој форум.

Јас одприлика во мај купив 4 нови BF Goodrich g-Grip 195/60/15, па поради тоа што сум презадоволен од нив купив исто така 4 нови зимски BF Goodrich g-force winter 185/65/15. За гумите можам да кажам само пофални зборови. Одлични и на снег и на мраз за релативно прифатлива цена и воопшто не ме интересира кој каде на какви тестови што пишувал или кажувал за овие или оние гуми. Нашиот стандард се знае и поради тоа јас се раководам според односот квалитет/цена т.е. она што можам финансиски да го издржам, а воедно да не е најевтината гума...
« Последно менување: 18 Јануари 2011, 08:41:34 am proff »
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #57 на: 18 Јануари 2011, 08:59:45 am »
Зимската гума има таков состав што се прилепува на нмогу мазни површини (мраз).
Има разлика и тоа забележителна.. Но тоа не е доволно за да може комотно да се вози на чист мраз. На чист мраз најдобро се однесува паркирана гума.

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #58 на: 18 Јануари 2011, 09:09:55 am »
Таман работа ако возиме не мраз. Никој тоа не го рече. Но, посебно е лошо кога над мраз заврнал снег. Е тогаш единствено добра гума ќе ти овозможи да тргнеш со возилото, а за возење над мраз или кочење не постои таква комерцијална гума. Не џабе рекле прилагоди ја брзината спрема условите на патот...
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Зимски гуми?
« Одговори #59 на: 18 Јануари 2011, 09:37:02 am »
Зимските гуми и мрзот може да одат заедно само тогаш кога не очекуваш некаде да има мраз и си изненаден. Е тогаш кога си препуштен на инерцијата, добра зимска гума може да ти помогне ама маргинално.
За возење на мраз има Studded гуми. Не знам како да преведам на македонски ама тоа се оние гуми со шилци и боцки што стрчат од нив. Вакви гуи сеуште немам видено некој кај нас да има. Ама и тоа е разбирливо со оглед на тоа колку често имаме снег и мраз на поднебјево :)